Фан клуб - РК Металург

Денес ќе има на мтв Металург- Вардар ?
--- надополнето: 27 март 2013 во 16:17 ---
Kaчик милијарда посто нема да игра во двомечот, Штрлек ќе биде во конкуренција (се опорава) али нема ваљда голема минутажа да има, а Чупиќ изјавија дека 50-50 се шансите да игра на првиот натпревар, а на вториот 100% ќе игра.. Читав вчера на страна на Киелце али сега не можам да ја најдам ја барав, на англиски беше
 
Честитки за пласманот во 8те најдобри.Секоја чест.:cuc:
Кога ќе се погледне листата на тимови во 1/4 финале,посебно нивните буџети,успехот уште повеќе добива на вредност.
Киелце беше најдобрата опција од понудените 4 за противник во четвртфиналето но сметам дека воопшто не е лесен противник.Тие се фаворити во двомечот ама се надевам дека со пожртвувана игра и добра тактика може да се изненади.Без разлика на исходот во 1/4 финалето,Металург веќе испиша историја (y) се дополнително би било исклучителен резултат.
Оние моменти на мечот со Динамо,првиот дел од 2 полувреме,кога се кршеше резултатот и кога се реши мечот,атмосферата во салата беше како во вулкан.И старо и младо,и деца и жени сите беа на нозе.Да се наежиш.:cuc:
Тоа е тоа што ми се допаѓа кај публиката на натпреварите на Металург.Луѓе од секоја возсрасна група,девојки/жени исто колку и мажи,деца....
И одлична организација на мечевите.(y) Убаво е чувството кога одиш на натпревар и знаеш дека се мали или никакви шансите некој да ти истури сок и семки врз глава.:)
Го разбирам ривалството Вардар-Металург,и претпоставувам дека на најверните навивачи на Вардар им е тешко да навиваат за Металург, макар се работело за Европско натпреварување,но не гледам причина сите како Македонци да не се радуваме и да не ги вреднуваме успесите на Металург.Факт е дека клубот поставува некои повисоки стандарди во машкиот ракомет кај нас.:)
Напорно е да се чита препукувањето Вардар-Металург во повеќето ракометни теми во однос на навивачите.
Да,јас одам на мечевите на Металург затоа што сакам да гледам успеси,добра организација и игра.Не се премислувам да платам карта независно од мојот буџет,зошто знам дека тие час и половина ќе уживам.И ако следната година и Вардар настапува во некое Европско натпреварување,исто ќе одам да навивам и за нив и да се радувам на нивните успеси.Ќе навивам за секој Македонски клуб кој игра со срце и кој успешно не претставува во Европа.И не се сметам за инстант навивач или навивач-позер,туку за патриот.:)
Уште еднаш честитики на Металург за големиот успех,а најмногу за Минчо кој не штедеше да направи од Металург тоа што е денес.:cuc:
 
Надежни се комшииве,мала увертира за тоа што ги чека во СЕХА полуфинале.

Победничката серија продолжува,атмосферата во тимот е на врвно ниво ! (y)
 
Батинович ми го наполни срцето, многу ќе ми биди мака ако си замини летово. За Вугринец ги имам потрошено сите зборови, не знам шо да кажам .....
 
Честито поведа Металург не го гледав мечов не знам ни кој играл само гледам дека си продолжува Металург да гази и на небитни мечеви. Ебење до крај оваа сезона мора да има такада не се сомневам во титулите далеку најквалитетен состав на сите времиња во Македонија.
 
Батинович ми го наполни срцето, многу ќе ми биди мака ако си замини летово. За Вугринец ги имам потрошено сите зборови, не знам шо да кажам .....
и мене ми е еден од поомилените,игра добра одбрана во 5-1 зона како “индијанец“ има квалитети и за во напад али многу ретко добива шанса да се истакне...иначе околу денешната утакмица нема што да се каже продолжуваме да им набиваме комплекси на комшииве,пoбедата си се брои без разлика на тоа што немаше резултатски императив!
 
И по незнам кој пат ГАЗИ ГАЗИ МЕТАЛУРГ...........:vozbud:
 
Да не знае некој колку би требало да се движат цените на картите, за натпреварот против Киелце?
 
The best overall defence of all teams:
Metalurg Skopje are still clearly on top of the overall defence ranking of the current season by 260 goals conceded in 12 matches (an average of only 21,6 goals). Veszprem are runners-up as only one of two teams with less than 300 conceded goals.
Metalurg Skopje: 260
MKB Veszprem 287
Vive Targi Kielce 302
FC Barcelona Intersport 302
Atletico Madrid: 324
THW Kiel: 328
SG Flensburg-Handewitt: 329
HSV Hamburg: 332
Одбранава:cuc:
 
МЕТАЛУРГ Е МОРАЛЕН ПОБЕДНИК НА ЛШ

31.03.2013 10:44
gorenje-metalurg-banskoliev-50_resize_resize-610x218.jpg
Статијата е преземена од весникот “Нова Македонија“
Лино Червар веќе четврта сезона го предводи македонскиот ракометен првак Металург и е еден од најзаслужните за неговите успеси на домашен и на меѓународен план. Под негово раководство Металург е на чекор и до фајнл-форот во Лигата на шампионите.
Како успеа Металург да биде таму каде што е денес во европскиот и светски ракомет, со буџет што е и за 10 пати помал од другите славни клубови?
- Металург е еден посебен клуб, во смисла на тоа дека во изминативе 42 години, колку што постои, заслужни се генерации и генерации ракометари, но и луѓе што го воделе. Тој има една мошне значајна карактеристика за сето изминато време, а тоа е ентузијазмот, кој особено го красел. Металург е всушност клуб од периферијата на градот, кој опстојува во една работничка населба, која се вика Автокоманда. Со години тренира во една спортска сала што е половина од камен, а половина од дрво, и тоа истрошено дрво, кое забот на времето така го оштетил, што во салата протекува вода и дува ветер од сите страни. Но внатре во таа сала не е оддуван ентузијазмот. И понатаму останаа онаа желба и волја да се направи нешто добро. Се менуваат генерации ракометари во една таква трошна сала, тренираат стотина деца секојдневно, но ентузијазмот е тој темел на кој денес се градат сите тие успешни резултати. А токму со тие резултати Металург е денес во Топ 8 во ЛШ. Токму затоа Металург денес е морален победник во цела таа ЛШ, бидејќи е единствениот клуб што од периферијата на градот стигнал до осумте величествени во европскиот, а со тоа и во светскиот ракомет. Тоа е она што го прави овој клуб поинаков од останатите, а мене многу среќен, што сум дел од него. Во текот на сите четири изминати години постепено го надградуваме претходно постигнатиот успех, за да дојдеме до денешниот. Заслугите за ова, секако, припаѓаат на сите генерации што учествувале во неговата историја и одржување, сѐ до денешното раководство и ракометари, на чело со спонзорот Минчо Јорданов, без кого оваа генерација не би го имала сегашниот голем резултатски успех.
Кои ќе бидат следните цели на Металург?
- Во новата сезона Металург ќе се појави со една нова порака, а таа ќе биде во екипата да вклучиме ракометари од наше производство, од нашиот двор, односно 6-7 млади ракометари од 17 до 19 години. Станува збор за младите таленти Нелоски, Талески, браќата Маџоски, Манасков, Крстевски. Ова значи дека Металург на светскиот ракомет ќе му претстави една нова млада надежна генерација ракометари, која заедно со сегашните ќе игра уште помодерен ракомет. Токму затоа сметам дека не треба тука да запреме со мотивите, бидејќи тоа би значело и наше одумирање. Многу значајно е таа страст во младите кадри да постои, да ни биде еден вид гориво, кое ќе ни дава енергија да ги оствариме нашите соништа и визија, нашата следна цел, а тоа е да имаме континуитет. Не мора секогаш да бидеме осми или четврти во Европа, но мора да бидеме константни во ЛШ, да бидеме екипа за респект, како што сме сега.
Дали новото раководство на РФМ ќе тргне по стапките на Металург, што се однесува до развојот на ракометните школи?
- Металург е всушност патоказ како треба да работи новото раководство на РФМ. Потребно е да се има една заедничка визија на развој на ракометот во Македонија, а не сѐ да се решава со поединечни решенија и идеи. Треба да се има аналитички пристап на работа, особено со младите, како што впрочем секаде се работи во светот. А за тоа е потребно да бидат опфатени деца од 10 до 20 години, кои постепено ќе се усовршуваат низ клубовите, но исто така и низ репрезентативните селекции. Со други зборови, потребно е да се создаде македонска школа на ракометот. Живееме во модерно време, па и децата така живеат. Тие имаат голем потенцијал, па затоа е потребно уште од мала возраст да спортуваат. Само тоа е иднината на ракометот кај нас.
Автокоманда треба наскоро да добие нов ракометен центар. Што ќе претставува тој за Металург?
- Ако некој заслужил да добие ракометен центар во Македонија, тоа секако е Металург, како најголем расадник на млади играчи. Досега на овој план во оваа населба не може да се рече дека многу се инвестирало. Токму затоа е потребно во центарот на населбата да се изгради една голема сала, се разбира не многу луксузна, но доволно пристојна и на која ќе бидат горди сите во Македонија, а не само скопјани. Овој центар би бил еден дом на децата, младината, каде што сите тие ќе ги наоѓаат своите спортски задоволства, а и човечки би се изградувале во животот. На тој начин би продолжил и трендот на отворање нови спортски сали, што е за секоја пофалба. Едноставно, инвестирањето во луѓето, спортистите е најголемата инвестиција. Ме радува што Владата и АМС ја препознаа таа наша заслуга како клуб и ќе инвестира во нејзината изградба. Таа нова сала, всушност, ќе биде нашата најголема победа.
Дали Металург денес е подобро организиран клуб отколку, на пример, Загреб, во времето кога вие го водевте?
- Да, Металург е подобро организиран отколку Загреб, кога јас го водев, но морам да кажам дека тоа се прваци на два различни света. Во тој свет на Загреб, јас малку живеев, а повеќе живеам во сегашниот, тука во Автокоманда, бидејќи и јас изникнав од еден таков свет, од еден мал клуб каков што е Металург, каде што во тоа време бев „девојка за сѐ“ од перење дресови, па до негово финансирање, а сето тоа го правев цели 20 години. Токму Металург ме врати во тие дамнешни времиња. Но токму затоа и сакам да кажам дека резултатите што ги постигнавме со Металург, навистина сите ние заслуживме да имаме не некој луксуз, но барем сигурен покрив над главата додека тренираме. Токму затоа верувам дека новата сала ќе ни помогнеме во градењето на новите спортски дострели.
Вашата ракометна желба?
- Победа. Моето мото е, секој нов ден е како животот, има свој почеток и крај. Но помеѓу почетокот и крајот на денот е потребно да се прима и дава задоволство и на другите. Едноставно, задоволството не е само привилегија на поединците, туку на сите нас, заедно. А човекот е толку голем, колку што ќе сака да им понуди задоволство на другите. Јас се трудам со моите ракометари да ги усреќам другите, да им дадам задоволство меѓу мноштвото проблеми што ги опкружуваат, секојдневно. Ако сум успеал во тоа, тогаш тоа ме прави мошне среќен. Но ако популарноста ја сфатиш погрешно, ако таа премине во егоизам, тогаш тоа не е некое задоволство.
За Металург денеска сѐ повеќе се зборува и сѐ повеќе се пишува низ светот. Како тоа го коментирате?
- Тоа и ми причинува посебно задоволство, бидејќи за Металург се интересираат многу весници. Ете, неодамна дури ме побараа и од Италија за интервју, прашувајќи ме како еден локален клуб можел да дотурка толку далеку. И токму затоа мислам дека повеќето во светот и навиваат за нас, односно сакаат Давид да го победи Голијат и со тоа ги надитри другите големи клубови, кои не знаат што да прават со своите големи буџети. А фајнал-форот е навистина голем спектакл, бидејќи веќе сите 20.000 карти се распродадени, а 80 ТВ-куќи ќе го пренесуваат. Ова секако е и мотив повеќе да успееме да стигнеме до него.
Какви се шансите на Македонија да се пласира на ЕП во Данска 2014?
- Ако сите заедно работат и смислено се договараат, Македонија може да го направи тој исчекор и да се најде в година на ЕП. Но нема да биде едноставно, бидејќи Шпанија е светски првак, а Португалија е добра селекција. Швајцарија малку разочара.
http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-e-moralen-pobednik-na-lsh/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom