e taka be izbristete mi gi komentite ccc, iako se sto napisav bese povrzano so temava!
Ја ќе ти одговорам, бидејќи и ти како човек имаш право на критичко размислување.
Прво веста која беше поставена се базира статија во
PRL V110/i14 издадена на 3 април 2013. Ќе ги прескокнам техничките детаљи дека реално и самиот не ги разбирам 100% , но заклучокот е дека " ... однесувањето на вишокот позитрони во овој енергетски спектар(0.5 - 350 GeV ) соодветствува со очекувањата на истражувачите(прев.)" и дека "... овие карактеристики укажуваат на постоење на нов физички феномен". Толку.Нема друг заклучок. Истражувањето продолжува, со тоа што дадениот теоретски модел е во согласност со експериментите, засега.
Е сеа малце за можниот број на универзуми.
Може да почнеме со
Тегмарковата класификација.
Чичево го класифицира можните појави на мултиверзум на 4 нивоа.Секое ниво му е такво да истото се гради од претходното.
Првото ниво , кое е доста генеричко, вика има бесконечно многу универзуми.
Второто ниво ги има стеснето степените на слобода и вредноста на можни универзуми е 101010,000,000( десет на степен десет на степен десет милиони ,голема бројка, не се трудете да ја замислете).
Третото ниво, секој можен избор претставува универзум за себе(од еден универзум се делат повеќе, во секој случај помал број на универзуми од нивоата 1 и 2).
Ниво 4, бројот на универзуми е ограничен со бројот на различните математички структури со кои може да се опишат истите.
Потоа следи
М-теоријата која вика дека може да постојат 10 или 11 универзуми.
Космологија на црна дупка, според која нашиот универзум е еден од можните кои се наоѓаат во црна дупка која е дел од поголем универзум(Inception ftw).
Теоријата на Брајан Грин за девет типа паралелни универзуми.
Сѐ на сѐ многу хипотези, многу теории, малку факти. Ќе се среди и тоа со време. Побуричкај малце по интернетов, ако ти фаќа око нешто.
Него поентата ми беше, дали има 7 универзуми? Седум е доста арбитрарен број. Има иста тежина,во овој контекст, како и 1000 или 2 или било кој број кој можеш да си го замислиш. И сеа дали има точно 7 универзуми? Можеби. Дали е веројатно да има точно 7 универзуми?
Не, веројатноста е незначајна, без разлика која од горните теории ќе биде изберена.
Се разбира може да го земеш и Куранот како извор на теорија, но истата би имала "научна" вредност колку што има "Алиса во земјата на чудата " за историчарите.