Болки во градите

Значи никогаш до сега немам пушено цигари и активно играм фудбал, значи активно си спортувам и тие болки ги немам у моментот кога сум физички по активен. 'ми се може' ќе го пробам тоа со медот и комбухата, а 'грегор' не ми се допаѓа баш идејата за посетување на психијатар.. Инаку болките се некако како боцкање, на левата страна може да има и некако стегање.. не можам убаво да ги објаснам тие болки важно ко ги чувствувам ви велам - како светот да ми се руши.
 
Другар нема ништо срамно во одење на психијатар многу луѓе идат чисто за муабет, напротив дури и да не е проблемот психолошки би ти го препорачал чисто ради животни лекции и интересни работи што ќе ги спознаеш таму. На запад редовно се иде на психолог еднаш на 3–4 месеци. Иначе и ја би ти препорачал да направиш алерготест , и имам уште една претпоставка језда многу е long shot ама ако си правел операција и имаш некое странски тело(метална шипка) или сл. може да ти преставува проблем на смена на времињата а зима пролет е нај-нагла промена .
 
Ме немат правено операција, а и не верувам дека е поради некоја алергија. Инаку најверојатно е поради нервозата и стресот што го доживувам секогаш кога ќе излезам поради потењето.. баш и од тогаш кога почна потењето пред 3 години почнаа и болките во градите. За потењето сум коментирал во друга тема што е за прекумерно потење ама можно е овие две рабити кај мене да се поврзани, му го кажав тоа и на докторот што ми правеше ЕХО и ми вика дека потењето е најнормален процес дури и подобро е да се потеш повеќе оти ги отстрануваш непотребните материи од организмот и ми вика дека никаде потењето нема да ми го прифатат како болест т.е дека тоа не е болест. Иако му кажав и дека у зимо се потам во некои стресни ситуации главно под пазуви, дланки, стопала ми вика да немам гајле за тоа и да не се нервирам непотребно.
 
Тогаш убаво разгледај ја темава, бидејќи очигледно проблемот е психички, а не физички. И навистина нема ништо лошо во тоа да посетиш психијатар или психолог, чисто да поразговараш. Прекумерното потење често се јавува невротски, а и овие симптоми кои ги наведе, така што мислам дека сепак најдобро е да со консултираш со некој кој би можел да ти помогне. Штом не е физички, единствено стручно лице кое би можело да ти помогне е она што го избегнуваш. Навистина нема ништо срамно ниту погрешно во консултацијата со психолог, ете, ако не сакаш да одиш на психијатар.
 
'грегор' не ми се допаѓа баш идејата за посетување на психијатар.. Инаку болките се некако како боцкање, на левата страна може да има и некако стегање.. не можам убаво да ги објаснам тие болки важно ко ги чувствувам ви велам - како светот да ми се руши.

Зошто да не посетиш?

Психијатарот ќе поразговара со тебе, ќе одлучи дали да ти направи некои тестови или да ти даде терапија или совет како да го надминеш проблемот.

Не идат само луди на психијатар, не се секирај! Тука менталитетот ни е смешен, дури и нивната професија е потценета, но за тоа друг пат.
 
Neurosis cordis - се вика болеста на која се жалите.
Кога бев млад и јас страдав од оваа болест, а мислам дека сите во одреден перид на животот страдаат од истава болест. За среќа не е опасна и не е потребна било каква медицинска интервенција - сама поминува.
Еве што најдов
http://www.stetoskop.info/Nervoza-srca-Neurosis-cordis-762-c29-sickness.htm
Нервоза на срцето (Neurosis cordis)
Сите болови и маки во регионот на срцето не потекнуваат од срцеви болести во вистинска смисла на зборот, како што е, срцев дефект или слабост. Во голем број на случаи, овие болки и болести потекнуваат од абнормална состојба на вегетативниот нервен систем.
Секој дел од телото е под влијание на вегетативниот нервен систем, вклучувајќи го и срцето и други крвни садови. Задачата на нервниот систем е да се усогласат за функционирањето на сите органи и делови од телото. Автономниот нервен систем се состои од два вида на нерви: вагус и симпатикус, дејствувајќи спротивниот еден со друг. Ако поради некои нарушувања се случува со еден од овие системи станат посилни, тие можат да во функционирањето на некои органи направат многу значајна промена. Срцето и крвните садови се особено ранливи на ефектите од вагус и симпатикус. Срцето и крвните садови функционира нормално само ако дејството на овие нерви е рамномерно. Во овој случај, крвните садови и да реагираат нормално на надворешни влијанија, замор, вознемиреност, итн Инаку, срцето и крвните садови можат реагираат ненормално.
Причината за ова
Се верува дека во повеќето случаи улогата е наследна и уставни фактори, тоа е, некои луѓе се склони кон сите видови на болести, како што беа, од раѓање. Тоа се случува со нервоза на срцето се јавува по некои инфективни болести, и е познато да играат важна улога тутун и алкохол. Повеќе не постои било каков сомнеж дека појавата на оваа болест е многу силно погодени од ментална повреда, ментални напори, несреќа, војна, страв, итн Овој ефект станува особено изразен за време на пубертетот и менопауза.
Клиничката слика

Основни значи дека пациентот се жали дека болката во своето срце, останување без здив и срцебиење. Болката е особено нагласена на врвот на срцето (на висина на брадавица), и врши независно од телесни стрес. Дишење нарушување е повеќе субјективно чувство на пациентите, тоа е често не се забележуваат никакви промени или во длабочина или на стапката на дишење. Срцева работа може да е малку забрзана и може да стане и нерамномерна.
Дијагноза
Испитување не може да се утврди какви било промени во срцето, крвниот притисок е нормален, и тоа исто така може да биде намален или покачен. Овие пациенти обично нервозни, чувствителни, и не е редок случај појава тресење рацете. Понекогаш температурата е малку покачена.
Третман
Важно е дека овие пациенти умираат ментално и да се убедат дека нивната болест не е од сериозна природа. Притоа, се разбира, лекарите и роднини да бидат внимателни да не ја изгубат довербата на пациентите, инаку никаков третман не е потребен.
 
И јас едвај дишев посебно на почетокот кога ми се појави,кај мене не беше некоја болка туку како да ми притискат 10 цигли врз градниот кош. Чуствував како да ми снемува воздух и нон стоп вдишував длабоко како ненормален на 2 минути.....

Почнав да одам во теретана,почнав со кардио,растегнување и посебно за гради ама не да се напнувам.
Јас се чуствувам многу по добро,ама пак чат пат знае да се јаве тоа чуство.
 
Добро е сега во последните 5-6 дена немам почувствувано така поголеми болки само од време на време и кога ќе почнат тие болки пијам од тие апчиња anti-stress и болката поминува не знам дали од апчињата или од самата психа. Најверојатно проблемот сам си го создавам, од својата психа, но најголем проблем е што тоа не сакам и неможам да го прифатам. Кога ќе доживеам некој поголем стрес сигурен сум дека ќе ми се вратат тие болки и се ќе се сје*a. :)
 
Пиши составот на тие анти стрес лекови тука. :icon_lol:
 
Не гарантирам дека 100% е исто со моето искуство ама јас како млад имав слични болки , додуше незнам со кој интензитет се кај тебе , во средна возраст се беше ОК и сега на 50 и некоја пак почнаа , дијагнозата беше дека составната коска , чашката се нагмечува (потиска ) поради стареење на скелетот . Наравоучение болката во младоста ми била од начинот на развивање на скелетот ! Е сега не значи дека и кај тебе е истото ама може да биде. Ова е само едно од можните објаснувања!
 
Не знам веќе што да мислам, главата ме заболува кога помислам на тоа.. само се молам да не ме болат:)
 
И јас едвај дишев посебно на почетокот кога ми се појави,кај мене не беше некоја болка туку како да ми притискат 10 цигли врз градниот кош. Чуствував како да ми снемува воздух и нон стоп вдишував длабоко како ненормален на 2 минути.....

Почнав да одам во теретана,почнав со кардио,растегнување и посебно за гради ама не да се напнувам.
Јас се чуствувам многу по добро,ама пак чат пат знае да се јаве тоа чуство.
Истото и мене ми беше и истото и јас почнав да го правам и исто и јас се чуствувам многу подобро.:)
 
Не знам веќе што да мислам, главата ме заболува кога помислам на тоа.. само се молам да не ме болат:)

според она што го прочитав тебе ти е на психичка база проблемот. Можеби на почетокот имало некоја од веќе споменатите причини, и си станал свесен за таа болка толку многу што доколку ја немаш се плашиш дека ќе ти се појави и со тоа психички ја предизвикуваш и се така во круг. Ако си речеш дека ништо не ти е, и ако осетиш пак таква тегоба едноставно игнорирај ја и убедувај се дека ништо не ти е ќе видиш како сите симптоми ќе исчезнат. Слушај го ова од некој што го поминал ова, јас со таа психа успеав и да го излажам мозокот дека ќе ослепам, и навистина изгубив вид на едното око. Среќа беше привремено. Сакам да кажам дека психата е неверојатно моќна работа и може да предизвика секакви симптоми ако премногу се опседнуваш. Доколку не ти оди од рака сам да ги тргнеш тие мисли, пробај со спорт, со некоја активност, па дури и да појдеш на психијатар е подобро отколку да се измачуваш прашувајќи се што ти е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom