Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Nevozmozno e toa, navleguva vo licen izbor da se ima milenik, koj em cuva, brani, em se mazi i gali. Za razlika od guns
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.915
..navleguva vo licen izbor da se ima milenik, koj em cuva, brani, em se mazi i gali...
... ем понекад јаде мали деца.

Двете оружја убиваат, и за двете треба да се има дозвола за поседување.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
E ne go drvi....kuce=atom bomb?
Kuce=uzi?

Kuce, ako ne go provociras, zakacas ili dresiras taka, ne napagja.
Isto i macka ondak. Znae oci da iskopa...neli.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
E ne go drvi....kuce=atom bomb?
Kuce=uzi?

Kuce, ako ne go provociras, zakacas ili dresiras taka, ne napagja.
Isto i macka ondak. Znae oci da iskopa...neli.
И јас до вчера ова го мислев ама ете од играње мене ми го распара грбов и ќе си имам скар фејс .... кучево е нешо како вит бул и стафорд
Барем со маска нека го шета

Мирно било , слушало ... да да ама и лом праело да му е*ам све
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.915
E ne go drvi....kuce=atom bomb?
Kuce=uzi?

Kuce, ako ne go provociras, zakacas ili dresiras taka, ne napagja.
Isto i macka ondak. Znae oci da iskopa...neli.
Како девојчето од текстовите погоре? Ги испровоцирало со питата што ја јадело па џукеливе праведно ја јаделе нејзе.

Домашно чувани сите и недресирани за борба, ама гени си се гени. Тоа се животињи направени да дробат и да се борат. Знаеш што е генетска селекција?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Како бе мене толку години и толку кучкарења ниедно не ме закачнало!?
Освен доберманката на Гелсон, ама таа само ме гледашњ токму у очи и не мрдаше, а ни ја не мрдав. После Гелс ја затвори у соба :) па отидпв да мочам :) :)
Како бе ве параат и гризат?
Ровајлери, питбули (кли ми се грди), стафорди, добермани, аргентино догоа, малинои, вучЊаци (шо би рекол комшо)...

Уствари кога еднаш напраоф движење као да случајно ѓу земам мефцето на еден шарко ми подрипна, ама ланец брате, за греда закачен...а после љопат у тиква да знае кој е господар на огнот и опозабл тамбс :)
Се зезам, не го умлатив...


Vanlok
Имај на ум, не знаеме. Може биле така дресирани. Сигурно газдарицата нема да каже дека биле! А девојчето шо татка бара со meat pie меѓу пцишта? Моѓе тргнале да пробаат ако им даде да каснат, она може одреагирала чудно, навидум ахресивно, нервозно ли, за да нарипаат. А штом еднаш едно нарипа, кога се појќе, имаш ефект ма глутница. Како и кај луѓето. Кај шошлата најмногу. Еден на еден јок. Ама десет на еден ееејеее!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.915
Имај на ум, не знаеме. Може биле така дресирани. Сигурно газдарицата нема да каже дека биле! А девојчето шо татка бара со meat pie меѓу пцишта? Моѓе тргнале да пробаат ако им даде да каснат, она може одреагирала чудно, навидум ахресивно, нервозно ли, за да нарипаат. А штом еднаш едно нарипа, кога се појќе, имаш ефект ма глутница...
Е така де што има во КУЌА, ЧОВЕК да јаде пита... праведно велиш ја изеле ПЦИШТАТА нејзе. Епа ај чим ти велиш така.

Сакаш да кажеш дека е ОК џукели да растргнат човек, ако истиот ги испровоцирал со секојдневна најнормална ситуација?
Дека е нормална идејата дека цела човечка популација мора да ја школуваш како циркуските дресери постапуваат со големи карнивори... ама не е нормално да се бара закон кој точно регулира како треба да се чуваат овие раси?


Пази, кај „шошлата„ да се десело ова, па да инсинуираш дека не знаеме дека џукеливе биле тренирани за борба. Ама во Британија?
Не заебавај таму ќе те пријават ако на маската едно од 5-те каишчиња не се закачени. Не велам дека таму е се идеално и дека не е можно, но таквите животни за борби ги чуваат некаде underground и сонце не гледаат.
Плус кој homo sapiens чува 2 стафорди и 2 бул мастифи во куќата каде што живее, ако ѕверовите се дресирани и употребувани за борби...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Од каде знаеш како било бе? Или дека биле за борби. Душефакингбрижник. гарант и пееш у распеани пишманскопјани, а?
не туку дрви.

Исто ко да каже некој, ја јаделе дека името и е Јаде (твојон глуп глугл транслејт барем)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.915
Дрварот да те дрви.

Ако ти е спорен овој случај, пролистај некоја страница поназад имаш вакви и покрвави случаи со СВЕДОЦИ. Од вакви раси генетски селектирани да бидат такви. Како бе не се дешава пудлици да растргнат човек?
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Јас чувам пит бул,женка стара 4 години.Мирна е,ама никогаш немам целосна доверба во неа.Ги сака децата на комшиите,си игра со нив,ама секогаш ја гледам и ја пазам(во куче целосна верба никако).Никогаш не ја пуштам без ланец(маската и ја носам во рака,не на неа ради разни џукели и други мирни кучиња што се шетаат без ланец).

Ми се има случено да ја шетам со маска,а од страна доаѓаат два самојада и почнуваат да ржат.Едвај ја тргнав и после тоа маска на неа никогаш.

Друга случка со два добермани ми се улетуваат за да се дават.Значи во тој случај јас кучето го пуштив од ланец,па што биде нека биде(пошто ако беше на ланец сигурно ќе го јадеше).

За да може да се регулира ова со овие наводно опасни кучиња,прво треба да се спречат борбите со максимум,па тогаш некои сопственици ќе го изгубат меракот за питови,и овие убави кучиња ќе останат кај вистинските љубители на таа раса.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.915
Јас чувам пит бул,женка стара 4 години.Мирна е,ама никогаш немам целосна доверба во неа.
...
За да може да се регулира ова со овие наводно опасни кучиња,прво треба да се спречат борбите со максимум,па тогаш некои сопственици ќе го изгубат меракот за питови,и овие убави кучиња ќе останат кај вистинските љубители на таа раса.
Имаш нешто против закон каде ќе треба дозвола која не може да добие некој што: е малолетник (нема 18 години), има криминално досие, има историја на душевни болести, нема услови за чување на такво куче, итн итн воведување на детална евиденција и микрочипирање за идентификација на кучињата...

Поголем дел од тие што ги чуваат питовите за борби отпаѓаат по овој критериум.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Вакво нешто секаде може да се случи, само мислам дека кај нас е помала веројатноста за ваков случај.Страшно е ова што се случило на девојчето но пострашно е според мене што се случи во земја каде што повеќе децении постојат строги закони за рестрикција на опасни раси.Затоа, додека за едни ова е типичен пример што можат да направат
кучиња од расите кои се генетски селектирани (а често и одгледувани) за борба, агресивност и крвожедност
за други (вклучувајки ме и мене тука) ова е типичен пример на неефективен и непотребен закон.
За да образложам, ќе се послужам со анализа на неколку параграфи од известувањата за случкава од неколку медиуми, со мој превод :гик:

A schoolgirl was mauled to death by four dogs yesterday as she began eating a meat pie.
Jade Lomas-Anderson, 14, was eating lunch at a friend’s house when the dogs – thought to be two bull mastiffs and two Staffordshire bull terriers – got “out of control”.
It is thought the dogs began leaping up at her after she returned from the shops eating the pie. As they tried to grab it they bit her throat and Jade, who was alone in the house in Atherton, near Wigan, was unable to fight them off.
Ученичка била искасана да смрт вчера додека почнувала да јаде месна пита. Џејд Ломас-Андерсон, 14, јадела во куќата на нејзина пријателка кога кучињата - се мисли дека биле два булмастифи и два стафордски бул териери - ,,излегле од контрола,, Се мисли дека кучињата почнале да и скокаат кога се вратила во куќата јадејки пита. Пробувајки да ја дофатат питата,тие ја каснале за грлото и девојчето кое било само во куќата во моментот, не можело да се одбрани.
Значи - 4 кучиња (чопор)нападнале девојче кое им било релативно непознато, во нивната куќа(на нивна територија), најверојатно поттикнати од храната. Барем две од нив се доволно големи да и возрасен човек би имал тешкотии да се справи со нив.

во случајов се работи за домашно чувани кучиња кои никогаш не биле одгледувани и тренирани за борба, ниту имале историја на напаѓање.
Не е баш така - овде имало предупредувачки знаци и тоа многу!

One resident told the Daily Mail: “The dogs were really scary. Jade knew these animals so I don’t know why they all went for her. These animals were a menace and everyone was scared of them. It is shocking.”

Another friend said the dogs at the house were large and aggressive animals."Every time you walk past the house they would be barking and barking and going mad," she said. "You would jump out of your skin."
One local added: “Those dogs were always growling and barking in that tiny house. All the local kids were scared stiff of them.”

Oliver Carrick, 15, added: “They’re really mean dogs — they’re never let out of the garden and nobody goes in there.”Mrs Concannon is a breeder who sells Staffordshire bull terrier pups for up to £200 and has a Facebook page full of fierce-looking dogs.

She tells on her page how her favourite mastiff was so aggressive she had to have him castratedAnd she admitted the dog did not like children, adding: “He doesn’t like youngsters or screaming. He has gone to bite — but had him castrated to calm him down.”
Mrs Concannon also warned “a bully” could be deadly.
She said: “A growl from a bully is a warning not to go near them. You should never trust a bully.”
upt Kenny said: "We have had no contact or reports, Greater Manchester Police, regarding reports for example of dangerous dogs at this location. We've certainly not had any incidents here.
"This is the first incident of this nature we have attended at this location."
Според изјави на соседи Овие кучиња биле агресивни, не биле ставени под контрола и таквото однесување не било санкционирано, туку и поттикнувано. Едно од кучињата и самата сопственичка знаела и кажала дека може да укаса.Значи овде точно се знаело што чува дома и што можат да направат кучињата - ако имаш контролирани и социјализирани кучиња секако дека ќе ги шеташ и ќе носиш дома гости без проблем. Ова е најстрашниот дел - значи се работи за сопственик кој е личност како сите нас - нема криминално досие ниту историја на душевни болести а бидејки немало регистрирани поранешни инциденти доволно била свесна да одржува минимално ниво на безбедност за незиниот бизнис. Кучињата ги одгледувала и продавала. Тоа укажува дека состојбата била всушност темпирана бомба, тоа што девојчето било доведено во таа ситуација е рамно на убиство. Донела релативно непознато девојче дома кај кучиња кои што знаела дека се агресивни, напаѓааат и не сакаат деца и одозгора на сето тоа го оставила само со тие кучиња!!! Девојчето и ќерка и се познавале само кратко време иако биле добри другарки, а девојчето имало искуство со кучиња - баба и чувала германски овчари.
Поентава е што не е битна расата на кучињата тука, ниту однесувањето на девојчето - едноставно во таа ситуација тоа никако не би можело да се спаси. Затоа не чинат законите кои се концентрираат на ограничување на раси - индивидуални кучиња се опасни а не само одредени раси. Затоа во Англија сега масовно се покренува движење да се укинат овие закони а да се воведат рестрикции кон сопствениците на опасни кучиња.
Затоа што пред неколку месеци имаше и друг случај во Англија каде почина детенце нападнато дома, на спиење, од домашен миленик кој навистина немал никаква претходна историја на агресивност. Ама не беше насловна вест оти овдека убиецот не беше бул тип или мастиф туку Џек-Расел териер кој не тежи повеќе од 5 кг. Ама и тоа детенце сега е мртво исто како и девојчево.Не е битно колкав е убиецот, битно е дека и двете деца се мртви. Исто како и девојчето пред повеќе години кое исто така почина бидејки дома исто така на спиење го искаса домашниот миленик Померанец не потежок од 2-3 кг. Во двава последни случаи се работи за бебиња кои во моментот на напад спиеле и биле оставени сами со кучињата. И двете починале со масивни повреди на главата. Не е битно колкав е убиецот - битно е дека децата починале а најжално е што сите овие напади било предвидливо дека ќе се случат и можеле да се спречат со малку внимание.
http://news.sky.com/story/1075803/mild-mannered-family-dog-killed-baby-boy
http://news.sky.com/story/1015650/baby-bitten-by-dog-died-from-head-injury
http://news.sky.com/story/1014374/devastating-loss-of-baby-boy-bitten-by-dog
http://articles.latimes.com/2000/oct/09/local/me-34015
http://amarillo.com/stories/100900/usn_pet.shtml

Затоа за мене е имбецилно да се тврди дека заради безбедност на луѓето треба да не постојат некои раси на кучиња додека на другите пак нема никакви ограничувања ниту пак постојат рестрикции за нивните сопственици. Во неодговорни раце секое куче - секое животно може да стане оружје, а сами по себе тие не се оружје.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.313
Поени од реакции
34.915
Ученичка била искасана да смрт вчера додека почнувала да јаде месна пита. Џејд Ломас-Андерсон, 14, јадела во куќата на нејзина пријателка кога кучињата - се мисли дека биле два булмастифи и два стафордски бул териери - ,,излегле од контрола,, Се мисли дека кучињата почнале да и скокаат кога се вратила во куќата јадејки пита. Пробувајки да ја дофатат питата,тие ја каснале за грлото и девојчето кое било само во куќата во моментот, не можело да се одбрани.
Онака случајно ја „каснале„ за вратот... а потоа продолжиле да го растргнуваат девојчето (веројатно исто така ненамерно).
Хороров треба да го прифатиме како најнормален затоа што случката се случила во куќа која била територија на кучињата??

Еден померанец убил бебе, има уште понекој случај со помали кучиња и бебиња... Но што правиме со фактот дека во огромен процент од случаите каде кучиња убиваат повозрасни homo sapiens, се кучиња од опасните раси. Сите останати се исто така крупни кучиња.

Големи кучиња = голема опасност за возрасни
мали кучиња = мала опасност за возрасни

бебе/дете + возрасен = лесно бранење од мали кучиња
бебе/дете + возрасен = тешко бранење од големи кучиња, често со тешки рани а неретко и со смртни последици



Построги критериуми за регулирање се потребни за крупните кучиња.
Најстроги критериуми за регулирање се потребни за кучиња кои се кои се „дизајнирани„ преку докажани методи како генетска селекција, за агресија, борба, висока толеранција на болка, физичка големина и сила, величина на вилица и сила на загризување, итн итн

Законите од овој вид не се идеални, но подобри се од ништо. Којзнае колку други случаи се спречени затоа што несоодветни лица биле оневозможени да чуваат вакви кучиња.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
малолетник (нема 18 години), има криминално досие, има историја на душевни болести, нема услови за чување ...
вакви услови може и за друго да се постават. За возење кола на пример, за работа посебно со странки...и се поставени али секојвози денес кола.
Онака случајно...
проблемот го посочи Улуру над тебе. Проблем се неодговорни иако се полнолетни и без душевни пореметувања, како во случајот со девојчето и газдарицата на кучињата.
Тешко е да се одредат критериуми за ваков закон. Дури и мирно куче (релативно "мирна" раса како што велите) во рацете на несоодветен газда може да стане опасно за околината.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Тотално ја промаши поентата....пак.... (n)
Никаде не реков дека нешто е случајно и ненамерно и нормално...... уствари прочита ли нешто од тоа што напишав или побрза да напишеш нешто онака колку да биде напишано???
А кај бебињава со маливе кучиња имало и возрасен ама ете починале - не гледам нешто дека лесно ги одбраниле, освен ако магично не воскреснале децава. И треба ли јас од ова што го напиша да извлечам заклучок дека децата или бебињата што настрадале се помалку важни од возрасните? И нивната безбедност е помалку важна???
Којзнае колку други случаи се спречени затоа што несоодветни лица биле оневозможени да чуваат вакви кучиња.
Николку - ете ти ја жив доказ госпожата што е сопственичка на кучињава. Законски, таа нема да одговара кривично за смртта на детето, бидејки нападот се случил на нејзина приватна сопственост. Утре може слободно да си земе други такви кучиња и да си продолжи да си ги чува како што и е драго. На нас ни останува само да се надеваме да не добие пак брилијантна идеја да викне некое дете на гости дома .Нема никаково законско ограничување за неа, според законите за опасни раси во Англија во моментов - апсолутно никакво. А закониве таму строго се спроведуваат и ги има повеќе децении. Ама на Џејд не и помогнаа.


НЗС Гугл Транслејт на Македонски - преводот се однесуваше на опис на начинот на кој што се случил нападот - не служеше да се оправда случката. Сконцентрирај се,прочитај убаво пак што напишав па после коментирај - воопшто не ценам кога ми ги извртува некој зборовите за да си докаже поента. Разбирам дека е касно и сите сме уморни ама мислам дека можам да очекувам поголема оригиналност од ова. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom