Јавната казна не ја измислија муслиманите во 7ми век. Спалување на клади, јавно бесење или јавно отсекување на главата се практикувало со векови и векови пред појавата на Исламот. Дури и распнувањето што го вршеле Римјаните било за истата цел, за добро да му ја мислат другите злосторници, бунтовници, зелоти и да не им текне пак да прават грев и да се бунтуваат. Евреите практикувале групно каменување на прељубниците, хомосексуалците итн па сепак тие зла не се искорениле. Ниту Римското распнување не ги спречила бунтовниците да се бунтуваат. Ниту спалувањата, ниту бесењата не успеале да ги искоренат тие зла. Зошто мислиш дека исламските сечења на раце ќе ги искоренат тие зла?
Ако не настане трансформација на срцето, залудно на човек раце и нозе ќе му сечеш, срцето и понатаму ќе му остане покварено.