ке, ки и ќе, ќи

  • Креатор на темата Креатор на темата ldtr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
Возраст
54
1. Цепенков:
cepenkov.png

"девојќи", "турцќи", "асќер", "Ѓоргиа"

2. Конески решил во туѓите зборови да се пишува
ќ, ѓ пред е: ќемер, ќебап, ќебе, ќелав, шеќер, бериќет;
к, г пред и: Кирил, Киро, кибрит, килим, кир, кирија, кираџија, Шакир, Бекир, гибам, гиди.

3.
Тапетарот Петар, исправи ме, ако ќилим се пишува со "К", а не со "Ќ".

=> к и ќ се изговараат исто пред е, и?
 
Можеби и не е прашањето дали к или ќ ....... , туку прашањето да се постави дали ке (ќе) правиме ортодоксен или флексибилен јазик ? Обично од желба да се биде чист и изворен , се игнорираат природните надградби!
Искуства во светот има и такви и инакви .
 
Прво: се мисли на стандардниот јазик? Ако е така, не гледам во што е дилемата и зошто воопшто се цитира Цепенков?
Потоа (одговор на прашањето под 3): Изговорот на „ќ“ е „ќ“ во сите случаи, а на „ѓ“ е „ѓ“ исто така - во сите случаи, без разлика пред која самогласка се наоѓаат (нели уште во основно не учеа дека изговараме така како што пишуваме). Единствено: „ќ“ не се пишува пред самогласката „и“ кај туѓи зборови (кибрит, килим, килибар...), а „ѓ“ не се пишува пред самогласката „е“ во туѓи зборови (ангел, генерал, Германија...). ;) (затоа и нема пример за туѓ збор каде „ѓ“ се пишува пред „е“ во воведниот пост, (иако е напоменато дека наводно според Конески „ќ“ и „ѓ“ се пишувале пред „е“ и „и“ во туѓи зборови) - таков НЕ ПОСТОИ)
 
Прво: се мисли на стандардниот јазик? Ако е така, не гледам во што е дилемата и зошто воопшто се цитира Цепенков?
И на стандардниот јазик, и на дијалектите.
Потоа (одговор на прашањето под 3): Изговорот на „ќ“ е „ќ“ во сите случаи, а на „ѓ“ е „ѓ“ исто така - во сите случаи, без разлика пред која самогласка се наоѓаат (нели уште во основно не учеа дека изговараме така како што пишуваме). Единствено: „ќ“ не се пишува пред самогласката „и“ кај туѓи зборови (кибрит, килим, килибар...), а „ѓ“ не се пишува пред самогласката „е“ во туѓи зборови (ангел, генерал, Германија...).
Значи сепак изговорот е „ќибрит“, „ќилим“, „ќилибар“, „анѓел“, „ѓенерал“, „Ѓерманија“?
(затоа и нема пример за туѓ збор каде „ѓ“ се пишува пред „е“ во воведниот пост, (иако е напоменато дека наводно според Конески „ќ“ и „ѓ“ се пишувале пред „е“ и „и“ во туѓи зборови) - таков НЕ ПОСТОИ)
ее, има: http://www.makedonski.info/search/ѓе

P.S. Nemanitius i Zlatikevitius :гик:
 
И на стандардниот јазик, и на дијалектите.
За дијалектите не дискутирам, секој е посебен случај, на некој начин - јазик сам за себе. Во стандардниот јазик сепак има правила од кои ретко има отстапки, а со секоја отстапка оди објаснување за причините за отстапувањето. Овде немаме такви случаи.
Значи сепак изговорот е „ќибрит“, „ќилим“, „ќилибар“, „анѓел“, „ѓенерал“, „Ѓерманија“?
Не. Изговорот на секој македонски збор е исто онака како што е напишан. Значи не е „ќибрит“, „ќилим“, „ќилибар“, „анѓел“, „ѓенерал“, „Ѓерманија“, туку е „кибрит“, „килим“, „килибар“, „ангел“, „генерал“, „Германија“. Реков - секој дијалект е приказна за себе. Ова се однесува само на стандардниот јазик.
Нема. Зборуваме за стандардна употреба на странски зборови и изрази, како што е во примерите „генерал“, „ангел“, „Германија“, а не за дијалектни зборови (со нестандардна употреба), како што е твојот пример, или како „ѓезве“ или „ѓезме“. ;)
Не сфатив, ај пак? :rolleyes:
 
Сеа според твојов муабет моево презиме .......иќ треба со к да го изговарам ?
 
Ова сега ко вицот во Радио Прилеп кога поканиле некој лингвист и почнале објаснувања дека не е куЈЧа туку куЌа, не е сваЈЧа туку сваЌа...и се јавил некој гледач, водителот нормално прашал кој е на телефон и типот:
ТраЌе на телефон, да ви ‘бам живите!

Мене ме заинтересира азбукава, нешто се сеќавам дека имаше дискусија во друга тема, ама не е лошо да потсетат упатените
cepenkov.png
Дијалектов некоја мешавина од Охрид до Велес, коренот :)
 
Дијалектов некоја мешавина од Охрид до Велес, коренот :)
Баш така - има особености и од прилепско, и од Порече и кичевско, и од Дебарца и охридско. Не дека којзнае колку се разбирам од дијалектите (Дијалектологија ми беше еден од најлесно поминатите испити на факултет :P ) ама ова навистина не можам со сигурност да познаам од каде е. :)
 
По македонски ми стегна кец заради ова куќа или ко шо викет охрид куЈКа .... ја по струшки си прочитав куЧа а таа ми вика тоа е куЈКа а не куЧа .... па и реков куЧа е и внатре имат Чебиња и Чилимчиња
 
Па не е ќ туку е ч ( ћ ) а секаде сте ме пишале со ќ овде во мк :facepalm:
Ова е друга тема! Значи вака. Во македонскиот јазик фонемата „ќ“ е еквивалент на српското „ћ“ [МНОГУ ВАЖНО: Српското „ћ“ (=„ć“ - на латиница) не е „ч“, туку српското „ч“(=„č“ -на латиница) е „ч“] иако има особеност која нејзиниот изговор го прави уникатен, па затоа македонското „ќ“ звучи поразлично (помеко) од српското „ћ“. За да биде појасна сликата, би можеле да го прикажеме истото на следниов начин: доколку го земеме изговорот на македонските „ќ“ и „ч“ како основа, гласот „ћ“ од српскиот јазик би бил алофон глас, модифицирано „ќ“, односно глас измеѓу „ќ“ и „ч“. Бидејќи таков глас во нашиот јазик не постои, а ние мораме да ги предадеме некако странските имиња, постои дел од правописот на македонскиот јазик кој се занимава со таа тематика - транскрипција на туѓи имиња. Во тој дел, јасно стои дека српското „ћ“ во македонскиот јазик се транскрибира со „ќ“. Пр. Тодоровић = Тодоровиќ. ;) Нормално - се изговара исто како што се пишува: Тодоровиќ, а не Тодоровић, Тодорович, или Тодоровик. ;)
 
-ītius > -ić во српскохрватскиот јазик (првиот одговор е на Nemanjići)
-ītius > -ičius во литванскиот јазик (вториот одговор е на Zlatikevičius)
ОК, и? (Немој да мислиш дека те тролам или дека се шегувам на твоја сметка, само навистина не сфаќам како моето корисничко име е поврзано со наставката -itius, а уште помалку - како е поврзано со Немањиќ??? И која е алката која сето ова го поврзува со темата???)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom