Вакво нешто секаде може да се случи, само мислам дека кај нас е помала веројатноста за ваков случај.Страшно е ова што се случило на девојчето но пострашно е според мене што се случи во земја каде што повеќе децении постојат строги закони за рестрикција на опасни раси.Затоа, додека за едни ова е типичен пример што можат да направат
кучиња од расите кои се генетски селектирани (а често и одгледувани) за борба, агресивност и крвожедност
за други (вклучувајки ме и мене тука) ова е типичен пример на неефективен и непотребен закон.
За да образложам, ќе се послужам со анализа на неколку параграфи од известувањата за случкава од неколку медиуми, со мој превод
A schoolgirl was mauled to death by four dogs yesterday as she began eating a meat pie.
Jade Lomas-Anderson, 14, was eating lunch at a friend’s house when the dogs – thought to be two bull mastiffs and two Staffordshire bull terriers – got “out of control”.
It is thought the dogs began leaping up at her after she returned from the shops eating the pie. As they tried to grab it they bit her throat and Jade, who was alone in the house in Atherton, near Wigan, was unable to fight them off.
Ученичка била искасана да смрт вчера додека почнувала да јаде месна пита. Џејд Ломас-Андерсон, 14, јадела во куќата на нејзина пријателка кога кучињата - се мисли дека биле два булмастифи и два стафордски бул териери - ,,излегле од контрола,, Се мисли дека кучињата почнале да и скокаат кога се вратила во куќата јадејки пита. Пробувајки да ја дофатат питата,тие ја каснале за грлото и девојчето кое било само во куќата во моментот, не можело да се одбрани.
Значи - 4 кучиња (чопор)нападнале девојче кое им било релативно непознато, во нивната куќа(на нивна територија), најверојатно поттикнати од храната. Барем две од нив се доволно големи да и возрасен човек би имал тешкотии да се справи со нив.
во случајов се работи за домашно чувани кучиња кои никогаш не биле одгледувани и тренирани за борба, ниту имале историја на напаѓање.
Не е баш така - овде имало предупредувачки знаци и тоа многу!
One resident told the Daily Mail: “The dogs were really scary. Jade knew these animals so I don’t know why they all went for her. These animals were a menace and everyone was scared of them. It is shocking.”
Another friend said the dogs at the house were large and aggressive animals."Every time you walk past the house they would be barking and barking and going mad," she said. "You would jump out of your skin."
One local added: “Those dogs were always growling and barking in that tiny house. All the local kids were scared stiff of them.”
Oliver Carrick, 15, added: “They’re really mean dogs — they’re never let out of the garden and nobody goes in there.”Mrs Concannon is a breeder who sells Staffordshire bull terrier pups for up to £200 and has a Facebook page full of fierce-looking dogs.
She tells on her page how her favourite mastiff was so aggressive she had to have him castratedAnd she admitted the dog did not like children, adding: “He doesn’t like youngsters or screaming. He has gone to bite — but had him castrated to calm him down.”
Mrs Concannon also warned “a bully” could be deadly.
She said: “A growl from a bully is a warning not to go near them. You should never trust a bully.”
upt Kenny said: "We have had no contact or reports, Greater Manchester Police, regarding reports for example of dangerous dogs at this location. We've certainly not had any incidents here.
"This is the first incident of this nature we have attended at this location."
Според изјави на соседи Овие кучиња биле агресивни, не биле ставени под контрола и таквото однесување не било санкционирано, туку и поттикнувано. Едно од кучињата и самата сопственичка знаела и кажала дека може да укаса.Значи овде точно се знаело што чува дома и што можат да направат кучињата - ако имаш контролирани и социјализирани кучиња секако дека ќе ги шеташ и ќе носиш дома гости без проблем. Ова е најстрашниот дел - значи се работи за сопственик кој е личност како сите нас - нема криминално досие ниту историја на душевни болести а бидејки немало регистрирани поранешни инциденти доволно била свесна да одржува минимално ниво на безбедност за незиниот бизнис. Кучињата ги одгледувала и продавала. Тоа укажува дека состојбата била всушност темпирана бомба, тоа што девојчето било доведено во таа ситуација е рамно на убиство. Донела релативно непознато девојче дома кај кучиња кои што знаела дека се агресивни, напаѓааат и не сакаат деца и одозгора на сето тоа го оставила само со тие кучиња!!! Девојчето и ќерка и се познавале само кратко време иако биле добри другарки, а девојчето имало искуство со кучиња - баба и чувала германски овчари.
Поентава е што не е битна расата на кучињата тука, ниту однесувањето на девојчето - едноставно во таа ситуација тоа никако не би можело да се спаси. Затоа не чинат законите кои се концентрираат на ограничување на раси - индивидуални кучиња се опасни а не само одредени раси. Затоа во Англија сега масовно се покренува движење да се укинат овие закони а да се воведат рестрикции кон сопствениците на опасни кучиња.
Затоа што пред неколку месеци имаше и друг случај во Англија каде почина детенце нападнато дома, на спиење, од домашен миленик кој навистина немал никаква претходна историја на агресивност. Ама не беше насловна вест оти овдека убиецот не беше бул тип или мастиф туку Џек-Расел териер кој не тежи повеќе од 5 кг. Ама и тоа детенце сега е мртво исто како и девојчево.Не е битно колкав е убиецот, битно е дека и двете деца се мртви. Исто како и девојчето пред повеќе години кое исто така почина бидејки дома исто така на спиење го искаса домашниот миленик Померанец не потежок од 2-3 кг. Во двава последни случаи се работи за бебиња кои во моментот на напад спиеле и биле оставени сами со кучињата. И двете починале со масивни повреди на главата. Не е битно колкав е убиецот - битно е дека децата починале а најжално е што сите овие напади било предвидливо дека ќе се случат и можеле да се спречат со малку внимание.
http://news.sky.com/story/1075803/mild-mannered-family-dog-killed-baby-boy
http://news.sky.com/story/1015650/baby-bitten-by-dog-died-from-head-injury
http://news.sky.com/story/1014374/devastating-loss-of-baby-boy-bitten-by-dog
http://articles.latimes.com/2000/oct/09/local/me-34015
http://amarillo.com/stories/100900/usn_pet.shtml
Затоа за мене е имбецилно да се тврди дека заради безбедност на луѓето треба да не постојат некои раси на кучиња додека на другите пак нема никакви ограничувања ниту пак постојат рестрикции за нивните сопственици. Во неодговорни раце секое куче - секое животно може да стане оружје, а сами по себе тие не се оружје.