Суперегзотични имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Indigo
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа бегаме од фашисти, нели? :)

Зошто фашисти?Што има лошо во тоа да си го браниш сопствениот идентитет?Австријците не ти доаѓаат во твој двор да ти кажуваат што да правиш и како.Што е одлика на фашизмот.Во нивна држава, си, ќе ги почитуваш нивните обичаи и ќе го научиш нивниот јазик.Не ти бранат они да се движиш во нивната држава и без тоа, ама повеќе ако сакаш да добиеш од нив нема.
 
Како не ти кажуваат што да правиш? Ти диктираат како да крстиш нешто што излегло од тебе...
 
Дај олабави го човекот, кај виде дека не му се допаѓаат традиционалните имиња. Јасно е дека иде темата на заебанција, ама никој до сега не се потсмеваше со нив. Дури во ниеден пост не се ни споменати, твојот е прв таков :D.

И Срна не е традиционално македонско име.:)

Мене искрено да ти кажам, Македонија не ми е истетовирана на срцето.Донекаде и не ме интересира.Но ме нервира оној тренд што започна кај нас, морал да го крсти Лука зошто не му се допаѓало името Петко.И мене на пример името Швајнштајгер (Оној што се качува на свињи) не ми се допаѓа, па гледаш ги боли на пример Германците дали тебе ти се допаѓа или не ти се допаѓа.
--- надополнето: 27 април 2013 во 21:57 ---
Како не ти кажуваат што да правиш? Ти диктираат како да крстиш нешто што излегло од тебе...

Ти ништо не прекрстуваш.Ако си човек од туѓа националност ќе ти дадат да се крстиш и во Бандини.Тоа на никој не му пречи.Ама бара од тебе кога си на негово тло да го почитуваш неговото име, јазик, и култура.Ако тоа не го почитуваш за него си персона нон грата.И не го интересира.
 
Болдираното ми е и повеќе од јасно, знаеш и самиот. ;) Значи на крај пак испадна дека можеш да си го крстиш детето како што сакаш... Е не знаев дека тамошните жители не смеат(?) да си ги крштеваат децата со „странски“ имиња.
 
Да, ако си припадник на друг етникум и сакаш да си го крстиш детето со некое палестинско име, Германците тоа нема да ти го забранат.Ама на просечен Германец и Австриец не би му дошло на памет тоа да го стори.Само на нас, нормално, затоа сме најзатупената вукојебина дваесет години по ред.Нема ни да се осмелат да постават вакви прашања од типот на: „зошто ти било вакво името, било селско име и не можам да сфатам какви се тие луѓе што си го крстиле детето така.“
 
Мене искрено да ти кажам, Македонија не ми е истетовирана на срцето.Донекаде и не ме интересира.Но ме нервира оној тренд што започна кај нас, морал да го крсти Лука зошто не му се допаѓало името Петко.И мене на пример името Швајнштајгер (Оној што се качува на свињи) не ми се допаѓа, па гледаш ги боли на пример Германците дали тебе ти се допаѓа или не ти се допаѓа.
.
Добра си е поентата, само зборот ми е дека никој не се потсмеваше со тоа (барем засега, за некоја страна веројатно ќе биде и тоа па технички ќе испаднеш во право :D).

Мене ми е сеедно кој како ќе си го крсти детето, тоа си е лична работа. Само добронамерен совет пред да го направат тоа да се сетат дека порано или покасно ќе треба да си го викаат детето од тераса. На цел глас :D.
 
има и традиционални добри имиња на пример Столе, Кирил, Методиј, Павле, Јован, Тони, ама па трајче на ништо не личи
Јас колку што знам таквите имиња имаат некаква симболика на пример Трајче ги крстеле детето бидејќи им умирале машките деца предходно а исто и името Стојан , затоа можеби луѓето си имале мака и тие имиња им се дадени ...
 
Да, ако си припадник на друг етникум и сакаш да си го крстиш детето со некое палестинско име, Германците тоа нема да ти го забранат.Ама на просечен Германец и Австриец не би му дошло на памет тоа да го стори.Само на нас, нормално, затоа сме најзатупената вукојебина дваесет години по ред.Нема ни да се осмелат да постават вакви прашања од типот на: „зошто ти било вакво името, било селско име и не можам да сфатам какви се тие луѓе што си го крстиле детето така.“

Пак било до нацијата. Демек само ние имаме маани а во Германија и Австрија животот е совршен. Имам 16 години и чисто ме интересира ШТО им текнало на родителите така да ги крстат децата, така невообичаено. Реткото (најчесто глупо) име не доделува уникатен карактер и особини.
 
Животот на ниту едно место не е совршен.Ама во Германија и во Австрија е далеку подобар од Македонија.Што им текнало, тоа се имиња кои потекнуваат уште од средновековието, кај нас е таква традицијата, кај Јужните Словени.Името „Вук“ (Волк) на пример е име кое потекнува од средновековието (и тоа не е христијанско туку паганско), и најчесто во Србија на пример биле оние луѓе крстени кај кои биле најголем број на смртни случаи забележани кај нивните новороденчиња.Самото име се верувало дека ќе ги штити понатаму другите кои ќе се родат во таа фамилија каде биле застапени голем број на смртни случаи кај новороденчињата, и тоа од смрт, болести и слично.Тоа се имиња кои имаат длабоки корења кај нас, и не треба да се срамиш од идентитетот.Кај нас на пример ова име Вук го нема, ама ти го давам чисто како пример зошто сепак Србите се Јужни Словени како нас.
 
Еве уште едно егзотично женско име инспирирано од user-нејмот на еден член.
ПАСКАЛИЈА.
 
Велина,Солза,Леника,Фабрика :pos:(без заебанција има една),Наталина,Розалинда.....
Срна е ок име.....сум запознал неколку низ мојов живот не ми е ни малку чудно.

Од машките Трактор,Тито,Ленин,Рубинчо,Јон...
eeee ima li itakvi maski iminja?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom