Србија и Косово начелно постигнаа договор (update: на сила ги тераат Србите да гласаат)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Договорот се состои од 15 точки, а параф му удрија премиерите на Србија и Косово, Дачиќ и Тачи.

Демек, ЕУ ги прифатила барањата на Белград

Договорот се однесува на правата на Српското малцинство, никој не спомнува веќе дека Косово е дел од Србија според резолуцијата на ООН 1244.

Клучната точка, 14, за која се кршеле копјата се однесувало на членството на Косово во ОН, а точката 9 се однесува на регионален командант за полицијата за северот на Косово.

Значи Заедницата на српските општини на Косово ќе има извршна влас, свое судство, ќе бира свој командант на полицијата која ќе е исклучиво од српска националност. Косовската полиција нема да смее да пристапи на северот на Косово без одобрување од НАТО и согласност со 3аедницата на спрските општини.

Белград бара од НАТО писмени гаранции дека Косовската полиција и други органи нема да бидат распоредени на северот на Косово.

Сега договорот треба да го изгласа српскиот парламент и тоа пред Кетрин Ештон да го напише/прати извештајот за прогрес на патот кон ЕУ (јаката штикла).

За тоа време Хашим Тачи дава изјави дека Заедницата на српските општини нема да има извршна власт, и дека Косово ќе се залага со помош на ОБСЕ да се одржат избори таму кога владата во Приштина ќе ги распише.
 
Ајде со среќа.........

Сепак може да има помирувањ во балканот во скорешно време....
 
ММЕ како само за словенските земји важат некои исклучоци. Па не е Србија само мулти етничка тоа се сите балкански земји а најмногу Албанија и Грција членки на ЕУ и НАТО.
--- надополнето: 19 април 2013 во 22:32 ---
ММЕ како само за словенските земји важат некои исклучоци. Па не е Србија само мулти етничка тоа се сите балкански земји а најмногу Албанија и Грција членки на ЕУ и НАТО.
 
ММЕ како само за Словенските земји важат некои исклучоци. Па не е Србија само мулти етничка тоа се сите балкански земји а најмногу Албанија и Грција членки на ЕУ и НАТО.

И Бугарија е Словенска земја па никој од запад не ја гњави да дава права на малцинствата на својата територија ... а ги има Македонско, Турско, Ромско малцинство и.т.н. ...
И Хрватска е Словенска земја па никој од запад не и рекол ништо за насилно протераните Срби од нејзина територија во 1995 година ... не е поентата дали некој е Словен или не туку како ќе се постави навреме(према западот) ... кој знае подобро да пуши такво повеќе ќе просперира и нема да му удираат шамари и да го гњават, Србија многу утна со Милошевиќ си ги потроши сите џокери, а богами и Македонските власти доста згрешија во деведесетите што не им ги дадоа на Албанците тие малку права(гледано од денешна перспектива) кои тогаш ги бараа(свој универзитет на свој мајчин јазик и поставување и нивно знаме во општини каде што се доминантни по број) ... е затоа сега Србија нема ниту педа од Косово, а во Македонија Албанците добија далеку далеку повеќе права од оние кои што ги бараа на времето ... значи до политиките ќе да е, а не до некакво си потекло Словенско или што ти знам, баталете ги теориите на заговор !
И аман веќе нека се завршат еднаш засекогаш Балканските проблеми и спорови ... веќе преку таквото од тие глупи национализми ... кој на кого му е подолг ... 20 години наназад гледаме и слушаме само некакви си проблеми на западниов Балкан поврзани со национализам и такви срања !
 
Бугарија прифати германски цар а Хрватска, Полска, Словенија го прифатија Ватикан.
Ја добиле лиценцата за убивање.
Овие што не се преобратиле, што покажале истрајност кон прадедовската вера и традиција то мора да се очисти и се чисти.
 
Ама чекај сега религијата си е религија, да тие се католици(горе-болдираните) но сепак по род се Словени ... сакаш да кажеш дека западот има посебна омраза исклучиво кон православните/ортодоксните Словени, бидејќи и овие горе-болдираните се Словени но се католици !
 
Западот нели има порив да благословува многу. Или прекрсти се или ти праам логори.
Првиот пораз е на духовно поле.
Незнам колку знаеш дека нај озогласените СС единици кои влегоа во Русија беа од Украина.
Итн итн.... долга е оваа, има длабоки корени, постои некоја исконска омраза на Ватикан према православието.
 
Ајде со среќа.........

Сепак може да има помирувањ во балканот во скорешно време....
Сите Балкански народи кога би сакале да живеат во своите етно-географски граници за кои што сметаат дека се правилни и свои не верувам дека и Азија да ни ја дадат ќе ги задоволи апетитите :)
 
Западот нели има порив да благословува многу. Или прекрсти се или ти праам логори.
Првиот пораз е на духовно поле.
Незнам колку знаеш дека нај озогласените СС единици кои влегоа во Русија беа од Украина.
Итн итн.... долга е оваа, има длабоки корени, постои некоја исконска омраза на Ватикан према православието.

и грците се ортодоксни
--- надополнето: 20 април 2013 во 00:11 ---
Сите Балкански народи кога би сакале да живеат во своите етно-географски граници за кои што сметаат дека се правилни и свои не верувам дека и Азија да ни ја дадат ќе ги задоволи апетитите :)

Не се сложувам со тебе, кога ќе се одерат и казнат сите политичари и моќници кои ги злоупотребуваат овие прашања, тогаш тие апетитит ќе се заборават......
 
Наскоро и Србија ќе влезе во ЕУ...(y)
 
Наскоро и Србија ќе влезе во ЕУ...(y)
Наскоро и србија ќе започне преговори за влез во ЕУ, во предпристапниот договор ќе мора да исполни барем 40 клаузули. Секој кој мисли дека до 5 години србија ќе влезе во ЕУ не знае за што станува збор!
 
ММЕ како само за словенските земји важат некои исклучоци. Па не е Србија само мулти етничка тоа се сите балкански земји а најмногу Албанија и Грција членки на ЕУ и НАТО.
Албаниja не е членка на ЕУ, само на НАТО е.
--- надополнето: 20 април 2013 во 08:53 ---
Бугарија прифати германски цар а Хрватска, Полска, Словенија го прифатија Ватикан.
Ја добиле лиценцата за убивање.
Овие што не се преобратиле, што покажале истрајност кон прадедовската вера и традиција то мора да се очисти и се чисти.
Тоа што Хрватска, Полска, Чешка,Свакиja па и Словениja са си словени.Ем не знаеш,ем зборуваш. Бугариja си го избра владетелот со велико народно собрание.

Договорот мегу Белград и Приштина е едно тивко делене на Косово.
 
Изгледа полека србите капитулираат на Космет(мислам на оваа генерација срби).
Нека се подготви Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom