Не барам сега, веројатно ќе ми треба за (од) септември, така нешто.
Меѓутоа, ми треба да знам некои работи, т.е. да прашам некој кој е во цимерскиве води подолго.
Значи, доколку мојот буџет изнесува само 100 еура, односно за стан и сметки би можел да издвојам максимум 100 евра месечно, што би се искомбинирало? Колку цимери, локација, ова она?
Значи, прашвам, оти не ми е јасно.
Клавам лајк(ој) за (dobar) одговор
нема шанси во стан да поминеш со 100 евра. Викаш стан и сметки. Ами храната? неможеш да очекуваш се од дома да ти праќаат, или пак да јадиш за ручек леб и маргарин.
месечно за студирање во скопје со живеење во стан 200-250 евра се на се.
100 евра кирија + сметки
70 - 100 евра храна (башка од дома нешто да ти пратат)
30 евра излегување + кафенца понекогаш
1000 ден за градски ако ти е далеку факултетот
2 пати во годината скрипти + тетратки +џиџи миџи=100евра
значи се на се 200-250 евра
За 100 евра вкупно
студентски само за тие пари.
3500 месечно.. со бонови за храна за 20 дена добра исхрана. останатите денови ќе си прикупиш бонови
ако мислеше за 100 евра само за стан и сметки
тогаш барај негде во карпош3, тафталиџе,влае,аеродром кај бисер, зградите кај железничка.
цените се движат околку 250-280 евра месец + околу 100до150 евра за сметки (зависно од греењето е сеа ако ме прашуваш мене дали е поевтино на парно или на струја ќе ти речам дека е сеедно, парно плаќаш сите 9 месеци додека си таму, а ако се грееш на струја во зимо мамето ќе ви го расплачат за сметки)
така да месечните тошоци (кирија+сметки) за стан од 70 квадрати во населбите спомнати погоре се околу 400 евра вкупно.
70 квадрати ти се доволни за четворица.
ако сакаш да бидите тројца барај стан од 55-60 квадрати. Тоа би те коштало одприлика 200-250 евра и сметки докај 100 евра
55-60 квадрати ти се доволни за тројца
ако сте двајца барајте соби за издавање, обично се движат по 50 евра по човек без сметки