Потписи за намалени струја и парно
понеделник, 22 октомври 2012, 15:16
Пратениците замолкнаа пред иницијативата на граѓанската АМАН за измени во Законот за енергетика. Власта и опозицијата не сакаа да дискутираат за скапите парно и струја, спорните правилници на Регулаторна, новите сметки за граѓаните за услуги кои не ги користат. Преставниците на АМАН низ некои комисии ја правдаа иницијативата за референдум – сите пратеници со гласање потврдија дека првите 100 граѓани им се законски потпишани. Според законот ќе следува новата фаза – неопходни се 10 илјади потписи.
“Бевме поттикнати од зголемувањето на струјата и на парното и од незаконските правилници“ - изјави Зорица Димовска од граѓанската иницијатива АМАН.
Измените во Законот за енергетика предвидуваат три часа дневна евтина тарифа за струјата, можност граѓаните да се исклучат од парното на Топлификација, да се укинат сметките за греење за граѓаните кои не се корисници на парно – со тоа да се спречат правилниците на Регулаторна.
Со оглед дека не им се зборуваше за иницијативата, по излагањето на преставничката на АМАН, на пратениците им остана да заклучат дека ќе го известат претседателот на парламентот дека првата фаза од 100 потписи е завршена.
Трајко Велјановски, според процедурата ќе ја извести Државната комисија, која пак ќе отвори места за собирање на потписи цела држава – граѓаните ќе имаат рок од три месеци да се потпишат за поевтини струја и парно.
Извор: Алфа ТВ