[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Toлку од бурекот. Секоја чест за форумџиите што учествуваа во натпреварот и направија бурек, сега е ред да гласаме :pipi:
 
Олимпија

Многу убав рецепт во духот на велигденскиот пост.

Ќе ве рипам јас оваа недела.
 
Олимпија Еден добронамерен совет, може во духот на Велигден да се прескокне оброк со месо овојпат.
Јас лично не постам, ама има многу луѓе што постат.
 
Ништо и од заедничкото готвење со Лигеја, демек постови владеат па не сме во можност да конзумираме месо. Дајте нешто полесно многу работа ова селсково. :sneaky:
 
Јас не постам, јас ќе си готвам месо :)

Ништо и од заедничкото готвење со Лигеја, демек постови владеат па не сме во можност да конзумираме месо. Дајте нешто полесно многу работа ова селсково. :sneaky:
Демек друго ако ти дадат ќе го зготвиш, исто ко шпагетите:pos:
 
Јас не постам, јас ќе си готвам месо :)
Жено ти зготви месо, к'сни си и сликај го подготвеното.
Ќе ти се најде сликата за после Велигден :love:
--- надополнето: 23 април 2013 во 09:37 ---
Олимпија Еден добронамерен совет, може во духот на Велигден да се прескокне оброк со месо овојпат.
Јас лично не постам, ама има многу луѓе што постат.
Олимпија

Многу убав рецепт во духот на велигденскиот пост.

Ќе ве рипам јас оваа недела.
Бидејќи се Велигденски пости, ќе готвиме селско месо после Велигден.
Забелешката се прифаќа, овие две недели до Велигден ќе готвиме посно :pipi:
Рецепт за оваа недела ќе биде посен десерт

Медено срце
Потребни состојки:
- 1 шоља шеќер (со онаа со која ќе почнете да мерите, со таа продолжете (за кафе, млеко...))
- 2 шољи брашно
- 1 пакетче пециво
- половина ќесиче цимет
- 3 лажици какао
- 3 лажици зејтин
- 5 лажици мармалад (или мед)
- 1 шоља кисела вода
- 1 пакетче ванилин шеќер (по желба)

за глазура:
- 100 гр чоколадо за готвење
- 7 лажици зејтин
- 4 лажици вода

Подготовка:
Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса. Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно. Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени. За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги. Глазурата прелијте ја врз испечениот колач. Исечете на коцки и ставете го колачот во фрижидер да се олади, а потоа уживајте во него.
medenosrce7.jpg

П.С Колачот можете да го печете и во калапи за мафини :pipi:

Спасе супата, Лигеја и Pillow Queen вратете се у кујна, засукајте ракави и да видиме шо сте напраиле.
И Ilumious да не се праи на Тошо околу темава :icon_lol:
 
Аааа, браво за променава! Ем релативно полесно и попристапно за готвење, ем посно!
Знам дека заебав за бурекот, ама се приклучувам кон овој натпревар! :)

До кога имаме време? До недела?
 
Аааа, браво за променава! Ем релативно полесно и попристапно за готвење, ем посно!
Знам дека заебав за бурекот, ама се приклучувам кон овој натпревар! :)

До кога имаме време? До недела?
До понеделник готвиме медено срце :D
 
Do moderatorot...Dali moze ovie denovi da postiram slika od Mantii so meso?...koj probal znae.Nieden Burek(osven Sarajevskiot) ne moze da se nosat so niv...Mozam da postiram od net sliki ali sakam od home production.
 
Ти зготви, сликај и зачувај сликите. Ко ќе готвиме мантии тогаш ќе ставиш слики.
А ако имаш желба да споделиш рецепт пиши во Секакви рецепти или во оваа.
Сликите искористи ги во фотографии од храна :pipi:
 
Подготовка:
Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса. Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно. Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени. За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги. Глазурата прелијте ја врз испечениот колач. Исечете на коцки и ставете го колачот во фрижидер да се олади, а потоа уживајте во него.
Конечно нешто лесно, сите да имаат можност да ги покажат своите скриени таленти :)
Првиот болд: за какво тавче станува збор? колкава да биде големината? Да не ми испадне после претенко или предебело....
Вториот болд: ?!?!
 
Конечно нешто лесно, сите да имаат можност да ги покажат своите скриени таленти :)
Првиот болд: за какво тавче станува збор? колкава да биде големината? Да не ми испадне после претенко или предебело....!
Јас го правам во правоаголна тава не многу голема. Значи не онаа тава шо е за печење пандишпан, туку помала.
Вториот болд: ?!?!
Не треба да ти биде загреана рерната. Откако ќе го ставиш колачот во рерна тогаш ја уклучуваш на 230 степени и печеш
 
Ај за следната недела рецептот нека биде една фељка леб со еурокрем, да можеме и ние неспособните суртуци да се порадуваме.

Хахахаха, фељка, сум го заборавила зборов, од која ли архива го истаде. :):)

Јас веќе се организирав за сељачкото, така што ќе чкрапнам со опуљ-кутијата и ќе пуштам по чичко поштар, па кога ќе се туркаме на раце, ќе ме стајте во групата на леваци. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom