- Член од
- 21 октомври 2007
- Мислења
- 96
- Поени од реакции
- 13
Имам лабрадорче старо 9 месеци, пред некој ден одби да јаде и беше некако невесел,( за лабрадор и двете работи се ама баш неспоиви ) го однесов одма на ветеринар , ми викаат бил преладен, му ставија 3 инекции ( Амоксиклав Гарамицин и витамини) прашувам кога пак да го донесам ми вика не треба, полладне пак не јаде го одржувам хидриран со оризова вода ( му давам со шприц 5-6 кубици на пола саат) ми се гледа дека има температура го носам пак на друго место и барам да му стават инфузија, прими што прими излезе браунилата отиде паравенозно , ама живна кучето. Следниот ден го носам на контрола и пак прими инекција ( гарамицин и дексазон) . Поарен е почна да јаде ама некако без апетит , му давам јогурт и варено пилешко , вода не сака да пие ама со јогурт некако ке се излажи.
Сега јаде ама пак со молење, столицата му е нормална, не повраќа, некако е малаксан и лесно се уморува и ме се гледа некако субфебрилен, генерално е весел , на моменти е некако апатичен ама брзо се разигрува.
Некој со слично искуство и совет и дали требаше да си продолжи со антибиотици