Vanlok Да не испадни дека го бранам Двајт, ама Коби никогаш немал повреда од овој обем, плус му беше и прва повреда во кариерата. И да гледаме објективно Коби никогаш не бил изложен на толку физичка игра по периметарот како што Двајт е под кошот и нормално е да има страв. Значи проблемот е психолошки и се гледа дека почна да го надминва, мн е поактивен од шо беше порано во сезоната, одбраната е дефинитивно подобра, повеќе поентира во напад и не форсира толку глупи шутеви како порано. Репертоарот во напад е тој , не е доразвиен , но не е дека го нема, а и од скоро подобро работи со нозете и се става во подобра позиција, башка имаат и акции спремено за да дојде до лесни поени.
A колку значи во одбрана не треба ни да се кажва, ко ќе излези од игра имаат дефанзивен рејтинг 115п. , а кога е внатре 100п. Противниците во просек шутираат 1м подалеку од кошот кога е на паркетот, и во оваа статистика води против играчи како Ноа, Сандерс, Ибака, Данкан, Марк Гасол. Значи со самото присуство ја менува целата игра и зато не мислам дека е баш за фрлање, а за по 4-5 години и самиот Шек е пример за играч на кој шо му падна газот од старост, ама па и споредби со него се излишни.