- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
Регистрирајте ги при-пејд броевите или ќе ви ги деактивираат
21.03.2013 - 13:09:55
Агенцијата за електронски комуникации денеска уште еднаш апелираше за регистрација на при-пејд броевите.
“Причината за започнување на овој проект се податоците и искуствата кои покажуваат дека користењето на нерегистрирани при пејд картички знае да предизвика несакани последици. Неретко истите овие при-пејд картички се злоупотребуваат, се користат како анонимни броеви и ја нарушуваат безбедноста на голем број на граѓани. Затоа апелираме до сите корисници на при-пејд броеви, кои досега не ги регистрирале своите броеви, заради лична безбедност и за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија, тоа да го направат во следниот период“, велат од АЕК.
Проектот за регистрација стартуваше во октомври лани и тогаш директорот на АЕК Роберт Орданоски најави дека очекуваат регистрацијата да трае до крајот на март годинава, а нерегистрираните броеви да бидат деактивирани.
Формите на спроведување на регистрацијата се следни: идентификување на претплатникот на самото продажно место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација; повикување од страна на претплатникот на посебно утврден број каде истиот ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле - 1233, Оне оператор - 14181, Вип оператор - 140150); испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број ; внесување на податоците од страна на претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал) или друг начин утврден од операторите и/или давателите на услуги.

автор: Нетпрес
Што мислите, дали според вас со ваква постапка се крши правото на приватност на граѓанинот или не? Од кога АЕК толку се грижи за безбедноста и сигурноста на граѓаните?
Кои се добри, а кои лоши страни на ваквата процедура? Дали навистина со регистрацијата ќе се спречат злоупотребите, или не? Јас сметам дека ако некој сака да злоупотреби број, ќе најде начин тоа да го стори, вака или онака.