F
FARANG
Гостин
Ема има куп зборови што и не ги разбирам, има дијалекти што ми звучат чудно има и такви што ми се смешни и неможам да ги сватам сериозно, така да ДА си држи вода тоа што го пишувам. Не сум јас должен да ти ги дешфрирам скратениците или да одгатнувам што е мазник, дфки, зринки, минки...Не фаранге. Пак го вртиш истиот муабет. Една работа е прилагодување на средината, тоа што ти го бараш е сосем друга работа. Многу е глупаво да зборуваш за различни традиции и различна култура од град во град во земја во која двете најоддалечени точки се 5 часа возење. Глупости. Зарем ако ти речам јас зш или можиш наместо зошто или можеш ти нема да ме разбереш? Дај бе аманте.
Мене ме интересира што е тоа во културата или начинот на живот во Скопје што толку се разликува од останатиот дел од државата? Дали дел од таа фамозна скопска култура од која јас треба да учам според тебе, вклучува и нарекување сељаци на сите луѓе од внатрешноста и нивно дискирминирање?Јас не кукам ако не нарекуваш сељаци пошто во дискусијава тоа ми оди мене во прилог, едноставно ти си го покажуваш твоето ниско ниво на култура. Затоа малце чукни ја главата и види на кое ниво е твојата култура а после зборувај за останатите. На темава никој не те навредил а ти упорно неколку постови поназад отворено навредуваш, во недостиг на аргументи претпоставувам.
И не, скопски не е литературен јазик, затоа ако веќе сите на темава ти реплицираме на литературен јазик а не на дијалект ќе те замолам и ти да пишуваш така, а не со скопски сленг.
Разлика во живеење? Стварно ме мрзи повеќе да пишувам ама ако ти мислиш дека исто се живее во СК, во ОХ или во Радуша тогаш џабе збориме.
Ви реков и предходно не ме интересира како гледате на мене. Јас си кажав што имам и ако не ви се свиѓа напуштете ја темата. Едноставно lets agree to disagree буквално ич не ми е гајле што мислите. Ви реков продужете си со пуна пареа нит пробувам да ти го сменам мислењето нит ти ќе ми го смениш моето.
Темата е за Скопје и за гледиштата пред се на скопјани така да ќе си пишувам скопски.