Па има луѓе кои одат голи на плажа на пример - но ете имаме закон да не одиме голи бидејќи тоа било срамно и не знам што.
Секогаш законите (правните) го штитат неспособниот - што е работата не знам!
Бидејќи ти се палиш на Исус... и на евреите и стариот завет(ако веруваме на сказната):
Човекот на почетокот бил гол ама змијата го излагала дека е срамота тоа и почнал да се облекува заради незнаење... И богот кога прашал каде се тие рекле дека се кријат од СРАМ бидејќи биле голи... И ете ги надвор од Едемската градина. Ти понатаму изгради си размисла од ова.
Од друга страна муслиманите пак не сакаат соблекување бидејќи така едниот пол ќе го потикнува на блуд другиот... Заради нивната неможност да си ги контролираат нагоните, даваат секакви „логични“ објаснувања... ЛУДОСТ
Gurdjieff Лудост... се бориш на страна на луди забрани на луѓе кои не знаат да бидат луѓе!
Голотијата е природно нешто и ако некој друг збеснува кога ќе види гол човек - до голиот е или до расипаниот ум на облечениот?
Значи - секој има право да мисли по своја волја (ете како ти што правиш) и секој има право да се облекува како му е волја, макар и да му е волја гол да оди