До и Од модераторот на подфорум Религија

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Donald Sikert Soul-of-Space Beric Dondarrion Werther Metta World Peace MIKI1 .................

Дечки, ве молам прочитајте го ова 3 пати.

Вие и уште неколку други членови, сте во 99% од случаите причина за добра и продуктивна дискусија, и во 100% од случаите сте причина за недолично однесување, меѓусебен чат, верска нетрпеливост и религиска пропаганда.
Не ја злоупотребувајте толеранцијата што ја нуди форумов односно подфорумов Религија, и модераторите/администраторите кои го раководат истиот.
Се работи за правила на однесување, кои понекогаш знаете да ги занемарите до тој степен што директен црвен картон би бил - најправилната одлука.
Екслекс долго време ја водеше таа битка сам, а сега и јас сум дел од се што се случува овде.
Се потрудивме и пробавме со различни методи - да се воведе ред и хармонија низ темите, но не вроди некој значителен резултат тоа.
Не е секогаш решение банот, но во исто време залудно е да се решаваат некој проблеми со зборови.
Темите за Христијанството и Исламот се теми каде што човек треба да НАУЧИ НЕШТО ПОВЕЌЕ, да ја спознае својата религија, да се спознае самиот себе. Нормално, ако е верник. За атеистите исто така има доволно теми каде што можат да ја дискутираат својата тематика.
Осеќам дека полека но сигурно почнува да се губи смислата на насловот од темата, и истите муабети/проблеми се метастазирани глобално низ цел подфорум. Не се бира ни место ни начин да се води една разумна политика со зборови, да се води натпревар со факти, да се најде заеднички баланс кај сите несогласувања што постојат.
НИЕ разбираме дека секој има свое размислување, и дека не мора да се сложи со мислењето од други, но тоа може да го стори на коректен и фер начин, со одбрани зборови и мисли.. односно силата да ја демонстрира со големината на речникот и фактите, а не со истурањето на негативна енергија и зборови врз останатите членови.
Ова е јавен форум и овде има и многу гости кои читаат а не се членови, а исто така има и членови кои читаат а не пишуваат ништо.
Морам да ве замолам и да ве предупредам дека во иднина е можно да се мени политиката на модерирање.
Што значи тоа?
Тоа значи дека ќе се добиваат директни банови после неколку опомени, а не е никаков проблем да се добие и бан од прва.
Ќе се зголеми и бројот на негативните поени кои по автоматизам се добиваат при секоја опомена.
Некои теми ќе бидат привремено, а некои и перманентно заклучени.
Ќе се прошири црната листа на забранети поими и изрази.
Ќе се води евиденција каде е почетокот на проблемот и тој што го сторил тоа ќе сноси одговорност за се друго што било напишано под неговото.
Не ја исклучувам ни можноста да се добиваат глобални банови (бан на цел форум)
Ќе се води евиденција и за продуктивноста на дискусиите. Претходно решени проблеми, нема да бидат повторувани и решавани одново.
Ќе се бришат мислења и при мали обиди за оф топик.

Значи, спремни сме да одиме и до тој степен - подфорумот да страда и да остане без "сообраќај", само да се стави крај на некои непоправливи проблеми.
Ќе ве замолам како луѓе со разбирање и елементарни познавања од тоа што претставува еден форум, како место за ширење познанства, размена на информации, едукација, база на милион теми и прашања - да престаните со глупирање и препуцавање на истите теми, за истите проблеми, и голем дел од работите да ги решавате на друго место. Имате приватни пораки, имате фејсбук, скајп и милион други начини за комуникација кои нема да му штетат на најмасовниот македонски форум.
Колку и да е чувствителен подфорумот Религија, сепак тоа е јавен форум, и вашите мислења може да ги чита дете од 10 години, и старец од 100 години.
Администрацијата нема да дозволи поединци да влијаат врз рејтингот на она што го граделе со години - основачите и членовите на Кајгана.

Со почит према сите, и да не сум погрешно сватен. Ова важи подеднакво за секој член.
Поздрав.

Никола, убаво се ова што си го напишал. Фер енаф.

Некоја забелешка и мое видување на работиве начнати во твојот пост:
Би сакал да не ме ставаш во иста улога со Soul-of-Space.
Исто така, тоа лице не учествувало во ниту една дискусија што е нормална, а не па во 99%. Освен ако за дискусија се смета секаков вид провоцирање и потсмевање на се што е Македонско и Христијанско. Сам рече дека не ги познаваш форумџиите на овој подфорум и дека си нов. Затоа ти ги пишувам моите согледувања, кои
веројатно се исти и кај многу други членови.

Велиш дека е ова најмасовниот форум, дека може да читаат и лица од 10 години и лица од 100 години.Во ред е, нека е така. Она што е битно е колку овој форум влијае врз нечии ставови читани од надвор, а напишани во подфорумот Религија.
Ако е така како што велиш, тогаш неминовно се наметнува фактот дека форумот е пресликување на макросредината наречена Македонија, во микросредината наречена подфорум Религија.
Тука работите не се розови. Го имаш истото како и во реалноста, така во виртуелноста. Провокации од малцинство во соодветната средина, и плачење на истото како е обесправено и нема права, и е угнетувано и несоодветно третирано од извршната власт, во случајов вие модераторите.
Тоа и вам ви се случува. Уште у првата реченица ја правиш погрешната теза врз која го надоврзуваш твојот пост надоле.

Велиш дека наведените персони и некои други пред се мислејќи претпоставувам на @ХептаграмХII, Ipsissimus, Атеист,Gurdjieff итн..учествуваат во провокациите.

Зарем не ви е повеќе од јасно дека 10 ина души реагираат секој на свој начин врз провокациите на еден единствен член Soul-of-Space, често пати подржан од останатите муслимански форумџии само заради тоа што е муслиман и за ништо друго.
Ако еден каже слонот е магаре, сите ќе го бранат неговиот став.

И вие велите дека сите останати учествуваат во меѓуетиничка провокација? Не ме заебаај.
Секоја провокација кон овој член има своја заднина и историја. Кога некој јавно ќе ти обелодени дека мрази се што е македонско и немуслиманско, и дека подржува протести за ослободување убијци, само затоа што се муслимани, тогаш се после тоа е провокација.

Еден човек шири исламска пропаганда, еден човек провоцира, но, не на начин како што има други меѓусебни провокации низ темиве меѓу наведените членови, туку поттикнат и воден од омраза кон се што е немуслиманско.
Тоа треба да го сосечете у корен.

Ако овој форум како што велиш го читаат многумина, каде сте 365 дена наназад да реагирате врз секојдневната поддршка и ставови за протестот одржан за ослободување на убијците од Смилковци. Каква порака се праќа во тој случај од форумов, кон оние од надвор?

И во реалноста и на форумов се чувствува мирисот на тивкиот апартхејд.

Знам дека и многумина велат дека порано имало поквалитетни дискусии без провокации и слично.
Но тоа е жртвата која се плаќа за да се добие квантитет во однос на квалитет.
Не е исто додека форумот е еден вид маалско собирање на луѓе што се знаат во реалноста, и кога имаш еден куп различни карактери и возрасти.
Во првиот случај немаш провокации. Во вториот имаш еден куп.

Нивото е неминовно спуштено, со оглед на околностите кои се случуваат.
Затоа и сите останати работи треба да се одвиваат поинаку.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
доналд, и тебе, а и на многу други членови ќе им преседне дискутирањето на оваа тема како што и мене ми дојде преку глава. не се нервирај што и како и зошто модераторите ова или она, или пак верниците вака или онака. бесцелно е да се дискутира кога пред се владее омразата. ДА, членот кој го посочи е прав пример за тоа. и ако се сеќаваш (кога бев поактивен на оваа тема) пред некое време реков дека него и еден омер ел .... не знам точно како му беше никот се на игнор од мене. како и да е, во право си за селективното толерирање. за некого мајка, за некого маќеа. но кај има сила, нема правда
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Подзачистете ја темата Богомили и банирајте ги куранзите кои почнаа да трујат за вистинската вера и за вистинската црква.
 
W

Werther

Гостин
Нuкола и exlexmk дали може да го банирате некако членот Soul-of-Space од подфорумов ? Само последниве пет дена пријавив негови дваесет оф-топик мислења.

А правилата на Кајгана Форумот велат дека за континуиран оф-топик се добива перманентен бан.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Нuкола и exlexmk дали може да го банирате некако членот Soul-of-Space од подфорумов ? Само последниве пет дена пријавив негови дваесет оф-топик мислења.

А правилата на Кајгана Форумот велат дека за континуиран оф-топик се добива перманентен бан.
Без разлика кој колку го пријавил некого, и колку пати членот бил опоменат, за перманентни банови ние одлучуваме врз основа на друга методологија. Не се работи за тоа - дали може/ не може, туку модераторите и администраторите знаат кога треба да направат таков потег.
Внимателно се следи понашањето на секој член, нормално во случајов и на Soul-of-Space.
Нема потреба од такви предлози. Вие користете ја опцијата - Пријави, а другото си е наша работа.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Без разлика кој колку го пријавил некого, и колку пати членот бил опоменат, за перманентни банови ние одлучуваме врз основа на друга методологија. Не се работи за тоа - дали може/ не може, туку модераторите и администраторите знаат кога треба да направат таков потег.
Внимателно се следи понашањето на секој член, нормално во случајов и на Soul-of-Space.
Нема потреба од такви предлози. Вие користете ја опцијата - Пријави, а другото си е наша работа.

Никола во ред е сето ова.

Но интересно е да кажете зашто е баниран членот Gurdjieff од темата телема, кога немаше ни два поста напишано у последниве неколку дена, освен суптилна поддршка на мојот став во дискусијата?

Благодарам однапред за образложението, кое и него би го интересирало, а и останатите.

Дали на стара "слава" заработи бан?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Никола во ред е сето ова.

Но интересно е да кажете зашто е баниран членот Gurdjieff од темата телема, кога немаше ни два поста напишано у последниве неколку дена, освен суптилна поддршка на мојот став во дискусијата?

Благодарам однапред за образложението, кое и него би го интересирало, а и останатите.

Дали на стара "слава" заработи бан?
Извини што ќе одам оф топик, но зошто членот не го напиша ова - што го пишуваш ти?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
ми се допаѓа, ама не забегвите сеа со офтопици :D:cool:
 
Член од
17 април 2013
Мислења
12
Поени од реакции
6
Ме интересира како од сите членови(берик,доналд,соул,вертер) кои учествуваа во офтопици,расправи итн...само јас да сум баниран?
Metta World Peace
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ме интересира како од сите членови(берик,доналд,соул,вертер) кои учествуваа во офтопици,расправи итн...само јас да сум баниран?
Metta World Peace
за отварање на нов јузер следи перманентен бан ...
 
Член од
17 април 2013
Мислења
12
Поени од реакции
6
за отварање на нов јузер следи перманентен бан ...
од другар е отворен јузерот и планира да го користи,можете IP и остали зафрканции да проверите.
Јас не ни можев да отворам нов јузер од мојот компјутер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom