A
AnFem
Гостин
Сонце бе! Мило ми е ако ти е убаво, цел живот да ви биде така!Реков „да“ после 3 месеци врска... Живееме заедно веќе 10 месеци и преубаво ни е. И знам дека цел живот ќе трае. Вистинската љубов се познава многу бргу.
Не ми е целта да мрчам или нешто, сфати го како совет... Вистинската љубов се познава откако ќе го запознаеш подобро партнерот, ќе му ги увидиш мааните и ќе научиш да се носиш со нив. Се додека ти цветаат рози, ти леткаат срценца и пиленца ти пеат си на некој начин заслепен. Секој може кога му е убаво... Кога со партнерот ќе поминеш низ бурни времиња и истите успешно ќе завршат, тогаш ќе сфатиш колку ви е силна љубовта.