Скопје низ призмата на еден Скопјанец

StringerBell

Rules change. The game remains the same.
Член од
13 септември 2012
Мислења
120
Поени од реакции
132
Јас не реков дека треба да го зборите нашиот дијалект имаме ние и литературен македонски јазик кој сите го разбираме за разлика од некои дијалекти кои само вие си ги разбирате.
Па кој сака да збори на најпедерскиот дијалект, фала богу ќе си зборим на мој дијалект .

:icon_lol:
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Луки,нема потреба од твојот сарказам,мислам само ти и уште некој си ги разбирате напишаните постови,па никој ништо не ти рекол.Нема смисла напињање на оваа тема,нема да се смени ништо,само ке станува полошо и полошо.Старите Скопјани се иселуваат масовно,особено оние што се по имотни.Така да Скопје го предаваме полека полека,сакале ние или не.
Џабе нервози,џабе етикетирање,оние рамковнине не читаат и ни фаќаат сеир за тоа колку глуп народ сме што се делиме на овакви и онакви,додека тие ни ја превземаат државата.
Што да кажам,кога ке размислиш,подобро Битолчанец да имам за нов комшија отколку косовар.
Особено кога ке прашаш некој од Чаир,сигурно повеќе ке му се слуша Охридски дијалект отколку љњљњљњљњљ
И мене ми сметаа многу,сеуште ми сметаат некои работи ама погоре напишаното одма ми мења расположење и дури ми иде да викнам некој од новите комшии да пиеме пиво. Имам у влез 4 нови фамилии у задните 2 години,сите од источна МК,јес да паркираат каубојски,урлаат до никое време,итн , некако со тек на време се поднаучија,се подоправија,еднаш двапати ке им укажеш и горе доле се ок сега.
Мора да се обединиме луѓе,земете ги грцине за пример,единствени се кога се работи за нашето име.
 
Tommy1207

Појмааа немаммм
Член од
2 декември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
4
Е сега одма на лични навреди преминуваш...
Ајде објасни како градски господин на селанец. Како поучен на попрост човек.
Имам желба да научам засекогаш, шо требе а шо не требе да праам додек сам у Скопје.
Па убаво ти кажувам не доаѓај у Скопје и за тебе полесно ништо не треба да научиш и за нас подобро ништо не треба да те учиме.
 
L

Luki Junior

Гостин
Па убаво ти кажувам не доаѓај у Скопје и за тебе полесно ништо не треба да научиш и за нас подобро ништо не треба да те учиме.
Томче, за мојто добро и лошо ич да не се секираш. Питам те човечки да се разбереме, кои точно навики ти сметат, и кои навики да се сменат, или да ги снема.

Јузернејм1, Барем 5-6 човека тука са кажале оти не можат да ме сварат. Ама тава уопште не е битно. Не ми праа особено внимание..
Ако е урлајне, гужви, лошо паркирајне, ќотек, кршејне, непочитувајне у сообраќај, Јас сам 100% зад вас. Со раци со нози, абе со се... Без разлика стари скопјани, нови скопјани, или како сакате да се декларирате.

Мора да се има ред, култура, нормален начин на однесувајне. Да не се фрла ѓубре на кој дек му текне, да не ги праат паркинзите место за зимница правејне, автоперални, да засеат тревичка околу зградите да има тија деца дека да заиграт. Да се насее дрвца на секој можен чекор, да има зеленило малку у тај цементиран град.

Пред 2 и кусур години на пешачки згазија му ногата на еден стар човек, сите се разбегаа,никој не подстана никој внимание не му обрна, на крајо јас како најпаметен у сите тија еманципирани човеци да го фатам човеко, да го седнам на клупа, и да му викнам брза помош. Едвај сам објаснил дека сам... И си се чудам и си викам, ако ме маане мене нешто тука како куче ќе си умрам, еден нема да застане.. А тај мајмун со цвенио пасат, на патерици цел живот да оде...

Мал миљон пати сам престигнуван на пуна линија, опасни кривини, и какви ли не ризични ситуации од коли со скопски таблици, кои са биле на границата на хулиганско однесувајне... Оти у Бугарија не возат на истио хулигански начин истите Скопјани? Как може там да са педантни, а после границата на Ново село да блиндират, да пипкат, да се лепат за браник, да престигат ризично? Која е логиката?

На мен ми е чудно како само “провинцијалците“ са криви за сите проблеми у Скопје. Како Скопјаните како “невнини овчички“ шо на мравка не газат, са прегазени од смотаните абдали од провинцијата, и се издигнувате над них како да имате нешто повеќе. Карактеризацијата, оквалификувањата, и покажувајнето со прст на них, ве праве исти како у поговорката дека зајако се смејало на магарето оти му биле големи ушите.
 
F

FARANG

Гостин
ГРАДОТ ШТО ГО САKАМ
Скопје е мое, ама и ваше

Моето Скопје (1950-1963) има(ше) многу ма(х)ала. Денес ги викаат населби. Нескопјаните ги викаат „мала“. Kога ќе речат Дебар Мало, секогаш настојувам да научат дека не е ниту мало ниту големо, туку Дебар Маало. Топаана ја викаат Топана
Блазе си им на куманоци, збориф кумановски и ќе избираф кумановца за градоначалника. Охриѓани си зборвет охридски и ќе изберет охриѓанец за градоначалник. За тетовци немоем да кажем дали тетовски ќе збори градоначалникот. За Прилеп, ви вајча умо на кој јазик че збори градоначалнико? За Битола, битолчанец ам како! За мое војничко Kичаа се таласа уште, не су решил. Накај Јоаким Kрчовски, накај Kрчова ми ојт. За Струга со носталгија „Т’га за југ“.

Ех, Скопје мое, ама и ваше. Kако Вавилонска кула е. Се зборуваат сите јазици и дијалекти. Скопјанец ми се сака, скопски да збори. Простете, ама го сакам Скопје. Kолку вие што си ги сакате родните места, градови и села, вилаети, грутки, корени.

Моето Скопје (1950-1963) има(ше) многу ма(х)ала. Денес ги викаат населби. Нескопјаните ги викаат „мала“. Kога ќе речат Дебар Мало, секогаш настојувам да научат дека не е ниту мало ниту големо, туку Дебар Маало. Топаана ја викаат Топана. Тие измени ги чувствувам како некој што е чувстителен на промена на имињата на училиштата или на улиците, кое за среќа брзо се заборави. Дебар Маало, е маало, творба на дебарски мајстори, sидари, кои доаѓале во Скопје на печалба и се симнувале на периферијата на тогашно предвоено Скопје, пред Првата светска војна. По надојдените дебарски неимари, маалото го нарекле Дебар Маало. Топаана (Топ хаане тур.) била сервисна станица за изработка и поправка на топови, во турско. Бавчите на Буњак-бег, станаа Буњаковец. Тафталиџе го добило името по Тахта Илиџе (дрвена бања) направени за бавчованџиите аргати, кои работеле на производство на „зарзават“ (зеленчук) за скопјани од тој период. Скопјани од секогаш биле мултикултура и мултирелигија, не го измислија сега. Од Скупи до Усќуп, до Скопље и Скопие до Шкупи.

Од сите вери и вечери, ќе речеше мајка ми. Ги двоеле само на ас скопјани и дошљаци. Kога ќе ме прашаа како дете: малечок, од каде си? Прашуваа всушност - од кое маало си? Дошљаците ги познавале по суратот, облеката, говорот и опинците. Но денес е потешко препознавањето. Лифтинг, брендирана облека, расни и скапи домашни миленици со џемперчиња. Но, сега без опинци. За среќа, само говорот, кој се трудат да го задржат, ја открива нивната внатрешна содржина. Скопје ги прегрна сите во своите широки прегратки. Но, никако сите да го прегрнат Скопје. Некој од нив барем искрено...го мразат.

Роден сум во општина Идадија (гимназија тур.) денес живеам во Центар (зборот центар, со сигурност не е македонски). Чаир е парк-шума (тур.) родно маало на мои роднини, сограѓани, пријатели. Првата девојка ми беше од Kарадак Маало (црна гора тур.). Kако дете идев на бања таму, „во Стара-нова бања“.

Деновиве, на една средба во СKТМ, прашав едни колеги од Битола, каде е нивниот сограѓанин, битолчанецот НН. Kој бе ботолчанец, тој е од Kравари! Се возбуди еден колега, роден битолчанец. Kој бе, од Kравари, од Логоварди е! Се вклучи друг битолчанец, уште понавреден од претходниот, бидејќи дојденецот, без покритие сум го нарекол битолчанец. Kој бе, од Логоварди, од Ташмаруништа е, спореше сосема трет. Сите тврдеа дека се родени битолчани и дојденците не ги есапат за битолчани, безмалку ни за луѓе. Особено не за достојни жители на конзулскиот град.

Еден возрасен скопјанец, замислено седи на железна клупа на плоштадот Македонија во Скопје, проаѓа друг скопјанец и го прашува „што правиш бе НН“. Еве бе, Петко, три саати седам овде на плоштад, скопјанец не помина. Сум бил многупати во ситуација јас да си кажам дека сум роден скопјанец, но тоа веднаш го расипува расположението на останатите, особено нескопјани. Се грозат од скопјани, викале „рука“ наместо рака. Се возеле на точак, со штипка на манжетната од панталоните. Не го сакаат Скопје. Сега и скопјани не го сакаат Скопје. Е, сега сме квит, нерешено. Барем заеднички го мразиме.

Скопје се празни за време на државни и верски празници. Луѓето си одат дома. Скопје не им е дома. Во Скопје се како на гости, седат како на трња и со душа чекаат празник да си одат дома. Kако да направиме заедничко Скопје, кое ќе го сакаме заедно? Го гледав во „Драмски“, Kоце Берберот, од „Демонот од Дебар маало“. Се претвори во демон, од љубов кон Дебар Маало. Безмалку се видов себеси. Да биде бељата за мене лична, на насловната страница, помеѓу неколку куќи доминира мојата.

Дебар Маало стана мојот немирен сон. Се прашувам има ли некој што ќе го сака колку мене и Kоце Берберот. Ги отстапија дебармаалци родните куќи, се подигнаа „касарни“. Се прашувам колку капацитет и квадратура има на толкава територија. Има ли волумен тоа Дебар Маало? Замислете, во возилото да внесете 17 или 35 сопатници. Прво, нема шанси да собере, второ ќе ви направат не алкотест, не наркотест, не возачка и лична карта ќе ви одземат. Никому ништо не одземаа за Дебар Маало.

Може ли домаќинка во тегла од 1 кг да стави туршија од 10 кг? Може ли „Апче“ во шише од литар, да ви стави боза од литар и половина? Искрено се израдував, кога се прошири веста дека ќе се гради црква „Св. Ана“, среде Дебар Маало. Не дека нема црква во Дебар Маало. Има, само треба на стари години, да си ја сменам верата и крштелното од Св. Димитрија од 1950 година, напишано калиграфски, со мастило. Секоја сабота ќе си пеам радосни песни со нив за Бога, какви што ечат од постојната црква, низ Дебар Маало. Тоа е некаков Божји дом, но не и црква. Очекував дека на моја страна ќе застане барем Црквата. Црквата не се меша во државни работи, а Бога молев таа да стави рака и да го помилува Дебар Маало. Ништо страшно, досега не сум сменил партија (не сум ни бил), не сум сменил државјанство, дојде ред верата да си ја сменам. Или населбата. Или градот. Или државата. Ќе видиме, размислувам.

Го острам моливот за во недела. Некој ќе стане голем човек со потегот од мојот молив. Бога молам да не згрешам. По земјотресот не гласав, не избирав. Имав 13 години. Тогашниот претседател на Собранието на град Скопје, роден кочанец, не го возобнови градот, туку го доруши и изгради „ново Скопје“. Офицерскиот дом, макар и српски, немаше сега да биде предмет за спор. Театарот (прв директор Бранислав Нуши(ќ), макар и српски со светски пари ќе се возобновеше, а не со наши денес. Железничката станица ќе беше станица, а не полумузеј. Kензо Танге не знае дека до неговото архитектонско дело, с` уште во 30% изведба насадија и споменик на локалната култура, салон за чистење чевли „Kенан“. Неверојатна архитектонска композиција. Денес тоа се вика „инсталација“.

Родната куќа на последниот турски кмет на Усќуп, Kумбар Аџи-бег, е музеј на УЧK. А бе, мултикултура од сите страни. Го сакам Скопје, има микроклима. Изгор лето, кочан зима. Скопје е мое, ама и ваше. Сакајте го барем половина колку што го сакам јас. Зошто барем најмалку толку ги сакам јас вашите родни градови и села. Почитувајте го барем како роден град на Мајка Тереза. Зошто иден нобеловец во Скопје ќе се роди дури по 2.000 години.

П.С. Во спомен на мојата покојна мајка Вера (Томовска) Иванова, родена на 22 март 1921 година, скопјанка од Топаана - Дуќанџик.

Ангел Иванов
 
E

emission

Гостин
Требаше вашите татковци и мајки наместо да ќутат на комунистите, да си побараат сите фабрики и цела администрација да не биде само во скопје туку да биде децентрализирана, ама ете ќутеле. И со мала буква се пишуваат села
Ја у скопје немам запознаено човек постар од 30 години на кој неговите родители да се од скопје. Има доста такви горди скУпјани што го бранат градот од надворешна емиграција. Ама истите тие слабо го бранат од емиграцијата од Арачиново и слични места.:) Скопред пописи од 1931 година Скопје имало 50 000 жители. П.С. ништо против Скопјани како и секаде и добри и не толку добри :) А скУпјаните што ги посочив не се замарајте со нив и нивните коментари тие веројатно немаат запознаено човек надвор од скопје, кога ќе запознаат ќе ја сменат песната.
 
Сељак остануе сељак дури и кога пишува. Биди благодарен ти и таквите ко тебе што јадете леб од мојот град
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Сељак остануе сељак дури и кога пишува. Биди благодарен ти и таквите ко тебе што јадете леб од мојот град
Грешка си, цело Скопје јаде леб од остатокот од државата, само не сте свесни.
 
F

FARANG

Гостин
Грешка си, цело Скопје јаде леб од остатокот од државата, само не сте свесни.
Напротив. Провери си колку што каде се произведува и каде се собира над 50% од данокот во државата. Само затворен град и забрана за жителство
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Напротив. Провери си колку што каде се произведува и каде се собира над 50% од данокот во државата. Само затворен град и забрана за жителство
О ти моќен Богу, што си се родил во Скопје,центарот на светот.
И другите градови во државата нека имаат еднакви услови за работа и живот како Скопје па забранете жителство бе, никој не ви брани.
Во меѓувреме ти биди среќен што младите мозоци после завршувањето на факултет остануваат да работат во Скопје, а не си заминуваат од државава па ти го вадат лебот.
 
Немора да ми се обраќаш со Бог ама добро е има надеж за тебе бар почитуваш виши битија :P

Имаме ние доволно мозоци. Ако се толку паметни нека си ги изградат селата или бар нека се еманцепираат а не да јадат трици кај стигнат. И нека научат ако ништо друго да зборат како треба преку таквото ми е од акценти од секоја вукојебина во државата.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.974
Поени од реакции
12.518
Немора да ми се обраќаш со Бог ама добро е има надеж за тебе бар почитуваш виши битија :P

Имаме ние доволно мозоци. Ако се толку паметни нека си ги изградат селата или бар нека се еманцепираат а не да јадат трици кај стигнат. И нека научат ако ништо друго да зборат како треба преку таквото ми е од акценти од секоја вукојебина во државата.
Вишо битие, пошто претпоставувам дека и ти си мозоче и ти фаќа кликерот како на останатите твои мозочиња,ме интересира како не ти текнало дека со парите за грандиозното Скопје 2014 можеше да се изгради цела држава, и селата, и градовите, и патиштата. Можеа да се отворат фабрики, да имаат луѓето каде да работат, знаеш да не ви прават гужва во големиот град и да не ве замараат со дијалекти бе. Па да не го оптоваруваш ти мозочето твое и да не губиш нервни клетки ( кои не се регенерираат ) кога и да слушнеш друг дијалект. Пошо нели ти зборуваш литературно, не на дијалект.
Лесно ви е бе, лесно.
 
E

emission

Гостин
Сељак остануе сељак дури и кога пишува. Биди благодарен ти и таквите ко тебе што јадете леб од мојот град
Јас не јадам леб од твојот град. Меѓутоа за среќа не сум сретнал ситни души како тебе што имаат типичен македонски синдром „да му умре козата на комшијата, или зошто за пократко време да стане подобро снајден од мене“. Скопје јаде леб од сите тие што плаќаат кирии, трошат во маркети, излегуваат по клубови и кафичи. Да нема толкав проток на луѓе сето тоа ќе го има во многу помал број. И кој парадок е ова . Тврдокорен скУпјанец да се нервира од дијалектите ај да разберам. Ама да се нервира од Скопски дијалект тоа е малку дегенско. Не сум виновен јас што Скопје на скопски е СкУпје.:pos:Јас не сум во твојот град, ама ти посакувам Чаир да ти се прошири до пред куќата и после да се осеќаш среќен и препороден кога ќе слушнеш беровски, струмички, паланечки и слично. Ти кажав Скопје пред 80 години имало 50 000 жители, сега има 700 000 и како што кажав не знам ниеден постар скопјанец од 30 години што родителите му се родени во Скопје. Скопје ти е полно со луѓе од сите краишта и за среќа верувам дека таквите што ги иритира да слушаат друг дијалект освен СкУпски и Косоварски сте вид во изумирање.
 
F

FARANG

Гостин
Вишо битие, пошто претпоставувам дека и ти си мозоче и ти фаќа кликерот како на останатите твои мозочиња,ме интересира како не ти текнало дека со парите за грандиозното Скопје 2014 можеше да се изгради цела држава, и селата, и градовите, и патиштата. Можеа да се отворат фабрики, да имаат луѓето каде да работат, знаеш да не ви прават гужва во големиот град и да не ве замараат со дијалекти бе. Па да не го оптоваруваш ти мозочето твое и да не губиш нервни клетки ( кои не се регенерираат ) кога и да слушнеш друг дијалект. Пошо нели ти зборуваш литературно, не на дијалект.
Лесно ви е бе, лесно.
Со оглед на тоа дека 20 години ве субвенционираме со исклучок на 2-3 града ред беше и во СК да се изгради нешто. 2/3 од провинција седи дома и кука. Пола БТ е незапослена ама неќе да ора него сака каде да пие и да лапа камата у ТАТ па да плаче после. Доста беше. Наши пари, наш град. На крај крајева не е државата таа што треба да гради фабрики тоа било у комунизмот.

Кога сум у странство зборам на локален јазик/дијалект. Кога си у СК очекувам да збориш скопски поготово ако таму живееш. Не се прави многу паметна, да не си и ти од оние мозочиња што ги спомна?
--- надополнето: 23 март 2013 во 20:45 ---
Јас не јадам леб од твојот град. Меѓутоа за среќа не сум сретнал ситни души како тебе што имаат типичен македонски синдром „да му умре козата на комшијата, или зошто за пократко време да стане подобро снајден од мене“. Скопје јаде леб од сите тие што плаќаат кирии, трошат во маркети, излегуваат по клубови и кафичи. Да нема толкав проток на луѓе сето тоа ќе го има во многу помал број. И кој парадок е ова . Тврдокорен скУпјанец да се нервира од дијалектите ај да разберам. Ама да се нервира од Скопски дијалект тоа е малку дегенско. Не сум виновен јас што Скопје на скопски е СкУпје.:pos:Јас не сум во твојот град, ама ти посакувам Чаир да ти се прошири до пред куќата и после да се осеќаш среќен и препороден кога ќе слушнеш беровски, струмички, паланечки и слично. Ти кажав Скопје пред 80 години имало 50 000 жители, сега има 700 000 и како што кажав не знам ниеден постар скопјанец од 30 години што родителите му се родени во Скопје. Скопје ти е полно со луѓе од сите краишта и за среќа верувам дека таквите што ги иритира да слушаат друг дијалект освен СкУпски и Косоварски сте вид во изумирање.
Ако не си од/во Скопје иди коментирај си за твоето село. Што се замараш за нас? Црвот убавото јаболко го јаде, никој не е будала да се сели кај тебе. Ситни души сте вие што само серете а дефактно на сите ви е криво ајт поздрав натака и сонувај ги градските кафичи
 
E

emission

Гостин
Зошто бе да се замарам, не се замарам. Само ти плескам факти у фаца. Јас имам отидено доста подалеку од Скопје и на други континенти. А ти веројатно најјако нешто ти е одмор у Турција или „Грчка“ по СкУпски па затоа толку заостанати гледишта имаш дека само Косовари може да се доселуваат во Скопје а никако луѓе што живеат подалеку од Автокоманда или Ѓорче или дека мора да се зборува на дијалект кој изобилува со добро количество србизми и модифицирани српски позајмици или на албански. Нема што да сонувам градски кафичи кога и самиот може да видиш мислења на соодветни теми од Скопјани дека сите ноќни клубови во Скопје се просечни а и самиот го мислам истото бидејќи сум посетил добар дел од нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom