Законот на Телема

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Јасно де, вашиот ред функционира во строга дискреција, без имиња и презимиња.

- Имате ли храм или место на собирање каде што се состанувате во Мк, или и тоа е дискретно од јавноста и исклучиво достапно само за вашите членови?
--- надополнето: 22 април 2013 во 00:36 ---
- И на кого алудира во вашиот ред зборот Големиот Ѕвер DCLXVI ?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
- Дали имате посебни денови каде се собирате заеднички со вашите сестри (членки на редот) и по ваша волја удирате заеднички секс? Дали постои таква можност или истата е исклучена во вашиот ред?

П.С. Очекувам саглам одговори на овие саглам прашања.
Ако мојата волја е да имам секс со две жени - не ми е битно дали е пазарен ден или не :)
Не е битно ниту дали жените се телемити или не.

Се додека мојата и нивната волја е компатибилна - се е во ред!
Ако ти сакаш со другар ти да имате секс со една девојка - бирате посебен ден?
Гледаш колку е ... глупо прашањето...
Рековме дека сексот не е се во животот... О.Т.О. не е место за да некој си задоволува фантазии :)
Редот е сериозна организација која тајно постои многу одамна под различни имиња...

Тоа таму што го прочита за сексот и жените - не се однесува само на телемити бре момчак, така треба да е за секој.
Всушност - денес така Е во голем процент - дури и кај вас муслиманите...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јасно де, вашиот ред функционира во строга дискреција, без имиња и презимиња.

- Имате ли храм или место на собирање каде што се состанувате во Мк, или и тоа е дискретно од јавноста и исклучиво достапно само за вашите членови?
Да, има и познат им е само на членовите и евентуално пријателите на Редот.
--- надополнето: 22 април 2013 во 00:39 ---
- И на кого алудира во вашиот ред зборот Големиот Ѕвер DCLXVI?
За нас 666 е симбол на нашиот татко Ѕверот т.е. Сонцето. Постојат три Сонца во едно, говори последниот пагански иницијант, императорот Флавиј Јулијан во неговата химна на Митра. И токму на таа ѕвезда е пророк Алистер Кроули.
Извор
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
- Дали имате посебни денови каде се собирате заеднички со вашите сестри (членки на редот) и по ваша волја удирате заеднички секс? Дали постои таква можност или истата е исклучена во вашиот ред?

П.С. Очекувам саглам одговори на овие саглам прашања.
Па се зависи од тоа дали има волја за такво нешто, доколку има зошто да не.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Слабо значи, за априлска сесија ич не сте спремни. Во јунска да не ми доаѓате неспремни, да си го повторите матерјалот подобро. Да понесете со себе членската и уплатена чланарина за цела година. Уплата за испит директно на рака, не мора да одите во пошта.:pos:

Ај пошто на тешки прашања не знаете одговор, да поставам некое полесно....

Цел свет на оваа планета го мери времето пред и после раѓањето на Исус.
Како се мери времето според телемитите?
Која година сме сега, и дали сме, според вас, пред или после новата ера?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Абре Хептаграме, која безделност ја имаш деновиве, што те натера на Муслиман од овој ков, да му објаснуваш за езотерни учења?
Па да ти ја донесам, штом немаш попаметна работа, масава од дневна, може поголем успех ќе имаш у објаснување.

(не за џабе се викаат езотерни!)
Се вежбав :) Имав слободно време па вежбав предавање... наскоро ќе има предавања па да бидам спремен :)
А и не се објаснуваме ние тука - секој си зборува она што си знае и колку сака да каже... Тешко да се објаснуваме по форум... А и со муслиман е најтешко, премногу ми се... закотвени некако за ова време што го живееме...
Не разбирам како еден муслиман се снаоѓа во Франција или Германија ако исполнува и верува се како што пишува Коранот и како што е препишано од исламот...
Светот е сосема спротивно од проповедите на религиите... :love:
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.619
П.С. @The Magus дај напиши ти нешто интересно... што само лајкови тука :)
Морав овде да те цитирам оти ја затвориле темата за Кроули да не испадни за џабе пишував :icon_lol:
Значи...
Не милувам да се објаснувам преку интернет освен ако некој ми пристапи преку порака било овде било на ФБ а притоа почувствувам искреност, па и тогаш не милувам да пишувам многу многу, некој сатурновец сум ти јас кога треба да бирам на кому и колку би му кажал, објаснил итн... треба едно стопечеесе филтери да помини :D
Јас сум ти чоек што сака eye contact и преку тој контакт најлесно можам да проценам со кого, колку и дали да разговарам воопшто.
Овде гледам само искомплексиран очај проследен со инат, за сеир интересно е иначе јок :)
Да не ме мрзеше ќе вадев некои текстови за луѓе што искрено ги интересира Кроули и Телема и сл. а никако не ќе навлегував во дискусија со малоумни провокатори ;)
Браво за тебе и Ипсисимус (y)
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Колку има вистина во текстов?

Славните во Холивуд полудеа по нова секта

Не ретко, славните лица се и своевидни "заштитни лица" на голем број на секти во светот, а според најновиот тренд во Холивуд, селебрити светот изгледа заборави на сциентологијата и сега сите се придружија кон нова секта, со сексуални ритуали. Ќерката на Боб Гелдоф, Пичес Гедолф е следбеничка на сектата "Ordo Templi Orientis", па на својата рака таа го истетовира култот на оваа верска група и ги повика сите свои обожаватели да и се придружат. Таа одлучи да ја сподели својата верска определба и со своите 148,000 пријатели на Твитер, пренесува "Daily Mail". Бремената Пичес Гелдоф (24) на обожавателите им ја покажа својата тетоважа посветена на сатанистичката секта. Мајката на синот Астал е следбеничка на сектата "Ordo Templi Orientis", позната под акронимот "O.T.O". Поглавар на оваа секта е Алистер Краули. Кога една од обожавателките ја праша како може да дознае нешто повеќе за неговото учење, Пичес, поранешна следбеничка на сциентологијата и еврејската кабала ја посоветува да ги чита нејзините книги, опишувајќи ги како "навистина интересни". Краули, роден во 1875 година, се претставуваше како "Големиот ѕвер 666", се до неговата смрт во 1947 година. Неговото учење вклучува садомазохистички сексуални ритуали со мажи и жени, односно користење на тешки дроги. Пичес е последна во групата на славни личности кои што се придружија кон оваа секта.

Гитаристот на "Led Zeppelin", Џими Пејџ, учествуваше во култните ритуали, а Кроули толку многу го воодушеви, па тој дури и го купи неговиот некогашен дом во Шкотска. Џеј Зи е човекот кој на оваа секта и донесе и непроценлив публицитет Со оваа секта се поврзува и раперот Џеј Зи, еден од највлијателните мажи во светот, па тој во неколку наврати користеше фотографии и цитати од учењето на оваа секта. Раперот воедно и даде непроценлив публицитет на сектата, носејќи блуза на која пишуваше: "Прави се што сакаш", додека мотото на сектата гласи: "Прави се што сакаш и тоа ќе биде целиот закон". Колекцијата облека потпишана со потписот на Џеј Зи содржи фотографии на кои што е претставено "окото кое што гледа се" во триаголник, околу Хорус, древниот египетски симбол кој често се споменува во култните текстови, како и главата на Бапхомет, демонот со тело на човек и козја глава со рогови. Теоретичарите на завери тврдат дека тоа е доказ дека раперот е член на тајно масонско движење.

http://zazabava.com/slavnite-vo-holivud-poludea-po-nova-sekta
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Колку има вистина во текстов?
Нема ни "в" од вистина во тој текст. Авторот очигледно ја имал како приоритет сензационалноста одколку веродостојноста.
Надолго и нашироко на форумов е објаснувано за тоа што е мото на редот, што значи поимот Волја во телемата, дали се користат дроги и слично...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Да не може човек да те вовлече во дискусии :)

Инаку за овие „еднолични“ и бедни преводи од странски страници кои пишуваат за О.Т.О. - да се плукнам на новинарите кои не успеале да најдат ниту линк до официјалниот веб сајт на О.Т.О. во Македонија.
Добро си кажа Ipsissimus се е само за зголемување на посетеноста - дури ниту не превеле како што треба...
Ама тоа е ... македонското „новинарство“ умира од copy-paste bad translations :)

Но, добро е, пребарувањето за телема, О.Т.О. и Кроули денес донесе над 500 нови посетители на мојот нов блог + на официјалната страница на О.Т.О. Македонија... Ако новинарите не сакаат или не можат да истражуваат за она што го пишуваат - имаме луѓе кои сакаат да го прават тоа и да дознаваат повеќе од „жолтата македонска штампа“... :)
 
Баш ме интересира дали утрински весник ќе има доблест да го објави мојот коментар.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Баш ме интересира дали утрински весник ќе има доблест да го објави мојот коментар.
Ах, па на тебе ти било бааги досадно штом си запнал да коментираш на веб страниците на македонските весници :)
Ќе го објават секако... може и да е објавен... сподели линк до веста што си ја коментирал...
Јас денес добив цитати и извадоци од над 20 луѓе...

Како познатите личнсти од бурните животи бегале во О.Т.О. за да се смират малку... О.Т.О. пак е објаснето во тие „вести“ дека е секта каде што врие од дрога, секс и рок-ен-рол :)
Како бегаат така од бурниот им живот во О.Т.О. нирвана, не знам... :) А не знае ниту авторот ама ајде... не сме попови нема да фрлиме анатема врз лагите, ќе ги сметаме за детски грешки, сепак е Еонот на Хорус - се е искуство ;)

П.С. Штета што не сум познат... за џабе тетоважите :D
 
У право е The Magus, подобро човек ништо да не коментира.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom