Се согласувам дека е уникатна, и мислам дека никој не рекол лошо за таа градба, но мислам дека не е дел од проектот Скопје 2014. Јас во главно сум изреволтиран од тоа што се трошат многу пари за пренатрупување со кич градби и скулптури споменици. Ок е тоа што се гради, народот вика барем се гради и се гледа што сработила оваа власт, за разлика од претходните, но кога веќе се инвестираат толкави суми, зошто па да не се изгради нешто иновативно, зошто користиме само готови форми и стилови. Ке каже некој, па уникатноста кошта, и онака се фрлија милиони на овие градби во центарот, наместо да се иде на квантитет нека се иде на квалитет, наместо пример 10 градби кои ке се градат 6-7 години и кои имаат многу мала иновативност, нека се изградат 2-3 чиј процес од идеа до реализација ке трае 10-11 години кои ке бидат уникатни и единствени.
Што е толку битна историјата, ликовите од историјата, минатото и старите стилови, многу побитна е нашата иднина,ликовите од минатото се мртви, прашањето е ние како ке си го подобриме квалитетот на нашиот живот, што ние ке создадеме, што ние ке подобриме, усовршиме. Оној што гледа кон иднината гледа да создаде нешто ново, да го обликува светот со нова форма, материјал, боја текстура, да направи нова иновација. Ама по се изгледа ние треба да си прифатиме дека сме народ кој нема капацитет, пред се мислам на финансиски, но и интелектуален да превзема такви чекори и да создаде еден нов начин на размислување, нова гранка еве во случајов во градежништвото.
За нашите архитекти, пошто запнале со применување стилови од историјата, доволно е само да го разберат начинот на размислување, визиите и креативноста на познатите личности од минатото кои ги изградиле тие уметнички дела што ги постирав погоре, и да пробаат да создадат своја визија за иднината која ке ја остварат преку најновата технологија која денес постои.
Знаеме Гауди какво мислење имал и на кој начин градел, знаеме архитктите од Операта во Сиднеј каква идеја имале и како ја реализирале, птичјото гнездо, чудо од инжинерство, и многу други да не ги набројувам. Зошто да бидеме следбеници кога можеме да бидеме лидери ,само кој каква амбиција има.