Активистки на ФЕМЕН го запалија муслиманското знаме пред големата џамија во Париз

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Иако може да дискутираме на долго и на широко за феминизмот, протестиве кои ги прават овие девојки неможат, а да не се издвојат како посебни. Овие девојки имаат толку големи муда и срце, што неможам во последно време да пронајдам некој сличен на нив или некој храбар поединец да ги засени. ФЕМЕН се создадени во 2008 во Украина чија цел е протест против сексуални разлики, проституција и експлоатација на жената. За подоцна да ги преуредат своите цели против верски фанатизам, неправедни политички системи, дискриминација и слично. Протестираат голи метафорично означувајќи дека единственото оружје им е телото.

5-motika.com.mk.jpg

1-motika.com.mk.jpg

6-motika.com.mk.jpg

Еден објави карикатура од Мухамед, од дома не излезе. Овие јавно им кажаа дека претеруваат со радикалниот исламизам. Што уште треба да се случи за да се разбуди светот против верскиот фанатизам, диктатурите во светот и човековите права?
 
I dont know who you are, but i will find you and i will kill you !!!! ;)
Бог да ги прости цуриве отидоа млади за едно запалено знаме !!!!

можат да им се фатат на цуриве -.-
 
Браво за акциите НО не ми е јасно зошто имаат протести против гледање на жената како секс објект, а истовремено си го користат телото за да привлечат дополнително внимание? Оксиморон! Голем дел од луѓето гледаат во нив само пар цицки, точно она против кое се борат.
Ако овака се бориме сите против сексизмот, кај ни е крајот?
femen_1524299i.jpg

Ukraine_11_09_09_Swine_Flu.jpg

UKRAINE_EDUCATION_PROTEST_FEMEN160029--500x380_thumb%5B3%5D.jpg

Јас сум против голите протести воопшто, затоа што ретко кој ќе ја сфати поентата на протестот покрај толку голотија.
 
Јас незнам во нивните протести некој да им гледа во цицките. Баш им се експлозивни протестите, секогаш завршуваат со апсење и влечење. Папата кога си заминуваше каков одбор за испраќање му направија секоја чест. И претежно нивните тела се изнапишани со пароли, го користат своето тело за натписи, а рацете ги користат овој пат за палење на знаме кое потикнува радикален ислам и тоа пред џамија.
Требало внатре да влезат пиштол голи во среде џамија.
 
Девојкиве ги следам некаде од нивните почетоци. Алал да им е, за ваквиот начин на искажување на незадоволство против дискриминацијата врз женскиот пол. Мислам дека го нашле вистинскиот начин за да бидат забележани и чуени, за нештата за кои се залагаат. Во овој „машки“ свет, вака само може да се привлече огромно внимание на себе. Од мене имаат огромна подршка.
Браво за иницијативата и браво за храброста!
 
Во Македонија вака да запалеа знаме, ќе ни се качеја сите на глава од исламска заедница, обсе хелсиншки, амбасади и кој уште не. Двојни стандарди
 
Во Македонија вака да запалеа знаме, ќе ни се качеја сите на глава од исламска заедница, обсе хелсиншки, амбасади и кој уште не. Двојни стандарди

Ќе ги викнеме да запалат девојкиве. Па нека дојдат од ЕУ нека ги бркаат.
 
Оксиморон!

оффтопиk:

Често сум го слушал поимов, но никогаш не ми било јасно што значи? Морон ок, ама Окси? Ме асоцира на некој хемиски процеc :\
И секогаш кога некој го користел сум мислел дека некој пробува да се направи паметен на сметка на тоа што вреѓа со таков "фенси" израз.
Ништо лично како и да е.

А ок .. го најдов.. http://mk.wikipedia.org/wiki/Оксиморон
 
Јас не сум фенси шменси :icon_mrgr:

Он:

Жениве испаднаа поголеми мажи од сите мажи политичари во М.К. да не речам Н.Г. и Б.Ц.

Доста се котат и прават пиздарии веќе,време беше некој да им го плесне во фаца.
Поголеми мажи, од сите мажи во Светот. Додека радикалците не плашат како глувци, ние бегаме наваму натаму. Абе директно треба да се судри со радикализмот во било која форма. Им направиле карикатура, абе се попалија како мајка им дома да ја силувал некој бог да чува. Нека дојдат и кај нас кај овој Светиов и Пресветиов Архиепископ нека му го изгорат цел возен парк јас како верник ќе умрам од смеење, ма ако сакаат и пред Соборен хран гол нека го соблечат ќе ракоплескам.
 
Незнам зошто ама секогаш кога ќе видам/прочитам нешто за ФЕМЕН одма ми текнува на филмот Херкулес со Кевин Сорбо кога се бори против Амазонките кои го напаѓаат селото на мажите :pos:. Незнам зошто ама ептен ми доаѓа таа мисла, инаку респект за ова што го прават, иако мислам дека го прават на погрешен начин ( причините ги наведоа некои погоре )
 
Иако може да дискутираме на долго и на широко за феминизмот, протестиве кои ги прават овие девојки неможат, а да не се издвојат како посебни. Овие девојки имаат толку големи муда и срце, што неможам во последно време да пронајдам некој сличен на нив или некој храбар поединец да ги засени. ФЕМЕН се создадени во 2008 во Украина чија цел е протест против сексуални разлики, проституција и експлоатација на жената. За подоцна да ги преуредат своите цели против верски фанатизам, неправедни политички системи, дискриминација и слично. Протестираат голи метафорично означувајќи дека единственото оружје им е телото.

5-motika.com.mk.jpg

1-motika.com.mk.jpg

6-motika.com.mk.jpg

Еден објави карикатура од Мухамед, од дома не излезе. Овие јавно им кажаа дека претеруваат со радикалниот исламизам. Што уште треба да се случи за да се разбуди светот против верскиот фанатизам, диктатурите во светот и човековите права?
Најверојатно работат за истите кои го фураат и исламскиот радикализам и диктатурите по светот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom