Знам за еден зет (реткост е зетот да не се погодува со бабата и дедото) кој ги сметаше родителите на жената за сељаци (а луѓето беа ас граждани), и не само што тој не доаѓаше, туку ни на жената не и дозволуваше да доаѓа кај нив.
.
Имав еден школски од основно кој направи таква монументална глупост со потенцијалните баба и дедо.
Не знам од кои причини во него се затреска една девојка која беше од угледна и многу богата фамилија, и не само тоа туку и двајцата родители се златни луѓе кои ги познавам лично покрај еден сват.
Типов беше класичен сељак, малку арогантен, доста бучен со ограничени погледи кон светот.
Ќерката на овие беше просек девојка и на изглед и на интелект, но сепак за овој копуков измислена.
Случкава ми ја кажуваше сватот и останав подзинет еден пола саат за тоа какви не се можат да бидат луѓето.
Школкиов со девојкава беа во врска извесен период (година можеби) и сега девојкава ептен затрескана за овој.
Пошто врскава добила посериозни размери и почнале да коваат некои заеднички планови за иднина, родителите на девојката со најдобра намера и рекле да го покани дома да се запознаат кога веќе се решиле за такво нешто и дека не и се мешаат во изборот без разлика кој е дечкото.
И оваа го поспремала сељо по костум, и се упатиле кај нејзините кои живеат во една од поелитните населби во градот.
Влегле кај нив дома, седнале на маса и почнале да раговараат општи муабети за запознавање.
И школскиов како од топ ги прекинал гласно и почнал да ги кажува условите.
Ќе ја земам ќерка ви само ако ми го дадете станот таму и таму, купите нова кола, ми купите дуќан и ми дадате 20 евра да отворам бутик за алишта.
Овие се подиспулиле под око, ќррката брзнала во плач оти овај уште невлезени ја посрал работата, му туриле една пијачка да се смират и со тешко срце откако го испратиле несудениот зет и рекле дека не и се мешаат во приватниот живот, ама за овој ќе направат исклучок.