Јас имам друга дефиниција за „интензивна“ врска и нема допирни точки со компјутер.
Инаку, според мене овие два три месеци врска па брак, ми се ептен избрзани работи. Како да си фатил женска или дечко само за да се омажиш/ожениш, зошто ти дошло времето. Јасно ни е на сите дека на почетокот на секоја врска, партнерите внимаваат на своето однесување. Во тие месеци ружи цветаат и мед и млеко тече, но откако малце ќе се запознаат, се гледа дека не се истите кои биле на почетокот на врската.
Така мачињата за брзо време се претвараат во крави, а срцковците во волови.
Вчерја ја гледав на МТВ емисијата "Време е за дете", таму имаше брачен пар кој во моментов чека трето дето, односно концептот на емисијата е таков да се мотивираат младите да имаат трето дето и со примери низ цела Македнија се доловува идиличната атмосфера со три деца.
Таму имаше еден пар кој раскужуваа за нивните почетоци, дечкото бил локален бизнисмен, додека девојката работела како рецепционерка во Попова Кула хотелот.
Еден ден дошол тој на рецепција како гостин и случајно се запознале, девојката покасно го нашла на фејсбук и му пуштила покана за пријаталство.
Си разгледала слики и си лајкала цело време, покасно се запознале и во живо и заедно биле два месеци.
Една вечер седел дечкото со кумовите во кафана (Срби биле кумовите) и тие го прашале кога мисли да се жени. тој на заебанција му кажал дека ќе се жени вај вечер (Беа од источна Македонија некаде паров)
Ја запалиле колата и пошле кај неговата сегашна сопруга, додека во меѓувреме купиле 101 ружа. (Имаше и гаф како продавачката не можела да најде 101 ружа, па кумовите и рекле да се снајди, па се јавувала кај други колешки итн, итн).
И нормално му ја дале невестата и сега моментално си живеат заедно и чекаат трето дете.
Имаше и интервју со свекорот и свекрвата кои се пресреќни сега во моментот.
Ова само ти кажувам дека не мора да значи ништо временкиот интервал и дека лајкањето на фејсбук може да резултира со брак и не зборувам така на вода