Трендови во социјалните медиуми и форуми? Го претеравме ли?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Темава ја отворам пошто ми е преку глава од луѓе кои дигаат притисок на секој чекор, користејќи ги социјалните мрежи, чат пат форумите. Повеќето знаете добро за кого зборувам, тоа ви се оние што на Фејсбук и Твитер неуморно тресат за тоа што треба и не треба. Како успеаја неколку луѓе кои реално немаат што да кажат да го затрујат интернет просторот тоа чудо едно. Всушност вистинското прашање е дали е ова нагорен тренд и што не е во ред генерално со луѓето што има толкав хејт каде и да отвориш.

Твитер стана збирштина на мрчатори (кој прочитал нешто позитивно таму бујрум нека каже), Фејсбук е исповедалница за глупи мисли, па имаш луѓе со илјадници пријатели и овие ги просветлуваат со мислите. Се би било океј кога би можел да ги игнорираш, ама ќе прокоментира некој твој пријател на нешто такво и ете ги кај тебе на хоум пејџ. Трето, тука мора да се спомене и форумот, во кој секако ќе најдете луѓе што креваат притисок во која тема и да отворите (овде главно се мисли на луѓе што со својот екстра паметен саркастичен, леле мори мајко хумор уништуваат цели расправии). Уште не сме го совладале Јутјуб за да уништиме и таму некој ни крив ни должен.

Значи да резимираме, кои интернет трендови генерално ви одат на нерви? До одредени луѓе ли е или се отишло по ѓаволите? Свесни ли се луѓето што коментираат сешто дека можат да уништат човечки животи со тресењето зелени или не. Или па уште полошо, знаат што се последиците и баш ги заболе.
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Мене само фејсбук ми оди на нерви, значи навистина претераа на фејсбук, го убија со бесмислени статуси, еден куп ретарирани слики, покани за играње на игри, за сето тоа другото воопшто не ми пречи.
Со самото создавање на фејсбук луѓето станаа се по љубопитни за мешање во приватноста на еден човек.
 
3

321456

Гостин
На нерви ми одат трендовите да се генерализира, сумира, и да се прават мета анализи.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.662
Поени од реакции
8.682
Фејсбук колку толку пак е класа подобар од твитеров, мене твитерот ми е најглупо нешто што може да постои, па коа ќе видам некои фаци колку се занесени со тоа статусите мислат филозофски цитати имаат, абе да бегаш од такви. :cautious:
 
G

Geezer

Гостин
Одлични се социјалните мрежи, ама за кого. Нивната вистинска намена, ретко кој ја користи. Чекирања, слики, тупења...
А тие што зборуваат за Твитер, отвориле профил и виделе дека не се става слики како на Фејсбук и се откажале од него, па сега кажуваат колку чини и колку не чини.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Темава ја отворам пошто ми е преку глава од луѓе кои дигаат притисок на секој чекор, користејќи ги социјалните мрежи, чат пат форумите. Повеќето знаете добро за кого зборувам, тоа ви се оние што на Фејсбук и Твитер неуморно тресат за тоа што треба и не треба. Како успеаја неколку луѓе кои реално немаат што да кажат да го затрујат интернет просторот тоа чудо едно. Всушност вистинското прашање е дали е ова нагорен тренд и што не е во ред генерално со луѓето што има толкав хејт каде и да отвориш.

Твитер стана збирштина на мрчатори (кој прочитал нешто позитивно таму бујрум нека каже), Фејсбук е исповедалница за глупи мисли, па имаш луѓе со илјадници пријатели и овие ги просветлуваат со мислите. Се би било океј кога би можел да ги игнорираш, ама ќе прокоментира некој твој пријател на нешто такво и ете ги кај тебе на хоум пејџ. Трето, тука мора да се спомене и форумот, во кој секако ќе најдете луѓе што креваат притисок во која тема и да отворите (овде главно се мисли на луѓе што со својот екстра паметен саркастичен, леле мори мајко хумор уништуваат цели расправии). Уште не сме го совладале Јутјуб за да уништиме и таму некој ни крив ни должен.

Значи да резимираме, кои интернет трендови генерално ви одат на нерви? До одредени луѓе ли е или се отишло по ѓаволите? Свесни ли се луѓето што коментираат сешто дека можат да уништат човечки животи со тресењето зелени или не. Или па уште полошо, знаат што се последиците и баш ги заболе.
Многу се подослободив од вакви персони користејќи ја опцијата unfollow на Твитер и Unfriend на ФБ. Првиве на Твитер во глобала се сезнајковци прва класа, мислат дека прават нешто, се плукаат а суштината е дека освен што мелат и арчат тастатура ништо не прават. Ама анфолоу и сега ми останаа добри дечки за следење :)
Од вториве поголеми партиски активисти и агитатори нема, делете делете делете на сите и сега воздухот е одма почист :icon_mrgr:

Што знам, Кајганава некако уште е најдобра, се трудат сите модератори да ги намалат сезнајковците али не може во моментот кога ќе се отвори темата некој на штрек и одма да ги сочека, најчесто се котат на почеток и кога ќе види некој мод темата начукала 5-6 страни. Ме нервира кога некој нов член ќе се регистрира и не знае како е на форум и одма почнуваат со оние сликичкине. Прво беа 9gag & мемиња, сега гледам го откриле tumblr и само лупаат ретардирани гифови и некои одвратни слики. Тоа се казнени поени уште од старт.:свиркам:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Мене само фејсбук ми оди на нерви, значи навистина претераа на фејсбук, го убија со бесмислени статуси, еден куп ретарирани слики, покани за играње на игри, за сето тоа другото воопшто не ми пречи.
Со самото создавање на фејсбук луѓето станаа се по љубопитни за мешање во приватноста на еден човек.
Кој ве тера да додавате ретардирани пријатели? Еве сега сите што ќе го исхејтате вака фејсбукот додадете се меѓу себе и нема веќе да гледате бесмислени статуси
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
А зашто да не биде Твитер место за мрчатори? Фејсбукот не смее да има глупи мисли? Или пак форумов да бида забранет за саркастични темокршачи?
Едноставно така е како што е. Може на некому му смета, ама секогаш има опции. Ако некој мрази мрчатори а не му сметаа глупи мисли - си иде на Фејсбук а избегнува Твитер. И обратно. Секогаш секој има опција каде да сака да иде и да прави што сака. Самата околина и можностите на социјалните мрежи ги формираат овие т.е. „трендови“, кои со тек на време стануваат некој вид на традиција. Секако, може многу работи да уништат овие трендови, ама и самото општество треба да знае што може ти да понудат. Всушност, мрежите не не тераат ние така да пишуваме, туку НИЕ пишуваме на нив, и тие се само наша алатка. Да не постоеа мрежите, сигурно ќе си бевме саркастични во барови, мрчатори во Менада или пак со глупи мисли во некој ноќен клуб.
Уствари сите сами си го креираме виртуелното место каде што си „живееме.“ Бираш паметни пријатели, следиш позитивни луѓе и може да игнорираш форумџии.
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Еве за Твитер ќе кажам поспецифично, не сум нешто особено активен од 2011 некаде иако си стои профилот, баш тогаш некаде кога македонската твитер заедница ја опседнаа хејтери на се што е Македонско. Кој бил на Твитер тогаш знае колку оттогаш некаде почнаа да се зачленуваат многу членови и да го тупат за политика (не дека сега нешто е сменето драстично), да го потат со #хаштагови и некои повторувачки трендови (тоа и на глобално ниво стана така па нема многу што да се обвинува), да се сере нонстоп за колку не чини нешто во Македонија и колку се тие едуцирани и без привилегии, па тоа со влијателноста, и потполно ја убија желбата барем кај мене да бидам активен таму.

Се обидов пред некој месец да заследам понови членови одеднаш да видам дали од нив ќе биде нешто подобро и се разочарав искрено. Можда и до мене е, ми умрела желбата за таква заедница, не велам не. Отвори ТЛ и све само хејтање, тролање и глупи фори. Ќе се запрашаш дали тие луѓе воопшто ги радува нешто во животот. Фејсбук е од позатворен карактер сепак, барем јас сите што ги имам ги познавам до одредено добро ниво за да ми стојат како пријатели и ретко се случува горенаведеното.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Луѓе трендовите се најмал проблем некогаш. Има и нешто пострашно, што полека почна да се појавува и кај нас. А тоа е уништување на животи на единки. Отворете ја темата за најглупи Фејсбук статуси и кажете ми дека е нормално однесувањето на луѓево што постираат се таму. Не зборам за оние што имаат 3.000 пријатели и ставаат секакви фотографии, туку за најнормални дечки. Отворете ја темата за матурски слики? Ако не ви се лоши од луѓе кои ставаат слики таму зашто луѓето биле грди реметејќи ги на интернет и вие сте дел од дефектниот бран. Луѓето се извитоперија. Доволно е да го исмеете човек до крајни мери и да си стави јаже на врат. После што правиме? Слаб карактер бил така?
 
Секогаш било така. И пред постоењето на интернетот. Само сега се има поголема публика.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Секогаш било така. И пред постоењето на интернетот. Само сега се има поголема публика.
Како било пред постоењето на интернетот? Што памтиш од времето пред интернетот?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Не туку се жалете за Фејсбук и Твитер, ко самите бирате кои ќе ви бидат пријатели, чии објави ќе ги гледате, а чии ќе ги скријате. Имаш опција да блокираш некого да не ти праќа покани повеќе (и за игри и за настани)... решен проблем.
Јас така си го решив фејсбукот од „Семе-синапово“-style трујачи. Порано ги бришев таквите од пријатели, ама некои беа досадни и си мислеа дека ако ме познаваат преку некој трет (иако доколку се сретниме нема ни да застаниме за муабет) мора да бидиме пријатели на фејсбук, па се случуваше да ги избришам и тие упорно пак да ме додаваат. Некои па едноставно блиски пријатели или роднини, како да ги избришиш па да ги трпиш во живо после да ти мрчат... Најдобро решение, скриени сите објави од таквите и мирна глава.
Вас не можам да ве сфатам шо везден кукате... или едноставно сакате да читате разноразни глупости за да има за шо да кукате после на кајгана.
 
Финтата е на Твитер не знаеш што да очекуваш од било кого моментално поради тоа што не е на толку лично ниво мрежата, ако си следел 500 души со интересни објави во 2010 тоа не гарантира дека од сите 200 ќе добиваш нешто што вреди сега во 2013. Треба да бараш нови 500, а тоа е тешко кога веќе си селектирал од баграта во 2010, а сега има едно 100 пати повеќе корисници па треба да им одиш поединечно па да читаш што пишувале да знаеш дали вреди да ги следиш и пак да го врвиш истиот процес. Подобро ич не се заморувам. :icon_mrgr:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Како било пред постоењето на интернетот? Што памтиш од времето пред интернетот?
Не сум се родил 2005та (ова произволно тогаш почна интернетот кај нас) Зафркавање на луѓе бидејќи се грди, цинизам и омраза - не е изум на интернетот, туку на човекот. Факт е дека интернетот прави само тоа да биде пообемно но не може да се избега од човековата природа. Само треба да знаеш како ги избегнеш тие луѓе или ако не можеш - ќе ги игнорираш. Така и на интернетот. Самите си ја правиме околината во која сме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom