"Портите на пеколот" и македонскиот збор

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
Сеуште стои артиклот на Точка, каде наводно археолозите ги пронашле "поритите на пеколот" во денешно Памуккале во Турција. Но тоа што мене ме заинтересира не е тоа сензационално откритие туку нешто друго.
На една од фрескписите или што и да е е насликан изгледот на тоа мистично место каде луѓето и се живо умира се среќава зборот "воденичар" буквално напишано на македонски. Да се осигурам во тоа побарав подетално по други страни и изгледа само мене не ми се верува.

Демон јава човек на кој е закачен кружен камен и тоа добро се гледа а знаеме дека каменот е дел од воденицата а човекот што работи во неа е "воденичар"

Станува збор за древниот град Хиераполис...македонски/словенски збор напишан со словенско писмо во антички период? Каде грешам?

gi-pronasle-portite-od-pekolot-04.jpg

gi-pronasle-portite-od-pekolot-01.jpg
 
Казнет е поради гревот на обљуба, т.е. ја кршел т'нката снага на младата мома која барала да и се сомели житото во замена за коитус. Тој битов елемент е овековечен во оваа Македонска народна песна:

Горната фреска баш и не ми изгледа како старинска. Ова е карактеристична претстава на пеколот во средновековното христијанство.
Дај некој линк да видиме дали навистина фрескава е од горенаведеното место.
 
Најверојатно е симболично ставена сликата http://elitedaily.com/elite/2013/ar...l-turkey-matches-ancient-accounts-underworld/
 
Немојте само бугарите да се дочепат до темава... :) Немоеш да излезеш на крај со нив :D Инаку , чудно стварно, убаво на македонски напишано воденичар ...
 
Археолозите тврдат дека ја нашле “Вратата од пеколот”

Археолозите тврдат дека ја откриле “Вратата од пеколот”, митскиот портал кој води во подземниот свет, судејќи според грчките и римските легенди “Вратата од пеколот” пронајдена е во древниот град Хијераполис, денешен Памукале во Турција, а археолозите тврдат дека одговараат на историските описи. Според легендата, малиот хран стоел пред скалите, кои воделе во пештера исполнета со отровни гасови. Грчкиот антички географ Страбо, опишува дека “Вратата од пеколот” како простор е исполнета со толку густи испарувања што не е можно да се види земјата. -Секое животно кое ќе помине низ вратата, во истиот миг ќе се сретне со својата смрт. Пуштав врапчиња внатре- тие губеа воздух и умираа пред да паднат на земјата- вели Страбо. Тимот кој го предводеше археологот Франческо Дандриа од Универзитетот Саленто, смета дека ја открил оваа древна локација. -За време на ископувањето можевме да ги видиме сите смртоносни својства на овие локации. Неколку птици умреа од испарувањето на јаглерод диоксид откако се обидоа да се доближат на влезот- додава Саленто. Историчарите веруваат дека оваа локација ја уништиле христијаните, а бројните земјотреси само придонеле за неговото пропаѓање.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16270
 
колку пари е картата за у пеколот има ли голема редица или нешто вип.....
 
Сеуште стои артиклот на Точка, каде наводно археолозите ги пронашле "поритите на пеколот" во денешно Памуккале во Турција. Но тоа што мене ме заинтересира не е тоа сензационално откритие туку нешто друго.
На една од фрескписите или што и да е е насликан изгледот на тоа мистично место каде луѓето и се живо умира се среќава зборот "воденичар" буквално напишано на македонски. Да се осигурам во тоа побарав подетално по други страни и изгледа само мене не ми се верува.

Демон јава човек на кој е закачен кружен камен и тоа добро се гледа а знаеме дека каменот е дел од воденицата а човекот што работи во неа е "воденичар"

Станува збор за древниот град Хиераполис...македонски/словенски збор напишан со словенско писмо во антички период? Каде грешам?

Прегледај го приврзокот 61439
Зборот е на бугарски, бидејќи сликата е земена од бугарска црква во селото Радуил!
Еве ја црквата!
418px-Raduil-Nativity-of-the-Theotokos-Church.jpg

Други слични слики од таму:
800px-Frescoes-from-raduil.jpg
 
колку пари е картата за у пеколот има ли голема редица или нешто вип.....

Картата до вратата на пеколот кошта колку паметам 20тина лири(8-9 евра).

За потаму не знам, доволно пеколно беше и пред врата ко бев, ми се сомле некако умот за внатре...претпоставувам дека може да се изценкаш на врата со некој турски вратар на натемаго! Во овој или во оној свет, табието си е табиет мислам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom