Агенции за наплата - СТОП!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellsing
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Локација
Скопје
ЕУ канцеларијата во Скопје дала упатство до телекомуникациските компании уште пред една година да престанат да ангажираат фирми за наплата на побарувањата,односно дека несмеат да ги продаваат побарувањата од граѓаните на агенции за наплата.
МакБорба дознава дека доколку за вакви побарувања ве контактира некаква агенција за наплата вие е најдобро да го тужите вашиот телфонски оператор кој ги дал и продал вашите податоци до агенција за наплата.
Запослени во АЕК несакаа да дадат изјава по ова, но ставот нивни е јасен – Операторите несмеат да ги отстапат по закон информациите на нивните корисници заради што следат високи казни.
Препорака до граѓаните-тужете ги операторите доколку бидете контактирани од агенција за наплата, пишува макборба.

Редно време е некој да се огласи по основ на ова прашање, нешто што стана пракса кај мак. операторите. Секој неплатен долг од страна на корисникот го продаваат на агенција за наплата, најчесто ЕОС Матрикс и после долгот барем за половина се зголемува.

Вашите ставови и мислења конкретно за ова. Колку македонскиот граѓанин ќе се одлучи да иде со тужба против операторот кој му продава услуга а воедно тој истиот му ги продал податоците на X агенција?
 
Колку си сигурен?

100% веќе виден филм. Ќе те лупнат на регистар дека не си редовен плаќач и со тоа стануваш понатака ризик за добивање секаков кредит па дури може да ти се случи ни телефон ако треба да приклучиш да неможеш оти компанијата има пристап до тој регистар и гледа дека можеш да бидеш проблематичен муштерија. Ова е она што ЕУ и УСА сака да го протурка во МКД, на лесен начин за минимални суми да ве подели на кредитоспособни и неспособни.
 
Тоа со банките ми е јасно и знам како функционира, збориме за нешто сосема друго.
 
ЕУ канцеларијата во Скопје дала упатство до телекомуникациските компании уште пред една година да престанат да ангажираат фирми за наплата на побарувањата,односно дека несмеат да ги продаваат побарувањата од граѓаните на агенции за наплата.
МакБорба дознава дека доколку за вакви побарувања ве контактира некаква агенција за наплата вие е најдобро да го тужите вашиот телфонски оператор кој ги дал и продал вашите податоци до агенција за наплата.
Запослени во АЕК несакаа да дадат изјава по ова, но ставот нивни е јасен – Операторите несмеат да ги отстапат по закон информациите на нивните корисници заради што следат високи казни.
Препорака до граѓаните-тужете ги операторите доколку бидете контактирани од агенција за наплата, пишува макборба.

Редно време е некој да се огласи по основ на ова прашање, нешто што стана пракса кај мак. операторите. Секој неплатен долг од страна на корисникот го продаваат на агенција за наплата, најчесто ЕОС Матрикс и после долгот барем за половина се зголемува.

Вашите ставови и мислења конкретно за ова. Колку македонскиот граѓанин ќе се одлучи да иде со тужба против операторот кој му продава услуга а воедно тој истиот му ги продал податоците на X агенција?

Тоа што ќе го тужиш операторот што ти ги продал податоците, во НИКОЈ СЛУЧАЈ нема да влијае на твојот долг кој сакал нејќел на ваков или таков начин ќе биде наплатен. Продажбата на податоците може да се води само како засебен случај.
 
Ги мрзам овие од ЕОС Матрикс и многу ми идат на нерви.
 
Уште готова уплатница праќаат на крај од писмото(целосно пополнета од нивна страна), за да не се малтретирате. Стварно се срцки овие од ЕОС Матрикс.:love:

Затоа во понеделник ќе одам со муж ми да ги пофалам во АЕК и нив и
Т мобајл. После тоа правец во ОПМ (организација на потрошувачи на Македонија), да видам и тие за што к*р постојат, па отом- потом ќе ве известам тука што сум направила. ;)
 
Тоа што ќе го тужиш операторот што ти ги продал податоците, во НИКОЈ СЛУЧАЈ нема да влијае на твојот долг кој сакал нејќел на ваков или таков начин ќе биде наплатен. Продажбата на податоците може да се води само како засебен случај.
Точно ама плаќањето ќе го договараш исклучиво со тој што ти ја продал услугата и ако треба да му платиш на пример на Blizoo 8000 денари долг, преку ЕОС Матрикс ќе те фати над 10.000 денари.
 
Па секој долг со тек на време си добива камата. Ако не сте плаќале на време, не ми плачете тука, не сте ми симпатични, пошто секојдневието ми е (ни е) загорчено од луѓе што не плаќаат на време.
 
Индиректно кажуваш дека работиш во таква компанија или?
Никој не ти плаче тебе, а не ни видов дека некој плаче, ако неможеш да одрживаш дискусија на одредено ниво и со одредени аргументи напушти.
 
Не работам во таква компанија, ама фала богу што постојат такви фирми, што може да ти завршат работа кога си имаш работа со луѓе кои што не плаќаат, инаку сите бизниси во макеоднија ќе пропаднеа од вакви луѓе. Така да проблемот лоцирајте си го на друго место, јас темава би ја насловил СТОП за луѓе што не плаќаат.
 
Па секој долг со тек на време си добива камата. Ако не сте плаќале на време, не ми плачете тука, не сте ми симпатични, пошто секојдневието ми е (ни е) загорчено од луѓе што не плаќаат на време.

Што ако ти кажам дека конкретно мојот случај нема врска со неплаќање а пак ми го начукаа поштено од Т мобајл. Прво ми увалија фаличен телефон кој 10 пати се расипува од кои 3 пати е носен на сервис. Експлицитно им нагласив дека сакам РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ и дека немам намера да ги платам останатите рати за телефонот(пошто нормално за к*р не го бива). Дечките решија ноншалантно да ми ја изигнорираат главната поента која 20 пати ја повторив во 2 страни А4 формат приговор, меѓудругото да ми извадат зборови од контекст, дури дрско да дадат одговор на истите во нивна корист. И сега ангажирале таму некои си батки, да се замараат наместо нив(ова е се смислено за да неможеме ние револтираните потрошувачи да им доаѓаме на продажните места и да им правиме скандали од кои ќе им падне рејтингот), туку фино лепо ќе си лупаат камати и ќе ангажираат трети лица, небаре сме малоумни и не си ги познаваме правата и законите во државава.
 
Не работам во таква компанија, ама фала богу што постојат такви фирми, што може да ти завршат работа кога си имаш работа со луѓе кои што не плаќаат, инаку сите бизниси во макеоднија ќе пропаднеа од вакви луѓе. Така да проблемот лоцирајте си го на друго место, јас темава би ја насловил СТОП за луѓе што не плаќаат.
Добро де, компанија која ги ангажира овие фирми за наплата на долгот. Ако си толку фраер пофали се кај работиш, јас иако имав директен и индиректен контакт со луѓе кои долгот им е наплатен преку агенција за наплата и фирмата која ги користеше тие строго сум против зашто знам како е да се биде на местото корисник додека овие другиве мислат господ за муда го фатиле.
Секоја компанија може да го тужи корисникот за долгот доколку не е платен согласно договорт кој е потпишан од двете страни и тоа да си го реши на таков начин, згора на тоа и камата да му пресмета.
Проблемот кај овие фирми е што директно идат во агенција за наплата, камата не им пресметува комапнијата која продава добра и услуги туку агенцијата за наплата. Со 100% сигурност тврдам дека оваа политика ја води ONE.
 
Што ако ти кажам дека конкретно мојот случај нема врска со неплаќање а пак ми го начукаа поштено од Т мобајл. Прво ми увалија фаличен телефон кој 10 пати се расипува од кои 3 пати е носен на сервис. Експлицитно им нагласив дека сакам РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ и дека немам намера да ги платам останатите рати за телефонот(пошто нормално за к*р не го бива). Дечките решија ноншалантно да ми ја изигнорираат главната поента која 20 пати ја повторив во 2 страни А4 формат приговор, меѓудругото да ми извадат зборови од контекст, дури дрско да дадат одговор на истите во нивна корист. И сега ангажирале таму некои си батки, да се замараат наместо нив(ова е се смислено за да неможеме ние револтираните потрошувачи да им доаѓаме на продажните места и да им правиме скандали од кои ќе им падне рејтингот), туку фино лепо ќе си лупаат камати и ќе ангажираат трети лица, небаре сме малоумни и не си ги познаваме правата и законите во државава.

Секако дека како потрошувач си имаш одредени права, но бидејќи работам и со оваа проблематика, знам дека има и луѓе што изведуваат. НЗ за твојот случај кој е, но ти како лице кое си земало одреден производ имаш обврска истиот да го платиш. Ратите се само добра волја (!) на продавачот да ти даде одложено плаќање додека ти се користиш со уредот. Не може и двете.

Самите производи си подлежат на одредена гаранција - на пример 1 година, во која се должни да го сервисираат уредот или да дадат соодветен во замена по истекот на 45 дена. Доколку тие не го испочитувале ова (што би ми било чудно бидејќи обично не се замараат за 1 телефон), си можел слободно да се обратиш до Агенцијата за заштита на потрошувачите, но НИКАКО не си имал право да престанеш да си го плаќаш долгот зашто ти си сметал дека така треба. Кај ќе беше државата ако секој така самостојно си решава.

Добро де, компанија која ги ангажира овие фирми за наплата на долгот. Ако си толку фраер пофали се кај работиш, јас иако имав директен и индиректен контакт со луѓе кои долгот им е наплатен преку агенција за наплата и фирмата која ги користеше тие строго сум против зашто знам како е да се биде на местото корисник додека овие другиве мислат господ за муда го фатиле.
Секоја компанија може да го тужи корисникот за долгот доколку не е платен согласно договорт кој е потпишан од двете страни и тоа да си го реши на таков начин, згора на тоа и камата да му пресмета.
Проблемот кај овие фирми е што директно идат во агенција за наплата, камата не им пресметува комапнијата која продава добра и услуги туку агенцијата за наплата. Со 100% сигурност тврдам дека оваа политика ја води ONE.

Не знам што баш ти е гајле кај работам. Воопшто не е битно (нит ме интересира) кај ти работиш.

Добро знаеш како функционира и македонското судство. НЕМОЈ да ми кажуваш дека треба да се тужиш за некој долг од 100-200е? Нека се и 1000е. Сите знаеме дека за такви долгови во загуба е ЖРТВАТА (оној на кој му должат), а не КРИМИНАЛЕЦОТ (оној којшто должи), кога ќе се заврши целата постапка, нервози, адвокати, трошоци и друго.

Затоа овие агенции, иако немам директно искуство со нив, ми личат како одлична работа - конечно да се расчисти со неплаќачите кои ја кочат целата економија и на неетичен начин сакаат да се користат со услугите и производите кои не ги платиле. Не заборавјте, некој тие услуги и производи ги платил (тоа е најчесто жртвата - односно оној на кого му должат), и тој е во двојна штета - каде платил за нешто што го нема (му го зеле на нечесен начин, т.е. де факто го украле), и од друга страна не добива подршка од системот (државата) да си го обезбеди своето УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО на сопственост. Тоа е свето право во Уставот и мора да биде најстрого заштитено.

Така да од мене само големо БРАВО за сите оние што конечно наплаќаат од оние што крадат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom