- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Американците не дозволуваат трампа на територии меѓу Косово и Србија бидејќи стравуваат оти тоа ќе доведе до војна во Македонија, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервјуто за германскиот весник „Франкфуртер алемајне цајтунг".
Запрашан дали Белград и Приштина во принцип би можеле да се договорот за размена на теротории, северот на Косово за југот на Србија, Дачиќ рече дека тоа не го дозволуваат Американците бидејќи стравуваат оти тоа би можело да доведе до војна во Македонија.
Српскиот премиер изјави дека не мисли како Американците, поставувајќи го прашањето зошто Македонија би била загрозена со таквото решение.
„Србија на Косово и Метохија не сака мала држава, како Република Српска, туку на Србите на Косово да им биде дозволено да се здружат во регион, кој би претставувал еден од повеќето региони на Косово, Регион, како другите европски региони, рече Дачиќ.
Според него, во тој случај таканаречените паралелни српски структури на Косово би можеле да бидат востановени според моделот на европската повелба за самоуправување.
Запрашан дали Белград е подготвен на Албанците на југот на Србија да им ги даде истите овластувања, како што бара за Србите на Косово, Дачиќ рече дека тоа не може да се споредува бидејќи ситуацијата е поинаква.
„Албанците на Косово уживаат автономија во рамките на Србија уште од Уставот од 1974 година. на југот на Србија постојат само три општини со мнозинско албанско население и за нив важат законите и правата на малцинствата, кои се веројатно најлиберални во цела Европа", рече Дачиќ.
Српскиот премиер повтори дека српските политичари 10 години го лажеле народот, кога тврделе дека Србија има суверенитет над Косово.
„Јас тука не зборувам за прашањето дали Косово треба да им припаѓа на Србите и Албанците. Јас говорам за фактичката состојба, за тоа дека на Косово сè се развива токму во спротивен правец, отколку што се тврди во белградските приказни од типот „Косово е наше". Една работа е што Косово како идеја и мит за српскиот народ, неговата историја и црквата значи, но постои голема разлика меѓу идејата и фактичката ситуација", рече Дачиќ.
http://makfax.com.mk/307469
.