“Не можам“ vs “Не сакам“

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
- Не можам да се воздржам да не јадам
- Не можам да прекинам да си ги грицкам ноктите
- Не можам да не пијам кока кола
- Не можам да не јадам брза храна
- Не можам да држам диети
- Не можам да не се почешам
- Не можам да не..........

VS

- Не сакам да се воздржам да не јадам
- Не сакам да прекинам да си ги грицкам ноктите
- Не сакам да не пијам кока кола
- Не сакам да не јадам брза храна
- Не сакам да држам диети
- Не сакам да не се почешам
- Не сакам да не..........


Која е таа потреба сами себе да се лажат луѓе за тоа шо можат а шо не можат? Дали сте ваков човек кој мисли дека не може да праи одредена ствар а суштински само едонставно да не сака? Или сте ко мене шо не се залажувате за тоа шо можете а што не и ви доаѓа да ги зденете со боздоган оние кои за жалат како не можат нешо да направат кога реално гледано 1000% можат.
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Све е до психата бе брат, колку си јак психички зависи од тебе само. Све тоа можам, сакам може многу бргу да се смени, само ако стварно сакаш ;)
 
S

StormRage

Гостин
За мене неможам значи или дека не сакам или едноставно (не сакам) не сум се потрудил доволно. Побрзо ќе речам несакам одколку неможам, се е можно кога сакаш да го направиш!
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Постои само сакам и не сакам нема можам и неможам.
Ај исечи леб.
-Неможам (несакам)
Тоа е тоа и на крај се се сведува на тоа колку јак карактер имаш и колку стоиш на твоето "јас".
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Постои само сакам и не сакам нема можам и неможам.
Ај исечи леб.
-Неможам (несакам)
Тоа е тоа и на крај се се сведува на тоа колку јак карактер имаш и колку стоиш на твоето "јас".
Не мора да значи. Некад и не можеш, а сакаш, поради причини кои може да ги надминеш ама едноставно не сакаш бидејќи тоа што се дел од друго нешто.

А и не е секогаш волјата битна, има и работи кои се невозможни, колку и да се труди човекот. Можеби ќе се остварат со уште повеќе труд, но сигурно не во ова време.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.820
Постои само сакам и не сакам нема можам и неможам.
Ај исечи леб.
-Неможам (несакам)
Тоа е тоа и на крај се се сведува на тоа колку јак карактер имаш и колку стоиш на твоето "јас".
Ова само за работи кои зависат од твоја волја и на чиј пат до остварување не им пречат или не постои можност да им попречат ,,надворешни"/независни фактори од тебе.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Мене многу ми помага тоа што знам точно што Не сакам. И многу полесно ми е да ги елеминирам уште од старт тие работи без разлика дали се тоа луѓе или навики.

Човекот е таков што многу лесно се возбудува кога ќе види како некој постигнал успех на некое поле и се јавува црвче во него и тој да направи нешто по што луѓето ќе му се восхитуваат. Кај многу амбициозни луѓе сум забележала дека тоа што ги води напред во животот е инатот. Инатот да се докажат пред другите и желбата за туѓото внимание и мислење. За таквите луѓе не постои зборот Не можам и обично си имаат точно поставена цел кон која се стремат.

Од друга страна пак, ако тргнеме еве од прости примери како наведените од типот: Ама јас Сакам да држам диета и да ослабнам, ама Не можам или Леле колку ми се свиѓа типот, ама нема шанси тој да ме погледне, не сум достојна за него, на сите ни се случувале. И обично ќе се откажеме на првата или втората препрека што ќе се појави и тогаш истапуваме со изговорот: Абе пробав јас, ама сфатив дека Не го сакам тоа.
И ќе ги излажете со тоа другите на кои всушност и не им е ни гајле за вашиот живот, ама едно гласче во главчето ќе ви вели дека сте губитник и кукавица и ги оставате работите напола завршени.

Баш од вакви прости примери многу можеш да научиш за карактерот и психата на една личност. На пр. не може според мене една личност која ќе си вети на себе дека на пр. од утре ќе почне да спортува и после третиот ден никаде ја нема да очекуваш утре да се избори за некоја работа во животот од многу поголема вредност и значење или пак кога ќе и се појави конкуренција на патот.
Значи бидете упорни, но правите работи кои вам ќе ви донесат мир и задоволство, а не за да се докажете пред некој друг. Не можам е само изговор и еве потсетете се убаво, зашто сум сигурна дека сите сте имале таков момент, на задоволството и гордоста на самите себе кога сте постигнале некоја цел во која претходно сте ја вложиле сета ваша енергија и труд.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Има работи што можеш да сакаш, а да не можеш да ги направиш. Пробај да бидеш зависен од нешто и ќе те прашам.
Не секогаш човек е во состојба да се контролира 100% па тоа што сака да го оствари.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Има работи што можеш да сакаш, а да не можеш да ги направиш. Пробај да бидеш зависен од нешто и ќе те прашам.
Не секогаш човек е во состојба да се контролира 100% па тоа што сака да го оствари.
Се согласувам со тебе. Јас еве сакам да ги оставам цигарите на пример, ама не можам. Сум пробала неколку пати до сега, а бе ми се пуши цигара ми се плаче, ќе убијам некој околу мене тогаш.
А и некогаш тоа што сакаш да го направиш, не зависи од тебе и твоите можности. Многу често се случува некој да сака да направи нешто, ама не може. Зошто луѓе влегуваат во деприја од после, а?
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Јас еве сакам да ги оставам цигарите на пример, ама не можам. Сум пробала неколку пати до сега, а бе ми се пуши цигара ми се плаче, ќе убијам некој околу мене тогаш.
Аман бе дечки, сите си имате милиони примери околу вас за луѓе кои ги иставиле цигарите и кога ќе прочитам вакво нешто се нервирам најозбилно. Кога успеал татко ми после 13год. да ги остави цигарите или другарка ми после 4 години? Стварно ви паѓаат во вода ваквите оправдувања. Што, таквите личности да не се нешто повеќе од вас па успеале да ги откажат? Ама кога немате доволно цврст карактер да го направите тоа очигледно е дека ви е потребна мотивација и некој кој ќе ве турка напред. Епа најдете ја таа мотивација бе луѓе и ќе видете дека било можно. Само, читајќи ги коментарите од една ваква друга тема, мене ми се чини дека повеќето всушност Не сакате да ги откажете.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.050
Поени од реакции
954
Постои само сакам и не сакам нема можам и неможам.
Ај исечи леб.
-Неможам (несакам)
Тоа е тоа и на крај се се сведува на тоа колку јак карактер имаш и колку стоиш на твоето "јас".
Лебот веке секаде е иссечен на филлии -ПА И ДА САКАШ ДА ГО СЕЧЕШ - НЕМОЖЕШ:pos:
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Има работи што можеш да сакаш, а да не можеш да ги направиш. Пробај да бидеш зависен од нешто и ќе те прашам.
Не секогаш човек е во состојба да се контролира 100% па тоа што сака да го оствари.
Да има работи што сакаш а неможеш да ги направиш тесно се поврзани со други влијаниа од животот ке наведам два реални примери од секојдневното мое опркужување
1. Јас сакам да контактирам со мој блиски роднини, крв ми се си ги сакам но како да контактирам кога тие го оштетија моето семејсто за делби/поделби на парцели и тоа свесно за 5000-6000 евра ? Значит можам(знам каде живееат имаат мој број јас нивни, се гледаме понекогаш низ чаршија, значит имам еден куп прилики да го решам така, ама ето не сакам, не и не ради тоа што се злобни.
2. Секој според своите можности, имам околу мене еден куп другари/другарки сакаат нешто стварно недостижно а неможат да си го дозволат ево да речиме поради финансии итн итн... сепак све на крајот се сведува на тоа како си се развил ко карактер и колку си јак психички.

Се согласувам со тебе. Јас еве сакам да ги оставам цигарите на пример, ама не можам. Сум пробала неколку пати до сега, а бе ми се пуши цигара ми се плаче, ќе убијам некој околу мене тогаш.
А и некогаш тоа што сакаш да го направиш, не зависи од тебе и твоите можности. Многу често се случува некој да сака да направи нешто, ама не може. Зошто луѓе влегуваат во деприја од после, а?
Ова веке е банална работа јас сум имал многу навики па сум се одрекол од речиси сите ден денес се борам со некои но пак свесно си велам самиот Абе здрав прав те дал Господ ти одиш се влечкаш по пат ко љангур, значит вакви ситници не ги признавам, пред 7 години запознав човек тежок зависник од наркотични средства по 7 години човекот сега е манекен не му ни останува време за да се видиме да поразговараме од тоа што стана многу успешен, целта на муабетов ми е дека циграите се ништо си пробала неколку пати не можиш пробај уште неколку можеби на 10от обид ке се откажиш, не плачи не убивај :D прави нешто друго во тие моменти оди во теретана, тренирај кик бокс или друга вештина фокусирај се на друго нешто и оп ето проблемот е решен верувај ми ова се лесни работи, малце излегов од контекст со мислењево но донекаде се соглаувам со двајцата вас.
Мило ми е шо се отвори ваква тема шо не све ми идат да изнапишам :D па се читаме ај сега сиктер сите :D
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
3.056
еве ми прилика да си го изрекламирам коментарот од пред две, три години, поконкретно алудирам на табелата најдоле, баш го имам тоа "не можам" - > "не сакам" и други такви зборови ...

http://forum.kajgana.com/threads/Како-да-се-промениме-самите-себе.52770/#post-4291255
еве ја и тука

(мислења кои предизвикуваат слабост и болка и мислења кои предизвикуваат моќ!)
Болка ---------------------------- Моќ

не можам -------------------------не сакам
морам-----------------------------можам
Тоа не е моја грешка --------- Јас сум сосем одговорен
Ова е мој проблем--------------Ова е моја МОЖНОСТ!
Никогаш не сум задоволен----- сакам да учам и напредувам!
Животот е борба-------------------Животот е авантура
се надевам --------------------------ЗНАМ
Само кога би------------------------ СЛЕДЕН ПАТ!
што да правам? :( ------------------ знам дека можам да се справам со тоа!
Страшно е! ---------------------------Ова е поучно искуство!
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Немат НЕ МОЖАМ.
Или Не знам или Не сакам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom