Сопствена трговска марка (Private label)

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Колку ви е познат терминот private label ?
Дали го оправдувате и зошто ?

4534585657_a6edcb1e88.jpg

Рrivate label- сопствена трговска марка, или приватна марка - која најчесто се среќава кај некои супер/хипер маркети

Со создавањето на приватни марки - одредена компанија добива подобра контрола над произвоството , квалитетот како и во формирањето на цената.
Обично производите под такви приватни марки , се некаде 10—15 % поефтини од своите аналози.

Во рамките на својата малопродажна мрежа, Тинекс, во 2005 година, ја создаде и програмата "Extra", која се состои од голем избор:eek:на сопствени високо квалитетни производи по забележливо ниски цени.
Производите под брендот "Extra", кои ги има над 300, се селектираат од тимот на Тинекс, кој посебно внимание посветува на запазување на два основни критериуми - ВИСОК КВАЛИТЕТ и НИСКА ПРИСТАПНА ЦЕНА. Станува збор за соработка помеѓу Тинекс и мрежа на соработници - производители, од кои најголем дел се македонски компании. За квалитетот на овие производи стои ознаката "Extra".
Голем избор на "Extra" производите можат да се најдат во сите Тинекс маркети и тоа во следниве категории:http://www.tinex.com.mk/mk/Products/ExtraProducts/22-zhitarici

Тоа во превод би значело ПРЕПАКУВАЊЕ и СЕБЕРЕКЛАМИРАЊЕ- без посебни трошоци за екстра и скапи реклами
 
Сметам дека и во Македонија потребно е токму како и во Украина и во Русија каде во согласност со Законот за заштита на правата на потрошувачите - независно од тоа под која и каква марка се јавува/продава еден производ на пазарот на опаковката задолжително да биде назначено името , адресата на реалниот производител на тој продукт.
 
Мислам дека во и тука на сите такви производи е назначено каде и кој е произведено нешто, само што е шо толку ситно напишано, со микроскоп треба да ги читаш.

Воедно и секој производ треба да е со декларација (павторно да читаш со микроскоп) инаку казна за фирмата.
 
Добра работа за сите.
Производителите ке се степаат кој да пакува прајватлебел за големите трговски ланци.

Зошто сите добиваат?
Производителот, затоа што знае дека има сигурна продажба, постојан раст, форсирање на производот од страна на продавачот...

Маркетот, затоа што ке добие производ со подобар сооднос цена/квалитет. На истиот производ ке има поголема заработка.

Купувачот, затоа што добива производ со сличен квалиетт, а со пониска цена.....

Сите срекни и задоволни.......
 
тоа е во ред.... Но, може ли немакедонски производи да речеме(кинески) да бидат затскриени зад ваквата марка и да бидат пласирани на пазарот како МК производ?!
Што во тој случај?
 
1. Oва е дупликат тема има веќе една... тука.
2. @FARANG он се разбира од овие работи најмногу...
 
тоа е во ред.... Но, може ли немакедонски производи да речеме(кинески) да бидат затскриени зад ваквата марка и да бидат пласирани на пазарот како МК производ?!
Што во тој случај?
Мислиш како србско млеко што оди како Битолско, а ние сите срекни што пиеме “домашно“?...
 
1. Oва е дупликат тема има веќе една... тука.
2. @FARANG он се разбира од овие работи најмногу...
Таа тема е затворена.
Инаку ова нешто како на Хедис на Рамковски што беше ?
 
Таа тема е затворена.
Инаку ова нешто како на Хедис на Рамковски што беше ?
Отворена е темата за коментари...И има објаснувања таму. Прв пат видов прајват лејбл во Македонија пред 15 години имаше Кам Маркет свои производи под Лејбелот „Камко“ генерално беа од германско производство ги има уште во Кам мислам. Се си пишува убаво на нив...и во ред се.
 
Back
На врв Bottom