ВИДЕО: Америка во шок, Бостон во крв!

  • Креатор на темата Креатор на темата Muranyi
  • Време на започнување Време на започнување
Бомбашот и уште се заканува преку интернет. Го убивте брат ми, ќе ве убијам сите.
Цела америка трага по 19 годишно момче.
 
Полицијата во Бостон да прекине со насилството и веднаш да ги повлече полициските сили надвор од градот за да може да дојдат странски набљудувачи да достават хуманитарна помош на терористите и да помогнат околу преговорите за нивно извлекување по можност во нивната држава или некоја пријателска држава
 
Фатен е вториов ...
 
тууу за 19 годишен вооружен со пиштол овие пратиле цел батаљон војска џандари тенкови .. па на крај уште и аплаудираат и после ги рокале со тенџериња , епа ќе ги рокаат !!!!
 
Полициска држава. Ваков полициско-безбедносен апарат и континуиран медиски претеризам потсетува на некои други политички системи и на други времиња. Забегана работа.
 
https://twitter.com/Dale_Lamontagne/status/325424301513797632/photo/1

BIQjrZWCcAEOh1D.jpg:large
 
Сабота, 20 Април 2013 09:03​


Успешно заврши масовната операција на фаќање на 19-годишниот Џохар Царнаев, осомничен за организирање на терористичкиот напад за време на Бостонскиот маратон, соопштија американските медиуми.

apsenje.jpg

Тој беше блокиран од полицијата и специјалните единици на ФБИ во бостонското предградие Вотертаун, по што беше уапсен.
Царнаев беше откриен во чамец, во задниот двор на една куќа од предградието, благодарение на будноста на локален жител кој врз чамецот видел крвави траги и веднаш ја повикал полицијата.
2apsenje.jpg

-При приведувањето тој покажа активен отпор, односно почна да пука по полицијата. Во целина бостонската полиција во оваа операција дејствуваше блескаво, изјави комесарот Едвард Дејвис.
Осомничениот Царнаев е хоспитализиран со две тешки повреди на вратот и ногата, а неговата состојба се оценува за критична.
За едно деноноќие тој два пати влезе во престрелка со полицијата. Првиот пат вчера во кампусот на унизверзитетот во Масачусетс. Тогаш загина неговиот поголем брат, 26-годишниот Тамерлан Царнаев, за кого, исто така, се претпоставува дека учествувал во организирање на експлозиите, како и еден локален полицаец. Вториот пат Царнаев отвори оган врз полицијата при обидот да биде приведен.
Претседателот Барак Обама ноќеска имаше кусо обраќање кон нацијата кога соопшти дека „наредил да се употребат сите ресурси на федералните служби“ за да се заврши истрагата.
-Се уште има многу прашања без одговор за експлозиите, вклучувајќи и тоа дали на двајцата мажи им помагале и други лица, забележа претседателот.
1apsenje.jpg

Непосредно пред крајот на операцијата во Вотертаун Обама разговараше со својот руски колега Владимир Путин, кој изрази жалење од името на рускиот народ за трагично загинатите луѓе во Бостон. Двајцата претседатели се договорија да продолжат заеднички да работат за безбедноста.
Жителите на Вотертаун останаа затворени во своите домови речиси цело деноноќие и по соопштувањето за фаќањето на Царнаев излегоа по улиците за да го прослават апсењето испраќајќи ги со аплаузи колоните воена техника, возила на брзата помош, полициските и пожарникарски возила, што го напуштаа градот.
 
МОЈОТ СИН5 ГОД Е ПОД ПРИСМОТРА НА ФБИ – КАКО ТОГАШ НЕ ЗНАЕЛЕ ШТО ПРАВИ – ТВРДИ МАЈКАТА НА БОМБАШИТЕ (ВИДЕО)

Zubeidat К Tsarnaeva, мајка на бомбашите од Бостон смета дека целата оваа работа е наместена. 3а Бизнис исајдер таа вели:

Тамерлан (постариот син) бил вклучен во “религиозна политиката” уште пред пет години, и дека ФБИ од тогаш го следи и тој е под постојан надзор на ФБИ кој дури одвреме навреме разговарале и со неа за активностите на нејзиниот син.

“Тој беше контролиран од страна на ФБИ, веќе пет години”.Тие знаеа што мојот син прави, каде оди, кој сајтови ги посетува – како тогаш се случи ова а тие да не виделе, како не виделе што подготвува и дека прави бомба? се прашува мајката. Таа вели дека ФБИ и велел дека тој е сериозен религиозен лидер и затоа мора да е под присмотра бидејќи се плашат од него, тврди мајката.

“Како може тоа да се случи? … Тие беа контролирани – секој чекор им се следеше, а се кажува денес дека ова е терористички напад”, вели таа.

Тамерлан, 26, почина во четвртокот ноќта во престрелка со Бостонската полицијата, неговиот брат 19 годишен беше уапсен по целодневна потера. Октриен бил како се крие во чамец паркиран во дворот на една куќа.

http://grid.mk/read/news/504859153/...znaele-shto-pravi-tvrdi-majkata-na-bombashite
 
Шо сакате бе другари? Полициска држава, ами како. Кога дигаш луѓе у ваздух у саглам држава, следуе таков одговор. И пет батаљона тенкови ако сакаат ќе пратат, не еден. Ја штитат безбедноста, затоа се платени. Така се одговара на бомбаши теористи. Камо среќа македонската полиција со неколку батаљона да ги почастеше муџахедините од Смиљковци и нивните јатаци.
 
Тапетарот Петар: И во САД истата приказна ја вртат...

Прав муслиман никогаш не помислува на убиство на невини цивили, тој ден биле во кафана, не се они такви...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom