Ви благодарам на сите за одговорите!
По продавниците нудат и некои пакети (guitar pack) за почетници во кои освен гитара има и дигитален штимер, навлака итн. и сето тоа за малку повеќе или помалку од 100 евра, за класична гитара од марките
Washburn, Tenson... Што мислите за овие пакети?
Ич не мислам
Овака , такви пакети праат скоро сите. Има Ibanez, Squier, Washburn (овие на времето ги немаше)... Atakama. Во основа тие се ептен budget варијанти. За жал стварноста ни е таква, сметме дека сме се „испружиле“ за гитара кога ќе купиме нешто што западњаците го купуваат како 2ра или 3та гитара за „лупање“ кога одат негде, или за по журки.
Мој совет, ако одиш на варијанта на western style гитара, земај ги предвид гитариве што се околу 8000-9500 ден (без pick-up односно „не-електрифицирани“
) или до кај 12-13000 со пикап-ови (извини ми збоктиса да шетам по фонтови).
Дали ќе купиш squier, ibanez... што е да е не е толку битно. Што платиш, тоа клатиш. Јас на времето купив Fender акустична занекои 8500, сега веќе ги нема. Има Squier-и кои верувам се истиот квалитет пошто и Фендеров мој е оригинал ама made in China
.
Според мене, најважно е да ти легне вратот во рака. Звук ќе вадат приближно ист сите... за тие пари толку е звукот.
Пример: Кога купував електрична, меракот ми беше Епифон копија на Гибсон СГ, арно ама вратот не ми лежеше никако. Епа ако нешто ми е смачено, тоа е изгледот на Фендер Стратокастер, арно ама вратотм и лежи во рака како кроен по мерка и така си купив Squier Hot Rails Deluxe (барем да има некакви хамбакер пикапови, па макар и монореил) и си се помирив со изгледот на гитарата... Имено, ако се мачиш со свирењето, пола кеиф ќе ти отиде.
Уште едно нешто и толку од мене... купувањето нова гитара е страшен поттик за свирење. Чувај си место за нови гитари
Поздрав