ВИДЕО: Америка во шок, Бостон во крв!

  • Креатор на темата Креатор на темата Muranyi
  • Време на започнување Време на започнување

Како што може да се промени името на групата кога сакаш.
Често се чудам кога сум лајкувала нешто. Сум лајкувала едно нешто, кое меѓувремено станало друго нешто.

Ништо ново.
 
Па
Па то стварно требало да се убие :pos:

fail-mk-cheshka-amerikanski-idiotizam.png
tumblr_inline_mlmc74HRSD1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmbwaN3xE1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmbvo7ROW1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmc9y3mY81qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmcbwpHkd1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmcfzvtZC1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmc8dC9IL1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmcayaIBr1qz4rgp.png
tumblr_inline_mlmc92ciXC1qz4rgp.png

tumblr_inline_mlmc7seAOM1qz4rgp.png

Извор - вода студена.
 
Најголем пропуст на демократскиот систем на земјата е што не овозможија рамноправни и фер преговори со двајцата Чеси и не им овозможија автобуско извлекување од локацијата, со автобуси од трета страна (северно-корејски на пример).
Ја мислев дека Америка е демократска земја, ама ова убиство при апсење, ме потсеќа на некои минати времиња зад железната завеса.:(

Се надевам дека барем нашите невладини организации, кои од секогаш го носеле факелот на демократичноста и слободарството, јавно ќе го регистрираат овој флагрантен пробив на демократските стандарди, во земјата која толку вложува во ширење на демократијата низ сите агли на светот.
Најчевска, Милчин и останатите активисти, подржани од пријателите од исламската заедница, верувам секој момент ќе започнат со штрајк со глад пред амбасадата на САД.
 
Ова кога Русија правеше инвазија во Грузија, а на англиски е Georgia, а имаат и таква сојузна држава па овие од американскава држава дигале паника пишувале по нет каде се тенковите на русите каде да се движат што да прават, ништо не гледале, нит експлозии слушале, праќале мејлови по CNN и остали медиумски куќи ...

images
 
A ние од основно имаме светска географија и главен град на Малезија, Пакистан, Зимбабве и Јамајка.Пак да викате не ни чинел образовниот систем :гик:
 
Како што може да се промени името на групата кога сакаш.
Често се чудам кога сум лајкувала нешто. Сум лајкувала едно нешто, кое меѓувремено станало друго нешто.

Ништо ново.

Насловот може да се промени,но датумот како може? Ако е така како што велиш ти..
 
Насловот може да се промени,но датумот како може? Ако е така како што велиш ти..

Оф леле.
На пример, сега во 12 и 28 сабајле отворам група наречена ,,Мојот хрчак,,.
Утре во 4 поручек има масакр на Бит Пазар.
И јас во 5 го менувам насловот на мојата група во Солидарност до жртвите од масакрот кај Бит Пазар.

Испаѓа дека сум ја отворила групата помош за жртвите, во време кога масакрот сеуште не се случил :)
 
МОЖЕ ЛИ ДА ОСУДУВАМЕ ЗА БОСТОН, А ДА ГИ ПРОСТИМЕ ЖРТВИТЕ ОД НАШИТЕ ВОЈНИ?


Уште од нападите на маратонот во Бостон, нешто ме мачи. Се обидов да го игнорирам, ама не можам. Па, можеби неразумно, решив да пишувам за тоа.
off.net.mk-42066.jpg


Ние Американците оправдано сме гневни на нападите во Бостон, кои убија тројца невини луѓе и ранија многу повеќе. Меѓутоа во последните 12 години, нашата нација уби и осакати илјадници невини луѓе додека извршуваше воени операции во Ирак, Авганистан и Пакистан. Процените за жртвите на војната се злогласно несигурни и секогаш треба да се гледаат со доза скептицизам. Меѓутоа според угледната група Iraq Body Count, помеѓу 2003-та и 2011-та коалицијата предводена од САД, во Ирак убила 14.906 цивили од кои најмалку 1.201 се деца.
Овие убиства продолжуваат. На 8-ми април Њујорк Тајмс објави дека во американски воздушен напад во Авганистан биле убиени најмалку 10 деца а 5 жени биле ранети. Инцидентот не беше ниту во важни вести, не беше на насловната страна на Тајмс, туку на 8-ма страна, бидејќи ваквите инциденти се чести. Како може да ги осудиме убиствата во Бостон, а да ги оправдаме убиствата на цивили од наши војници во воените зони?
Еден од очигледните изговори е дека за разлика од бомбашите во Бостон, американските пилоти немаат намера да повредат цивили. Нивната мета се талибанските команданти. Војската на САД не сака да убива цивили и често се извинува кога тоа ќе се случи. Намерата е важна и морално и легално, намерата е она што ја прави разликата од убиство до убиство без умисла. Меѓутоа ако нешто постојано го повторуваш и повторуваш, а во исто време се извинуваш и објаснуваш дека не си имал намера, тоа станува безначајно. Нели?
САД очигледно има двојни стандарди за осуда на убиствата на цивилите, ама не е само тоа дека американските животи ги цениме повеќе отколку не-американските животи. Ај за секунда да кажеме дека бостонскиот бомбаш, кој е од Чеченија, се криеше во куќа со цивили меѓу кои и членови на неговото семејство. Дали полицијата ќе побараше авионски напад врз куќата во која е сместен бомбашот, заедно со сите останати во објектот? Секако дека не. Полицијата ќе направеше се што може за да ги заштити животите на цивилите во куќата - тука вклучувајќи го и животот на бомбашот.
Полицијата ќе се обиде жив да го фати бомбашот за да може да ги изведе пред суд. Ако тој не може да си дозволи адвокат, САД дури и ќе му платеше адвокат. Дури и масовните убијци ги добиваат сите бенефиции од нашиот правен систем, што покажува каква голема цивилизација, во најдобра смисла на зборот, сме ние. (За потребите на овој текст, го игнорирам третманот на затворениците во Гвантанамо.)
Меѓутоа размислете за оваа иронија: Кон убијците на деца во САД се однесуваме со многу повеќе внимание и грижа, отколку кон децата во Авганистан и останатите воени зони. Ние го оправдуваме убиството на цивили од страна на американски војници велејќи дека во војна се случуваат лоши работи - како војната да е чума или природна несреќа, за која не сме ние одговорни. Убиството на невини луѓе непростливо, без разлика дали живеат во Бостон или во Авганистан. Терористите и криминалците и пореметени манијаци убиваат цивили. Цивилизирана нација не убива. Ниту пак треба. Никогаш.
John Horgan,
Scientific American


