Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ

се во нашиот поранешен дом(на моите родители)од кога знам за себе,а сега се кај мене.Се сеќавам уште дека во месеците по земјотресот често знаеше да снема струја - пак по скопски(инаку електрична енергија) па јас понекогаш домашните сум ги пишувал седнат на маса со една од овие запалени ламби пред мене.Инаку местото им беше на ѕидот,а огледалото позади пламеникот служи да дава дупла-уф и ова по скопски (инаку секако треба двојна или дополнителна) светлина.
Сега ама баш денес,купив и едно литро петролеј и едната успешно ја запалив,а другата многу чади и при тоа присетувај ќи се на изминатиот мој живот а секако и на мустаците на дедо ми Мино.
--------------------------------
Кој се вашите стари домашни-семејни предмети од вашите предци а кои се уште ги чувате дома.