Верски вести III

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.998
Поени од реакции
83.378
Албански муслимани и католици се степале за селските гробишта во Подгорица

Објавено: 11:38, 22/03/2013


1
Албанци муслимани и католици се степала во селото Динош кај Подгорица, поради селските гробишта. Петтмина се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од групата за интервенција.
Граѓаните муслимани не сакале да дозволат католичка фамилија да го изложи во капелата телото на својот починат близок во Америка. Но, откако интервенирала црногорската полиција, ковчегот е сместен во капелата.
Муслимански селани во средата со багер ги ископале влезните патишта кон селските гробишта, за да ги спречат своите комшии и сограѓани да извршуваат погребни церемонии.
Градоначалникот на Подгорица, Миомир Мугош, изјави дека однесувањето на муслиманските селани од Динош е „несфатливо“ и „особено необјасниво, бидејќи се работи за блиска фамилија по крв“.
Четириесет и девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад

22.03.2013 - 12:59:38


Четириесет и девет лица, меѓу кои и висок свештеник, загинаа во самоубиствениот бомбашки напад, кој беше извршен вчера вечерта во џамија во Дамаск, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на сириското Министерство за здравство.

Бројот на загинати во нападот врз џамијата "Ал Иман" во населбата Мазра изнесува 49 лица, изјавија од министерството.

Меѓу загинатите е најпознатиот сунитски свештеник во Сирија, Мохамед Саид ал Бути, кој бил близок на режимот.

Осумдесет и четири лица се повредени во нападот



Најмалку 20 лица убиени во судири меѓу будисти и муслимани во Мјанмар
Мејхтила, 22 март 2013 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа во дводневните судири меѓу будисти и муслимани во градот Мејхтила, централен Мјанмар, изјави опозициски пратеник.

Најмалку пет џамии биле опожарени од средата, кога избувна насилството, изјави пратеникот од опозициската „Национална лига за демократија“ Вин Хтеин.

- Нема знаци за нови насилства, но ситуацијата останува напната. Жителите на Мејхтила се затвориле во своите домови и не смеат да излезат на улица, рече тој.

Пожарите продолжуваат да беснеат, но гневни будистички жители и монаси им попречуваат на властите да го гаснат огнот во муслимански куќи.

Религиозното насилство пламна со нова сила откако минатата година во слични судири загинаа 200 лица во западната држава Рахин.

Amnesti: Muslimani na meti nasilja u Mjanmaru
Uvecaj!
Muslimansko stanovništvo na meti u Mjanmaru (Foto: nydailynews.com)
Sukob bezbjednosnih snaga i lokalnih plemenskih zajednica nastavlja se u zapadnom Mjanmaru šest nedjelja pošto je vlada proglasila vanredno stanje, navodi organizacija za zaštitu ljudskih prava Amnesti internešnal (Amnesty International).
Na meti nasilja su uglavnom pripadnici muslimanskog naroda Rohinja, a Amnesti za vinovnike optužuje i bezbjednosne snage i lokalne budiste.
Pripadnici Rohinja su na meti silovanja, ubijanja i prebijanja, dodaje Amnesti.
Tenzije izmedju Rohinja i budista u regionu Rakhajn na zapadu Mjanmara već dugo traju, prevashodno jer budisti smatraju Rohinje nelegalnim doseljenicima iz susednog Bangladeša.
Vlada je saopštila da je u sukobima u maju i junu ubijeno 78 ljudi.
Vanredno stanje u toj oblasti proglasseno je 10. juna

http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=3QzHVjet7g0
Добро бе како не ти е срам да стаиш слика од земјотресот у Тибет и да ја претставиш како слика од масакр над Муслиманите?
Ова се тибетански будистички свештеници кои ги собираат телата.
Дури и тој што поима нема и не те проверил, не би поверувал дека ете така се праи масакр и се трупаат тела пред камера.:tapp: А тој што знае повеќе, одма ќе ви каже дека на сликата се тибетански будисти, а не оние од Мијамар.
Не ти е шубе вака гнасно да ја злоупотребуваш туѓата мизерија за сопствената верска пропаганда?

http://newshopper.sulekha.com/ye-china-earthquake_photo_1638922.htm

Сакаш уште миљон линкови на кои има многу повеќе слики баш од ова трупање тела во Тибет по земјотресот?

Поставување на пропагандни видеа може у темата верска пропаганда.
Тука вести со линкови, и тоа не од сајтови на Хезболах.
Ти линк немаш од веста за наводниот масакр и си поставил слика од земјотрес во Тибет, на која имаш НУЛА Муслимани.
Али затоа имаш пропагандно видео.

Прашање до модераторите:

Дали може и ја и било кој друг да поставува вести без линкови и со слики кои немаат врска со настанот?
Дали може пропагандни видеа да се вреднуваат како верски вести или само вест од релевантен медиум со линк?

Прашувам тука затоа што сум баниран од таа тема за прашување, а прашањето се однесува баш на оваа тема.
Имаме вест, без линк, со лажна фотка и придружена од пропагандно видео. Не викам да им се забрани на членовите вака да прават, туку прашувам дали правилата важат за сите?

А најсмешно е тоа што веќе еднаш ја претставивте сликава како слика од наводниот масакр во Мијанмар и бевте разоткриени. Зошто пак се брукате?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
^^ ја сум на темава 24/7 и чекам некој да заебе работа да го банирам ... и имам специјален софтвер за откривање на лажни фотки ... не ме е*и

лажнава и глупа бесрамна пропагандава ќе ја средам.
другпат пријави го постот незнам зошто продолжувате со тие глупи тези дека некој некого протежира на подфорумов ...

ПС: твојот пост ќе го оставам баш како причина за бришењето на неговиот и казната која ја доби.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Izvor: Beta |
20. jul 2012. 10:33:19
20. jul 2012. 10:33:19 ???

Прочитај правила (во прв пост од темава) ... белким не мислиш да се враќаме низ историјата на многубројните религиски злодела од било која религија ... не постои сервер на светов шо ќе ги издржи сите тие глупости направени и од муслимани и од христијани
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
20. jul 2012. 10:33:19 ???

Прочитај правила (во прв пост од темава) ... белким не мислиш да се враќаме низ историјата на многубројните религиски злодела од било која религија ... не постои сервер на светов шо ќе ги издржи сите тие глупости направени и од муслимани и од христијани
jas se izvinuvam za toa ako taa slika bila pogresna eve od kade prezedov,http://www.vijesti.me/svijet/mjanmar-vjerski-sukobi-ne-jenjavaju-clanak-97587




exlexmk Izvor: Beta
20. jul 2012. 10:33:19 ???
toa go nadovrzav so slucuvanjeto denes istiod genocid od pred edna godina se slucuva denes,
Мејхтила, 22 март 2013 (МИА)http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/837882/index.html

PETAK 22.03.2013 | 08:01
Mjanmar: 20 mrtvih u sukobu,,http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2013&mm=03&dd=22&nav_category=78&nav_id=697557

Mjanmar: 20 mrtvih u sukobu

IZVOR: TANJUG
Jangon -- Najmanje 20 ljudi poginulo u sukobu budista i muslimana u Mjanmaru. Ljudi se plaše da izađu na ulicu, kaže poslanik opozicione Nacionalne lige za demokratiju.


Foto: Beta, AP

Jutros nema znakova novog nasilja, ali je situacija u gradu Meiktila i dalje napeta i opasna, rekao je Vin Htein, a preneo AP.
Zapaljene muslimanske kuće su gorele, a stanovnici budisti i budistički sveštenici su sprečili vlasti da ugase požare, kazao je on.
Najmanje pet džamija je zapaljeno tokom nasilja koje je počelo u sredu tako što je izbila svadja između vlasnika zlatare, muslimana i jednog kupca budiste. Budistički sveštenik je bio jedna od prvih žrtava nakon čega je masa budista krenula u uništavanje muslimanske četvrti.

Za sada je teško da se utvrdi kolika je materijalna šteta naneta gradu jer su stanovnici Meiktile suviše zaplašeni da izađu napolje i sklonili su se od nasilja u manastire i udaljene objekte.

Agencija AFP je izvestila da na ulicama ima izgorelih, ugljenisanih tela a da su delovi grada pretvoreni u pepeo.

Lokalni mediji kažu da je pet ljudi nestalo u nasilju, a prema AFP koji se poziva na izjavu lokalnog skupštinskog poslanika, poginulo je 25 ljudi, međutim taj bilans ne može da se verifikuje.

Vin Htein kaže da u Meiktilu sa oko 80.000 stanovnika živi oko 30.000 muslimana, ali da za njegovog života u gradu nije bilo sličnih okršaja. On smatra da je to rezultat dešavanja na zapadu zemlje od prošle godine.

Muslimani u Mjanmaru čine oko četiri procenta populacije od oko 60 miliona stanovnika, iako vlasti nisu sprovodile popis stanovnika poslednje tri decenije.

Muslimani su masovnije ulazili u zemlju kao radnici sa indijskog potkontinenta tokom britanske kolonijalne vlasti koja je okončana 1948. Međutim, i pored njihovog dugogodišnjeg boravka u tadašnjoj Burmi oni se nikada nisu potpuno integrisali u novoj sredini.

Beta, AP | 22. 03. 2013.
http://www.blic.rs/Vesti/Svet/373470/U-medjuverskim-sukobima-u-Mjanmaru-20-mrtvih
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.998
Поени од реакции
83.378
Украдени 13 икони од црквата „Св. Никола“ во струшкото село Модрич

Текст: Макфакс
Црна Хроника | 23 март 2013
Тринаесет икони се украдени од црквата "Св. Никола", во струшкото село Модрич, соопшти полицијата.

Според истиот извор, кражбата се случила во периодот меѓу 17 и 22 март, кога крадец, насилно ја отворил вратата и ги украл иконите.
Полицијата трага по сторителот.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Андреј Панин е убиен бидејќи ги повикал Русите да го прифатат Исламот

Mar. 23 занимливости no comments


Пред некој ден во Москва е убиен популарниот руски глумец Андреј Панин. Како известуваат поедини медиуми од Русија Андреј Панин е убиен со ладно оружје, односно нож. Убијците го убиле со дури 100 убоди од нож. Московската полиција не го третира неговиот случај како убиство, за нив Андреј се убил сам себеси при незгодно паѓање во својот стан. Меѓутоа поедини руски медиуми изминатите денови објавија занимливи информации кои откриваат дека Панин е убиен, а мотивот за убиство го гледаат јавниот повик на Панин до своите сограѓани да го прифатат Исламот. Оваа своја изјава Панин ја дал во неделниот лист: „Аргумент на неделата“. Имено Андреј во споменатото интервју ја критикувал Руската Православна црква и руското општество после што кажал: „Јас мислам дека сите ние треба да го прифатиме исламот“. Према еден број руски медиуми оваа изјава е можната причина што Панин е избоден до смрт. Православните екстремисти и неонацистичките групи се познати по овие врсти на злосторства во Русија. Пред некое време се монева дека истите групи стојат позади убиството на угледни муслимани и повикувачи во Ислам.

СААФ
http://islammylife.tv/vijesti/dunjaluk/item/1557-andrej-panin-ubijen-jer-je-ruse-pozvao-da-prime-islam
http://ruvr.co.uk/2013_03_21/Andrei-Panin-beaten-Russian-actor-death/
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
http://www.index.hr/black/clanak/fotografije-u-toplesu-mogu-je-stajati-zivota-19godisnja-tunizanka-pokazala-grudi-pa-se-suocila-s-prijetnjama-smrcu/669194.aspx

Ова е најинтересниот дел

“Mlada dama mora biti kažnjena s 80 do 100 udaraca bičem, ali zbog ozbiljnosti zločina koji je počinila, zaslužuje da bude kamenovana do smrti. Njen postupak može izazvati epidemiju. To je zaraza i može dati ideju drugim ženama", rekao je islamski propovjednik iz Tunisa Almi Adel.

Нема лабаво, смрт за сите такви. Шерија лоу:facepalm:
 

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Српски владика обвинет за сексуално насилство
Белград, 26 март 2013 (МИА) - Владика од српскиот град Врање е обвинет за сексуално злоставување служител во епархијата. Името на владиката по вторпат се споменува во таков контекст.

Владиката Пахомие (Томислав Гачиќ) изјави за Данас дека за обвинувањата дознал до медиумите. Тој ги отфрли обвиненијата и наведе дека ќе се појави пред суд ако биде повикан.

Пахомие е обвинет за сексуално насилство од Немања С. (24) кој работел во Врањската епархија. Владиката беше обвинет за сексуално напади и во случај со четири момчиња, потенцира весникот. Пахомие негира медиумски наводи дека е вмешан во илегално сечење шума во реонот на манастирот Прохор Пчињски и оти поседува автомобилски парк.
ИдиВиди

едит: извор
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Салафити од Авганистан и Пакистан уапсени во БиХ

Босанската полиција уапси денеска петмина членови на радикалното исламистичко движење салафити, државјани на Авганистан и Пакистан, соопшти Службата за врски со странство при босанското Министерство за внатрешни работи.


Службата треба да одлучи дали уапсените ќе бидат депортирани. Петмината салафити пристигнале во БиХ од Германија, престојувале во реонот на градот Тузла и имале врски со босанскиот државјанин Мурадиф Хамзабеговиќ, кој е осуден на шест години затвор поради трговија со луѓе.

Најпознатата салфистичка заедница во БиХ дејствува во областа Брчко. Нејзин член е и Мевлид Јашаревиќ, кој во октомври 2011 година изврши оружен напад врз зградата на американската амбасада во Сараево, за што беше осуден на 18 години затворска казна.

http://www.sitel.com.mk/salafiti-od-avganistan-i-pakistan-uapseni-vo-bih
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Десетици лица распнати на крстови на Филипините во знак на страдањето на Исус

29.03.2013 | 10:36

Десетици покаени грешници беа приковани денеска на крстови на Филипините по повод католичкиот Велики петок, кога се одбележување страдањето на Исус Христос.

Стотици други Филипинци се камшикуваа самите себе си до потекување на крв во знак на покајание.

Ритуалите на Велики петок се кулминација на великденските празници на Филипините, каде 80 отсто од 94-те милиони жители се католици.

Илјадници верници и туристи се собраа во градот Сан фернандо во провинцијата Пампамга, на 60 километри од Манила, каде повеќе од 30 лица со шајки беа приковани за крстови.

Вилфредо Салварод, 57-годишен рибар изјави дека веќе седма година по ред учествува во ритуалот со приковување како израз на благодарност за сите чуда што досега му се случиле во животот.

- Сакам исто така да добијам и простување на гревовите, додаде тој, откако шајки од 7,5 сантиметри му беа забиени во дланките.

Римокатоличката црква не ги одобрува крвавите ритуали и ги повикува верниците наместо да учествуваат во нив да присустуваат на црковните служби, бдеењата и на други церемонии во нивните епархии.
--- надополнето: 29 март 2013 во 19:21 ---
Католиците го одбележуваат Велики петок

29.03.2013 | 10:42

http://24vesti.mk/katolicite-go-odbelezhuvaat-veliki-petok

Католиците денеска го одбележуваат Велики петок - денот кога пред две илјади години, Исус Христос со својата мака и смрт на Крстот ги ослободи луѓето од гревовите.


За католиците Велики петок значи и пост и немрсење. Иако многумина мислат дека се работи за синоними, односно дека треба да се воздржуваат само од јадење месо, тоа не е така. На овој ден дозволен е само еден оброк и тој мора да биде без месо.


Стотици христијани го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја.

Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок.

Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос.

Христијаните веруваат дека Исус бил распнат во петок и оти воскреснал на Велигден, в недела. Православните христијани, кои се раководат според стариот Јулијански календар, Велигден оваа година го празнуваат во ма
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Малала потпиша договор за книга вреден 3 милиони долари

Пакистанката Малала Јусуфзаи, активистка за право на девојчињата за школување, која талибанците се обидоа да ја убијат, потпиша договор за книга вреден околу 3 милиони долари.

Петнаесетгодишна Пакистанка изјави дека во мемоарите ќе ја раскаже својата приказна, но и на милиони други, на кои што им е ускратена можноста да одат на училиште, пренесе „Би Би би си“.

Сакам да ја пренесам својата приказна, преку приказната на 61 милиони деца, кои што не можат да се школуваат. Се надевам дека книгата ќе допре до сите луѓе низ светот, за да сфатат колку им е тешко на некои деца да добијат образование – изјави Малала.

Книгата „Јас сум Малала“ треба да биде објавена оваа есен.

Сакам оваа книга да биде дел од кампањата, за да им се овозможи на младите да имаат право да одат на училиште. Тоа е нивно основно право – изјави Пакистанката.

Таа на 9-ти октомври беше мета на напад на талибанците, поради тоа што ги критикуваше бунтовничките групи и се залагаше за образование на сите девојчиња, на што се противат исламистичките екстремисти.

Сега со семејството живее во Бирмингем, каде што се уште се опоравува од повредите.

Издавачката куќа Вајденфелд Николсон соопште дека во мемоарите ќе биде опишан и нападот на малата Малала.

http://a1on.mk/wordpress/archives/126874
BRAVO
--- надополнето: 29 март 2013 во 21:16 ---
„Независне новине“: Се обединуваат муслиманите од регионот на поранешна Југославија

Органите на Саборот на Исламската заедница од БиХ ги привршуваат серијата јавни расправи ширум регионот за предлог платформата за промена на Уставот на Исламската заедница (ИЗ) на БиХ, што практично подразбира создавање единствена Исламска заедница на просторот на поранешна Југославија и духовно поврзување на муслиманите.
Пред неколку дена новата платформа ја поддржа и Мешихатот на Исламската заедница на Србија, со кој раководи муфтијата Муамер Зукорлиќ, усвојувајќи заклучоци со кои ја поддржаа промената на Уставот „ и се потенцираше ориентацијата кон зацрвстување на единствена Исламска заедница и уставно уредување со цел поефикансо функционирање на сите органи на ИЗ“.

Потпретседателот на ИЗ на БиХ и некогашен премиер на ФБИХ Едхем Бичакчиќ, за “Независне новине“ појаснува дека Уставната комисија на Ријасетот на ИЗ на БиХ ја утврдија предлог платформата за промена на Уставот, а на иницијатива на неговиот реис-и-улема Хусеин Кавазовиќ, таа е испратена на јавна расправа заради претпоставката дека ќе има амандамани на текстот на платформата.

-Меѓу другото, се засилува позицијата на улемата и поинаку се уредува Ријасетот, вели Бичакчиќ.

Според него, промените на Уставот ќе значат и „опфаќање на сите муслимани во БиХ и поранешна Југославија“, освен Косово, кон кое ќе се иградат посебни односи.
http://denesen.mk/web/2013/03/26/nezavisne-novine-se-obedinuvaat-muslimanite-od-regionot-na-poranesna-jugoslavija/
--- надополнето: 29 март 2013 во 22:49 ---
Над 20 жртви во напади врз шиитски џамии во Ирак
пред 8 часа

Најмалку 22 луѓе загинаа и над 140 се ранети денеска во Ирак во напади врз четири шиитски џамии во Багдад и Киркук, соопштија властите.
Три експлозии одекнале за еден час пред храмови во Багдад. Убиени се најмалку 19 луѓе и ранети се 72.

Четвртиот напад бил извршен пред шиитска џамија во Киркук на околу 240 км. северно од Багдад.

Загинале тројца и ранети се 70 луѓе. Етничките и религиски поделби продолжуваат да бидат закана за стабилноста на државата на долгорочен план. Сунитски бунтовници продолжуваат со напади врз шиитското мнозинство, јавуваат западни медиуми.

http://denesen.mk/web/2013/03/29/nad-20-zrtvi-vo-napadi-vrz-siitski-dzamii-vo-irak/
--- надополнето: 29 март 2013 во 22:50 ---
Бангладеш: Пет жртви во нови судири меѓу исламистите и полицијата

Во новите судири во Бангладеш меѓу исламистите и полицијата загинаа најмалку пет лица, а десетици беа ранети.
Три од смртните случаи биле во округ во северниот дел на земјата, каде полицијата пукала во самоодбрана, откако биле нападната од активисти на опозициската исламистичка партија „Џамаат-е-ислам“. Тие се обиделе да уапсат учесници во бранот вандализам по осудувањето минатиот месец на исламистичкиот лидер за воени злосторства.

Најмалку 17 полицајци се повредени. Уапсени се 25 лица за учество во напади врз електроцентрала и други објекти на 1 март.

Локалните лидери на „Џамаат-е-ислам“ повикаа за еднодневен штрајк против полициското насилство.

Уште две жртви загинале во судири во друг округ на околу 200 километри северозападно од Дака.
http://denesen.mk/web/2013/03/29/banglades-pet-zrtvi-vo-novi-sudiri-megu-islamistite-i-policijata/


--- надополнето: 29 март 2013 во 22:51 ---
Стотици христијански верници минаа по Исусовиот пат во Ерусалим

Ститици христијански верници минаа денеска во процесија по Патот на страдањето (Via Dolorosa) во Ерусалим, на кој според христијанското верување минал Исус носејќи го крстот.


Тие одбележувајќи го Велики петок на секој од 14 места каде застанувал Исус, изговараа молитви се до црквата на Христовиот гроб подигната на местото каде бил распнат, погребан и воскреснал.

Одбележувањето на Велики петок ден кога Исус бил распнат, почна со утринска миса во Црквата на Христовиот гроб. Подоцна свештеници служеа миса во Црквата на Христовото раѓање во Витлеем на Западниот брег.

Христијаните веруваат дека Исус воскреснал во недела и римокатолиците и протестантите кои го почитуваат Грегоријанскиот календар ќе го слават Великден на 31 март. Православните христијани по стариот Јулијански календар ќе го одбележат Воскресението христово во мај. Израелското Минситерствот за туризам очекува околу 150.000 посетители во Израел в недела кога се совпаѓаат Великден и еврејскиот празник Пасха.
http://denesen.mk/web/2013/03/29/stotici-hristijanski-vernici-minaa-po-isusoviot-pat-vo-erusalim/
--- надополнето: 29 март 2013 во 22:53 ---
Грешници приковани на крстови на Филипините

Десетици покаени грешници беа приковани денеска на крстови на Филипините по повод католичкиот Велики петок, кога се одбележување страдањето на Исус Христос, јави ДПА.
Стотици други Филипинци се камшикуваа самите себе си до потекување на крв во знак на покајание.

Ритуалите на Велики петок се кулминација на великденските празници на Филипините, каде 80 отсто од 94-те милиони жители се католици.

Илјадници верници и туристи се собраа во градот Сан фернандо во провинцијата Пампамга, на 60 километри од Манила, каде повеќе од 30 лица со шајки беа приковани за крстови.

Вилфредо Салварод, 57-годишен рибар изјави дека веќе седма година по ред учествува во ритуалот со приковување како израз на благодарност за сите чуда што досега му се случиле во животот. – Сакам исто така да добијам и простување на гревовите, додаде тој, откако шајки од 7,5 сантиметри му беа забиени во дланките.

Римокатоличката црква не ги одобрува крвавите ритуали и ги повикува верниците наместо да учествуваат во нив да присустуваат на црковните служби, бдеењата и на други церемонии во нивните епархии.
Стотици други Филипинци се камшикуваа самите себе си до потекување на крв во знак на покајание.

Ритуалите на Велики петок се кулминација на великденските празници на Филипините, каде 80 отсто од 94-те милиони жители се католици.

Илјадници верници и туристи се собраа во градот Сан фернандо во провинцијата Пампамга, на 60 километри од Манила, каде повеќе од 30 лица со шајки беа приковани за крстови.

Вилфредо Салварод, 57-годишен рибар изјави дека веќе седма година по ред учествува во ритуалот со приковување како израз на благодарност за сите чуда што досега му се случиле во животот. – Сакам исто така да добијам и простување на гревовите, додаде тој, откако шајки од 7,5 сантиметри му беа забиени во дланките.

Римокатоличката црква не ги одобрува крвавите ритуали и ги повикува верниците наместо да учествуваат во нив да присустуваат на црковните служби, бдеењата и на други церемонии во нивните епархии.
--- надополнето: 29 март 2013 во 22:55 ---
Руските научници докажале: Молитвата има чудесна моќ на излекување

поред дефиниција, молитвата е облик на обраќање кон Бог, по пат на воспоставување на однос со Бог, боженство, односно со божица, или со богови. Православните и католиците обично се молат и на светците, Марија и ангелите чувари.


Неодамна руските научници од универзитетот во Санкт Петерсбург материјално докажале дека чудесните излекувања се поврзани со духовноста и откриле голем број телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее во моментот на молитва или верски обред. Научниците докажале дека кај верникот кој е продлабочен во молитвата потполно е исклучена мозочната кора, а тоа ги означува потполната сигурност и отсуството на стрес.

Молитвата – лек против негативно размислување

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и востановил дека кај монахот кој се моли потполно е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст до три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае на луѓето.

Молитвата е моќен лек не само за регулирање на сите процеси во човечкиот организам, туку ја обновува и уништената структура на свеста, тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија во Санкт Петерсбург.

Повеќето болести се предизвикани од негативни ситуации и умно потенцирани проблеми кои за време на молитвата се повлекуваат или дури потполно исчезнуваат. Научниците докажале дека по мисата и другите верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Наводно е докажано дека и звукот на ѕвоната ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства на излекување зависно од степенот на верување на верниците што всушност е само додадок на теооријата за „помнење на водата“.

http://denesen.mk/web/2013/02/16/ruskite-naucnici-dokazale-molitvata-ima-cudesna-mok-na-izlekuvanje/
--- надополнето: 29 март 2013 во 23:05 ---
Торинското платно во кое беше замотано Христовото тело не е фалсификат
Објавено: 19:29, 29/03/2013

Науката застана на страната на верниците. Најновото истражување докажа дека Торинското платно, за кое се верува дека во него било завиткано телото на Исус Христос, не е средновековен фалсификат.

Експертите дојдоа до заклучок дека платното потекнува од периодот помеѓу 300 година пред новата ера и 400 година од новата ера, што значи дека прилично лесно е возможно телото на Исус токму во тоа платно да било положено во гробот.

Торинското платно е долго нешто помалку од пет метри, а на него јасно се гледаат отисоци од човечка долга коса и брада, но и крвави дамки на местата каде што се наоѓале рацете и стапалата, што одговара со раните кои Исус ги доби при распнувањето на крстот.

Целосните резултати од истражувањето ќе бидат објавени денес, на Голем петок според католичкиот календар, а утре ќе бидат прикажани на телевизија. И покрај тоа, се претпоставува дека пристапот на јавноста до ова платно нема да биде можен уште 10 до 12 години.
http://a1on.mk/wordpress/archives/127464
--- надополнето: 29 март 2013 во 23:10 ---
ФОТО: Папата Френсис изми нозе на затвореници
Објавено: 22:24, 28/03/2013

pop.jpg


Папата Френсис во затворот за малолетници Касал дел Мармо изми нозе на дванаесетина момчиња и девојчиња, кои што се обвинети за различни престапи.

Мојата должност како бискуп е да бидам слуга, а тоа доаѓа од моето срце – изјави папата.

Пред затворот папата го дочекаа бројни верници, кои што изразија задоволство што ќе ги смени обичаите во црквите и што вербата ќе ја приближи до луѓето кои што живеат на маргините во општеството.

Животните приказни на младите лица во римскиот затвор се многу тешки, на многумина и родителите им се во затвор.
http://a1on.mk/wordpress/archives/126973
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Облог: Кој ќе докаже дека Бог не го создал светот ќе добие 10.000 долари!

30.03.2013 | 15:56
Извор: Точка
Научник кој верува дека Бог навистина го создал светот, д-р Џозеф Мастропаоло, нуди 10.000 долари на оној кој ќе успее да го докаже спротивното пред суд, и да потврди дека науката го побива тврдењето на Стариот завет.

Д-р Џозеф Мастрополо, научникот кој верува дека Господ го создал светот, нуди 10.000 долари на секој кој пред суд може да докаже дека науката ја побива буквалната интерпретација на Стариот завет.

Тој организирал натпревар наречен „Literal Genesis Trial“ со надеж дека ќе го зголеми квалитетот на аргументи во расправите помеѓу креационистите и еволуционистите, а кога некој ќе одлучи да влезе во дебата со него, ќе вложи 10.000 долари како залог.

Истиот износ ќе мора да го вложи и неговиот противник, така што победникот од расправата ќе излезе со 20.000 долари в џеб.



Аргументацијата не би се одвивала како пред вистински суд, туку низ алтернативен облик на спор, на таканаречено мини-судење. Нема да се одржи во судница, но Мастропаоло тврди дека на него ќе бидат пристуни судски службеници и судија, а претставените докази ќе мора да бидат „објективни, правилни, веродостојни и калибрирани“.

„Еволуционистите не се глупави луѓе, тие се бистри, но доволно бистри да знаат дека не постои научен доказ кој можат да го претстават на вакво мини-судење“ – изјавил научникот, кој тврди дека еволуцијата не може да биде научно докажана:

„Изгледа дека во вселената не постои ништо што еволуира, се’ оди во сосема спротивен правец“ – објаснил тој.

Д-р Мастропаоло објаснил и дека ќе направи листа на потенцијални судии, но за конечната одлука ќе мораат да се согласат сите учесници.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Папата повика за мир на Блискиот Исток
30.03.2013 | 09:51
Свет

Папата Франциско синоќа првпат ја одбележа традиционалната церемонија Велики петок, повикувајќи во исто време за мир на Блискиот Исток, „кој го разоруваат неправдата и конфликтите“.

Новоизбраниот аргентински папа ја предводеше церемонијата со која се потсетува на последните часови од животот на Исус Христос, при што процесијата го обиколи Колосеумот во Рим.

Тој ги изговори молитвите и за христијаните во регионот на Блискиот Исток, како и за „нашите муслимански браќа“.

- Христијаните мора да одговорат на злото со добро, примајќи го на себе крстот како што тоа го стори Исус, рече папата Франциско на церемонијата одржана покрај 2.000 години стариот римски амфитеатар.

http://24vesti.mk/papata-povika-za-mir-na-bliskiot-istok
--- надополнето: 31 март 2013 во 03:13 ---
30. March 2013 - 10:49
Во Мјанмар во верски судири загинаа 43 лица

Бројот на жртвите во верските судири меѓу будистите и муслиманите во централен Мјанмар се зголеми на 43, а уништени се над 1.300 куќи и други згради, објавија денеска државните медиуми.

Најмалку 68 лица се уапсени поради судирите меѓу будисти и муслимани во кои 11.376 лица останаа без своите домови, објави весникот „Њу лајт оф Мјанмар“. Регистрирани се вкупно 163 случаи на насилство во 15 градови, наведува весникот.

Изгледа дека ситуацијата се смири откако претседателот Теин Сеин завчера вети жестоки мерки против оние кои стојат зад насилствата за кои ги обвини „политичките опортунисти и верските екстремисти“.

http://sitel.com.mk/vo-mjanmar-vo-verski-sudiri-zaginaa-43-lica
--- надополнето: 31 март 2013 во 03:18 ---
Папата го фали пријателството со Муслиманите

Папата Франциско го пофали „пријателството со толку многу Муслимански браќа“ за време на пророцесијата по повод католичкиот Велики петок која го претставува Исусовото воскресение и годинава беше посветена на страдањата на Христијаните на Блискиот исток.

Ноќната процесија Патот на Крстот во Римскиот Колосеум е еден од најдраматичните ритуали за време на Светата недела, кога Христијаните ја паметат смрта и воскресението на Христос.

Оваа година, мислите кои беа прочитани ги приредија млади верници од Либан. Многу од молитвите се онесуваа на страдањата на Христијаните од Блискиот исток во кои се бараше да се стави крај на „насилниот фундаментализам“, тероризмот и „војната и насилствата кои во ова време уништуваат повеќе земји од Блискиот исток“.

Франциско, кој стана папа пред неколку седмици, сепак одбра да ги нагласи позитивните релации на Христијаните со Муслиманите во регионот.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=2086
--- надополнето: 31 март 2013 во 03:19 ---
Каменување за топлес-активистката


Муслимански свештеник побарал каменување на Амина Тајлер, девојката која се сликала со голи гради, а фотографиите ги објавила на интернет. 19-годишната Тајлер предизвика гневни реакции во Тунис кога минатата недела на интернет ги постираше своите фотографии со голи гради, цигара во раката и натпис на арапски јазик: "Моето тело е моја сопственост".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8D205CDBE7AA0D4C86FA4AE44608B133
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018

Заради навреди на исламот и навреди врз претседателот Мохамед Морси, египетскиот јавен обвинител побара апсење на популарниот сатиричар Басеми Јусеф.


Според западни медиуми, неколку жалби биле поднесени против Јусеф, водител на неделна шоу програма Албернамег во која малку јавни личности се поштедени од неговиот хумор.
Јусеф во неколку наврати ги стави на потсмев владејачките исламисти, особено Морси.
Порастот на бројот на тужби против Јусеф ги фрли во сенка ветувањата на египетскиот претседател за почитување на слободата на изразување што беше клучно за учесниците во народниот бунт во кој во 2011 година беше симнат од власт режимот на Хосни Мубарак.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Хрвати украсија велигденско дрво во Штип

Здружението на Хрвати во Штип го накитија најголемото велиденско дрво во Македонија. Дрвото е поставено во холот на универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ и украсено со околу 400 велигденски јајца. Долорес Кажуба од Здружението на Хрвати во Штип се надева дека наредната година за Велигден дровото ќе биде украсено со уште повеќе велигденски јајца.

- Сакам на сите верници од католичка вероисповед, како и на сите мои сограѓани, затоа што нашите Велигдени се христијански празници, да им ги честитам, да се среќни и благословени, и кај сите нас да постои насмевка која ќе не сплоти - рече Кашуба.

Велигден на католичките верници во Штип им го честиташе и новиот штипски градоначалник Илчо Захариев, кој наредната недела ќе го потпише решението за градоначалничкиот мандат. Очекува оваа година да биде осветена и новата католичка црква во градот.

Католичкиот Велиден во Штип го слават 55 семејства, кои го слават и православниот зашто се работи за брачни двојки од различна вероисповед.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=75340
 

Kajgana Shop

На врв Bottom