Извор: http://off.net.mk/vesti/razno/mozhe-li-da-gi-osudime-ubistvata-vo-boston-da-si-prostime-shto-bombardirame-civili
 
Оф леле.
На пример, сега во 12 и 28 сабајле отворам група наречена ,,Мојот хрчак,,.
Утре во 4 поручек има масакр на Бит Пазар.
И јас во 5 го менувам насловот на мојата група во Солидарност до жртвите од масакрот кај Бит Пазар.

Испаѓа дека сум ја отворила групата помош за жртвите, во време кога масакрот сеуште не се случил :)


Добро,, a ти навистина мислиш дека чеченците стојат позади овој напад? А иначе нападот да беше во Москва немаше да се чудам, а што се однесува за нападите во Бостон, незнам што да кажам кој стои позади ова,но сигурен сум дека зад ова стои нешто друго,инаку и јас не верувам во теориите на заговор,ама логиката не ми дава дека позади ова стои чеченците, а ако велиш Ал-Каеда,исто и тие не стојат позади ова,макар што и тие се амерички пиуни, јас сум сигурен дека сакат нешто да се прикрие , едноставно да се обрне вниманието на светот. Инаку ево чеченците изјавија дека не стојат позади овој напад..

Бунтовниците од Кавказ негираат дека се поврзани со нападите на Бостонскиот маратон
Муслиманските бунтовници од руската република Дагестан денеска отфрлија каква било поврзаност со бомбашките напади на Бостонскиот маратон, за кои се осомничени двајца браќа, со потекло од Чеченија


Командата на муџахедините од Вилает Дагестан објавува дека борците од Кавказ не водат никакви воени активности против САД. Се бориме единствено против Русија, која е одговорна за окупација на Кавказ и за монструозни злосторства против муслимани, објави сајтот „Kavkacentar.com, кој го користат бунтовниците.
Американските медиуми претходно објавија дека ФБИ разгледува можна врска меѓу двајцата осомничени браќата Џохар и Тамерлан Царнаев со движењето од Кавказ предводено од Доку Умаров.
Руските власти објавија дека извршиле проверка на браќата со бунтовниците, но дека засега не е откриени никакви врски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=17248

?????????? :unsure:

Значи оставнува овие варијанти:
1- Да се обрне вниманието на светот заради глобалната економска криза,
2- Или пак нешто озбилно се крои од страна на ЦИА,Илуминати,масони или што и да се...
3- И што е најважно?-Муслиманите немаат корист од овие терористички напади, а инаку од овие напади има корист само САД и никој друг,за да бидат легитимни и идните империјалистички војни пред светот..
 
Дечко, не одлепувај.
Фејсбук видеото е глупост.
Не спомнав јас никакви чеченци, грузијци и авганистанци.
Океј?
 
Дечко, не одлепувај.
Фејсбук видеото е глупост.
Не спомнав јас никакви чеченци, грузијци и авганистанци.
Океј?


Добро де јас не реков нешто контра, туку се нервирам од некои коментари кога се прикажуваат американците како невини жртви и ангели. А од друга страна сите заборават што се случуваше пред неколку години во Ирак,Авганистан,Југославија,Либија итн, токму баш заради американските крвопијци..
 
Добро де јас не реков нешто контра, туку се нервирам од некои коментари кога се прикажуваат американците како невини жртви и ангели. А од друга страна сите заборават што се случуваше пред неколку години во Ирак,Авганистан,Југославија,Либија итн, токму баш заради американските крвопијци..
Океј, со друг тој муабет.
Јас што имам да ти кажам - ти кажав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom