Сеа е шансата на Бердих, ако го помине во 1/2 финале Мареј, има изгледни шанси за освојвање на турнирот, мада прв фаворит останува Мареј, барем така говори местото на АТП листата, но видовме дека и не мора ништо да значи тоа.
1/4 финале
Хас - Симон
Ферер - Мелцер
Бердих - Гаске
Чилиќ - Мареј
Новак оваков тенис нема играно најмалце 3 години, па можеби и повеќе. Нема натпреварувачки дух, синоќа изгледаше како на сила некој да го ставил на терен и едвај чекаше да помине времето, да си замине од Мајами што побрзо.
Не личеше на број 1, па Росол синоќа ќе го совладаше, а не пак Хас. Срамотно издание на турнирот, и на овој, а и на тој во Индијан Велс, ајде таму загуби во 1/2 финале и ги одбрани поените, но тука губи 910 поени. Среќа во цела несреќа што на турнирот не настапија Федерер и Надал.. мада тие нема што да загубат од овој турнир премногу.
Ако продолжи со оваква игра Новак, а сега следуваат турнирите земјени, набрзо очекувам и да го симнат од прво место од АТП листата.
Лошо.