Јас искрено се разочарав додека читав некои членови тука. Првин се изнервирав како може да сме толку затуцани и прости, а после се разочарав. Не сакам да ви се правам паметна и да ви велам што да подржувате а што не, ама со вакви коментари како „цицки“, „што не оделе во исламска земја“, „и што ќе постигнат“ многу ограничени сте.
Толку ли не можете ја разберете пораката на активистките? Голотијата со која се користат не е да покажат дека ние во Франција сме слободни курви, без морал и правиме што сакаме. Голотијата служи да се разбере и да се отворат очите дека една жена не е само пар цицки, туку позади тоа има цела една личност способна и слободна да си го искаже својот револт. Не се жените само сексуални објекти, како што повеќето не перципираат. Не сме за понижување, навредување,малтретирање, тепање, силување само затоа што сме жени. Штом вашите коментари се насочени само кон голотијата значи навистина ги гледате жените како сексуални објекти.
Во врска со одењето во исламска земја. Не ме ни чудат ваквите коментари. Пред нос ни парадираа со знамиња да се ослободат убици, пред нос ни тепат и бодат деца низ автобуси, пред нос ни стават „востаници за права“ на влијателни позиции во државата, пред нос ни палат автобуси и ни уништуваат приватен имот, ПА НИЕ НИШТО НЕ ПРЕЗЕМАМЕ. А вие не ги подржувате зошто не отишле да се соблечат по цицки во исламска земја. Македончето е најголем педер со своите постапки, такви мазохисти јас не сум сретнала на друго место. Не ебат на суво без вазелин во гз секојдневно, а ние си траеме како убаво да ни е.
За делот, што ќе постигнат. Колку е постигнато во последните 100 години за нас жените еве во Македонија. Гласа ли секоја жена? Слободна ли е да избере професија и да се школува? Ја продаваат ли за 3 крави и неколку златници? Може ли да биде глава на фамилијата? Може ли да биде дел од парламент, па и да се кандидира за лидер или градоначалник? Може ли да зема иста дури и поголема плата од своите колеги мажи? На сите прашања одговорот е МОЖЕ. Епа тоа не ни било дадено на тацна, се палеа градници, се протестираше, Цеткин формираше организации, за сега нашите македонски „пичиња“ можат слободно да се ебаваат без некој збор да им каже.