Пракса во ИТ компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата jupi1
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 март 2013
Мислења
9
Поени од реакции
0
Возраст
36
Сакав да прашам нешто околу ваше искуство со праксите. Студент сум на ФИНКИ па гледам има огласи за пракса во неколку фирми. Па дали некој бил во Сеавус или Интер Дангов да сподели искуство?
 
Сакав да прашам нешто околу ваше искуство со праксите. Студент сум на ФИНКИ па гледам има огласи за пракса во неколку фирми. Па дали некој бил во Сеавус или Интер Дангов да сподели искуство?

Јас имам одено на пракса во Blizoo во штип и ми беше интересно одев со екипа на терен цело време и работев може да се каже се со исклучок на качување на покрив од куќа тоа не ми дозволуваа. Се што питав што ме интересираше убаво ми објаснуваа дури понекогаш они сами ми покажуваа во слободно време што како се работи. Се на се може да кажам дека беше одлично, фини луѓе ем научив нешто повеќе за мрежи бидејќи сум информатика но планирам да се фокусирам на мрежи, план ми е и да магистрирам на таа тема. Се на се зависи со кого те стават да работиш и што, има некој што нејќат ништо да ти покажат или објаснат божем работата ќе и ја превземеш...
 
Сакав да прашам нешто околу ваше искуство со праксите. Студент сум на ФИНКИ па гледам има огласи за пракса во неколку фирми. Па дали некој бил во Сеавус или Интер Дангов да сподели искуство?

За Интер Дангов што ги прочитав коментарите не видов ниту еден позитивен. Сите викаат дека те експлоатираат до максимум, од тебе очекуваат да имаш добри познавања од областа за да можеш да го работиш за ич пари тоа за кое некој друг ќе треба да го платат.
Во Сивус бев лани на пракса. Не беше класична пракса, повеќе беше предавање од областа на вградливи компјутерски системи, embedded C итн. Значи, летна школа. Не ни беа давани да изработуваме проекти за да може они да профитираат, туку имавме предавања, а потоа самостојно се изработуваа едноставни задачи со спојување на хардвер и софтвер. Интересно искуство, плус можност да им паднеш во око за идно вработување доколку навистина те бива :)
 
Ме интересира дали претходно пред да ја започниш праксата имаше тестирање за да те примат?
 
Од во Сивус... импотентен да станеш.
 
Ме интересира дали претходно пред да ја започниш праксата имаше тестирање за да те примат?
Имаше тестирање, општи прашања од С програмски јазик. Мислам дека бројот на пријавени беше мал, па сите ги примија.
 
Гледам пиши дека тестирање ќе се извршува од област на SQL и Unix. Имаше и такви прашања?
 
Некој да не има одено на пракса(или работа) во Ein-Sof (Еин Соф) да сподели искуство?
 
Дали е дозволено фирма да не му дава пари на практикант?
 
Дали е дозволено фирма да не му дава пари на практикант?

Не, од 2018та има закон според кој фирмата треба да пракса да исплати надоместок од 5000 денари до 9000 денари. Ако не си потпишал договор, тоа е друг муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom