А бе лесно е да ги осудиш, ама од друга страна тоа општество е поинакво од нашето. Ако е жената нееманципирана, необразована, непрошетана, како тогаш ќе знае како треба? Од каде ќе знае дека може да има моќ во своите раце? Тие жени се комплетно зависни од мажите таму, не можат ни да излезат од дома, се плашат. Поинаку е. Тука во Европа, Америка е друго, имаш интернет, едукација, те шлапне еднаш, пакуваш куфери и си одиш зошто знаеш дека имаш избор каде да одиш. Таму нема избор, нема едукација.
Не знам дали виде на интернет деновиве што ме потресе многу: девојче било со години силувано од очувот или таткото не сум сигурна, останала трудна и на плоштад ја каменуваа затоа што останала трудна вонбрачно. Што да прави тоа девојче? Сигурно не и е убаво, ама не знае друг начин. не знае друг живот. Каде ќе бега? И тие работи треба да се земат предвид.
Тука е друго. Ако јас во ова општество во кое живеам ме тепа маж ми и притоа уште седам со него, пошто “ме сака, ама некад не знае да покаже“ е тогаш заслужувам да ме наречат глупача, затоа што имам избор да си одам, а сепак седам. Кај нив е малку поинаку.
Јас го разбирам твојот револт, само сакам да ти посочам дека паричката има и друга страна.