Стари домашни-семејни работи

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Само ако дојдеш домазет кај мене у село :P Ама пази ќе мора и на нива да одиш не само да пиеш! Домаќин човек барам! :LOL::ROFLMAO:
Аааа ќе дојдеш снаа у мојто село.... Не се секирај, земјоделец сам јас, неам страх од работа...Тука не наваѓаш поголем домаќин од мене... :)
Ај бељата, не сте на селска чешма или кооперација, си има наслов темава
--- надополнето: 28 април 2013 во 21:06 ---
Море ти ќе дојдеш, тато единка не дава у друго село :LOL:
--- надополнето: 28 април 2013 во 21:04 ---

ЦЦЦ како што тргнало ќе се омажам на форумов и се тоа за старата ракија :)
КУМ ДА НЕ ТРЕБА
 
Море ти ќе дојдеш, тато единка не дава у друго село :LOL:

Јас ќе си напраам маабет со татко ти, за тава ич да не се секираш.. После 15 минути сам ќе те понуде да дојдеш за мен... :):):)


Он Топик...

Остен, Грбна пумпа за прскајне, самар, амут и узди... :)
--- надополнето: 28 април 2013 во 21:10 ---
КУМ ДА НЕ ТРЕБА

Стар си за кум... :)
За кум го спремам Windfucker
 
Јас ќе си напраам маабет со татко ти, за тава ич да не се секираш.. После 15 минути сам ќе те понуде да дојдеш за мен... :):):)


Он Топик...

Остен, Грбна пумпа за прскајне, самар, амут и узди... :)
--- надополнето: 28 април 2013 во 21:10 ---


Стар си за кум... :)
За кум го спремам Windfucker
Договорено...Имам јас рогозини за чеиз дома. И ќе ви купам по еден таблет со невестата да ве личи на тракторот качени.
 
Не се давај толку ефтино, прво да ти вети дека ќе му бидеш црногорски кум :pipi:
Луки е македонски традиционалист и не можам тоа да му го направам и покрај тоа што изгледа атрактивно на аватарот идната невеста. Невиноста на невестата ќе треба сам да ја земе.
 
Читам околу ракијата..
Имам и јас, само не закопано туку чувана во буре 15 години и од 40 литри сега има 14. Ставена во шишиња и мислам дека се чува за мојта свадба :D
Башка, ракија неќам ни да помирисам, така да не знам кој ќе ми ја пие :)
 
Луки е македонски традиционалист и не можам тоа да му го направам и покрај тоа што изгледа атрактивно на аватарот идната невеста. Невиноста на невестата ќе треба сам да ја земе.
Ако го најде момакот што и ја одзел невиноста,па и него да го земе....инаку не гледам како пологично може да се дешифрира болдираната реченица.:)
 
Море ти ќе дојдеш, тато единка не дава у друго село :LOL:

Моме, заебанција на страна, подомаќин од Луки навистина нема да најдеш. А по аватарот гледам дека си негов тип. Тој само од ВИкторијас Сикрет се разбира.
 
Дома имаме крст од Манастирот Бигорски кој бил како дар за дедо ми уште пред да се роди, во 1926... Исто и машина за шиење, веројатно постара од 100 години, ај ќе ги сликнам деновиве.
 
На темата:
Успеав да ги земам сите ткаени прекривки на мама, тоа е од нејзиниот чеиз. Се’ е рачно правено: од памукот или свилата (од свлена буба), испредено, исфарбано, исткаено, сошиено.

Имам и Библија на бугарски што била на прадедо ми. Имав и стари пари, од ен знам која краљевина.

Имав многу мерак по ковчезите на баба, ама дедо не ги даваше.
 
Имам и јас бочви во подрум, огромни стаклени, од страните со слама (ваљда). Имам и еден куп книги од СФРЈ, од оние со дебели сини корици, во неколку тома се, и плус уште 2 повеќе со фотографии, едната е цела за болеста, смртта и погребот на Тито. Двете ги имам скроз прочитано и многу пати разгледувано, тие другите се многу ситно напишани и ептен се големи, ме мрзи до толку да се замарам :D Баба ми вика, на времето еден куп пари дала за тие книги, и не дава ни под точка разно да се фрлат :D
 
Имам во визба стара касела(ковчег) за алишта чување од 1908 година
 
Прегледај го приврзокот 62976 овие две ламби на „гасеѓе“ - по скопски (инаку петролеј или газје или шпиритус или ...)
се во нашиот поранешен дом(на моите родители)од кога знам за себе,а сега се кај мене.Се сеќавам уште дека во месеците по земјотресот често знаеше да снема струја - пак по скопски(инаку електрична енергија) па јас понекогаш домашните сум ги пишувал седнат на маса со една од овие запалени ламби пред мене.Инаку местото им беше на ѕидот,а огледалото позади пламеникот служи да дава дупла-уф и ова по скопски (инаку секако треба двојна или дополнителна) светлина.
Сега ама баш денес,купив и едно литро петролеј и едната успешно ја запалив,а другата многу чади и при тоа присетувај ќи се на изминатиот мој живот а секако и на мустаците на дедо ми Мино.
--------------------------------
Кој се вашите стари домашни-семејни предмети од вашите предци а кои се уште ги чувате дома.
Ти коа палиш петролеј ти текнува на мустаците на дедо ти Мино?:вонзем:
 
Ти коа палиш петролеј ти текнува на мустаците на дедо ти Мино?:вонзем:
ДА - затоа што тој почина 65 година,дали сакаш и фотографија и ти да ги видиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom