Северна Кореја објави војна на Америка и нејзините сојузници

  • Креатор на темата Креатор на темата Verdict
  • Време на започнување Време на започнување
Ги прекинале комуникациите и немале интернет не ни знаеме ЦИА каква технологија има мочзеби им влагаат во безбедностите системи и ги слушаат што зборат и за тоа мирно си идеат не раегираат на провокација.
И да џитнат атомска американциве ќе опнат против ракетна па ќе ја привлече во европа или океанот.нема ни да стигне до таму.
 
Ако нападнат отиде комунизмот ке им се растури малиот замислен свет на севернјациве. Америка ке напагале цц голем смех. Може да се кладам дека ракетата нема ни да излезе од нивниот воздушен простор.
 
Не е проблемот да се збрише Северна Кореја, проблем е после како да се поврзе синџирот кој ги држи работите во нормала.Буквално сè ќе се сруши после како кула од карти, и се појавува тука можноста светот повторно да влезе во Трета светска војна.Инаку како сиромашна земја, воопшто не се за потценување, ги надминаа и очекувањата на Американците (што и самите Американци ова го признаа), успеаа да создадат бомба која е далеку помоќна од онаа што ја фрлија Американците во Хирошима и Нагасаки, а што е уште полошо, имаат и технологија за транспортирање на вакво оружје на долги дестинации; тоа беше докажано со лансирањето на нивниот сателит, и тука се откри тоа (откако пронајдоа Јужнокореанците дел од ракетата во Жолтото Море) дека ја имаат таа технологија да испратат нуклеарка до западниот брег на Америка.
 
доколку дојде до активирање на овие нуклеарки,не дека американскиот ракетен прото- систем нема да ги детектира и уништи ,туку од друга страна Иран со својата нуклеарна моќ се заканува од трета страна..така ќе започни трета светска војна,а јас мислам и во аљаска да испукаат една денешна мегатонска.половина планета ќе биди озрачена со минимално бројки,а климата ќе го реши своето.
 
Од кризата на корејскиот полуостров ќар може да има само САД.
Нели овој новиот претседник на Северна Кореја се школуваше на запад некаде ?
 
Од кризата на корејскиот полуостров ќар може да има само САД.
Нели овој новиот претседник на Северна Кореја се школуваше на запад некаде ?

Мислам во Швајцарија.
 
Мислам во Швајцарија.

Ето, во истото школо на Алија Ахмети.

Луѓе се е јасно, како оној Хомеини што го заеба Иран па денеска демек непријател е на Америка.

Ако рокне во Азија, Кина губи, паѓаат акциите, нарачките и почнува војната во која човештвото ќе изгуби.
 
Пополека завршува војната во Ирак и Авганистан, време е парите на американските граѓани да се трошат на нова држава.
По сеизгледа ова ќе да е филм Војна во Кореја 2
 
Ова е сосема вообичаен начин на комуникација се кој Северна Кореја се користи.
Тоа е далечна Источна Азија. Таму телефонските врски не се секогаш во функција. А прашање е дали имаат интернет.
Во таква ситуација Северна Кореја на следниов начин комуницира., Ќе лансира една ракета, која ќе прелета преку Јапонија и тоа е порака до соседите дека треба да се сретнат
Сега очекувајте за неколку дена, соседите Јапонија, Кина и САД да пратат делегации и да се договорат
Следете ги случувањата во наредните денови и ќе се уверите дека за неколку дена ќе дојдат делегациите.
 
Пополека завршува војната во Ирак и Авганистан, време е парите на американските граѓани да се трошат на нова држава.
По сеизгледа ова ќе да е филм Војна во Кореја 2

хахахахаха ево еден американски филм каде што Северна Кореја ги напаѓа американците и ги окупира:pos:

Ова е сосема вообичаен начин на комуникација се кој Северна Кореја се користи.
Тоа е далечна Источна Азија. Таму телефонските врски не се секогаш во функција. А прашање е дали имаат интернет.
Во таква ситуација Северна Кореја на следниов начин комуницира., Ќе лансира една ракета, која ќе прелета преку Јапонија и тоа е порака до соседите дека треба да се сретнат
Сега очекувајте за неколку дена, соседите Јапонија, Кина и САД да пратат делегации и да се договорат
Следете ги случувањата во наредните денови и ќе се уверите дека за неколку дена ќе дојдат делегациите.

Да,имаат ограничен интернет најверојатно нешто како во кина,имаат дури и 3Г мобилна мрежа но нормално тоа е достапно само за одбраните луѓе што се на власт односно блиски луѓе на смешниот водач,народот не ни знае дека постои такво нешто тие се сосема изолирани од надворешниот свет. Видео изгледај го овој документарец направен од ХРТ на мене ми беше интересен ;)
 
Го изгледав целото видео. Никогаш порано не сум имал можност да проследам филм за Северна Кореја
Не забележав дека гладуваат, развиени се повеќе од колку што очекував.
Ми остави впечаток што во филмот е вметната германска воена музика. Со таква музика почнува и завршува филмот.
На пример во 9 минута може да се чуе славниот германски марш Пруска слава:
http://www.youtube.com/watch?v=d_D1mYBBHgM
 
Сите што заговараа и се заложуваа за војни и кои поттикнуваа говор на омраза да биа најстрого казнувани и осудувани, светот немаше да дојде до ова дереџе, но за жал е... испрани мозоци, срца полни со омраза и јуриииииииииииш. Дебилизам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom