Аудио Опрема: Засилувачи, Ресивери, Тунери, Звучници...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не се лажам ZEC носат и Онкио и Јамаха, така да ако немаат, можно е да ти нарачаат. Како што кажа Псај, имаш во Капиштец и во ГТЦ (ZEC).

ZEC застапува „Онкио„, како и „Пионир„ „Ворфдејл„, „Шервуд„ и други германски производители на звучни кутии, но ако очекуваш дека нешто ќе нарачаш од кај нив и дека ќе го добиеш, ќе попричекаш, а ова го велам од лично искуство со нив, кои не се расположени да ми кажат ниту цена на она кое го продаваат и застапуваат, а камо ли нешто да ми нарачаат, по мој избор.

Но, не се такви само во ZEC, такви се сите македонски трговци со електроника, кои го продаваат само тоа што во моментот го имаат во дуќан, а што најчесто се производи од најниска, економска класа уреди (ентри-левел) што за мене не се од интерес...
 
но ако очекуваш дека нешто ќе нарачаш од кај нив и дека ќе го добиеш, ќе попричекаш
Добро е што сподели такво искуство со ZEC, јас не сум купувал или нарачувал од нив, само му посочив на Windfucker дека таму може да има таква опрема. Не боли да се праша.
 
Заборавив да кажам дека проверив на сајтот од ZEC и на лагер немаат ништо од тоа што го барам.
Друга работа е што спомена Мики е дека воопшто немаат Јамаха во нивниот асортиман.
Артист имаат Јамаха, но за жал немаат ништо од страна на појачала и вуфери.
Ќе одам утре најверојатно до Скопје и ќе прашам на неколку места да видам што можам да најдам.
 
Производи од „Јамаха„ не сум видел со години низ Скопје, а ако има нешто од таа фирма, тоа е веројатно случајно увезен и изложен аудио уред. Пред неколку години, „Техномаркет„ имаше нешто од „Јамаха„ рисивери и ништо повеќе. Евентуално да прашаш за „Јамаха„ во „Аудио центар„ во ГТЦ, но тоа е само теорија...И ZEC има продавница во ГТЦ., на првиот кат, како и во ТЦ „Капиштец„, во стариот објект.
 
Во суштина, што вика и MIKI1 понудата е релативно оскудна кај нас и нема некој избор. Веројатно тоа е последица и на пазарот кој кај нас претпоставувам е мал за таква опрема. Кога некој вика дека сака да земе рисивер и звучници за домашно кино, скоро секогаш тоа се HTiB решение од 10-15.000-тина илјади. Оттаму и изборот за поголем и поквалитетен избор.
 
HI-FI аудиото умира, а кај нас практични исчезнува. Ако е некој задоволен со МП3 шит, симнат од Интернет и го слуша на МП3 плеер или на ПЦ, нему не му треба аудио систем од 10 000 Евра.

Во наши услови, можеш да го купиш само она кое можеш да го видиш во дуќаните, ништо повеќе од тоа. Нашите трговци сметаат дека, ако увезат евтина роба, дека брзо и ќе ја продатат, надевајќи се на брз обрт и заработка. Овде никој и не се потресува со испитување на пазарот на аудио опрема и побарувачката кон таа опрема., иако се‘уше има познавачи и купувачи на тоа хоби, но изборот не практично никаков...
 
Во црква каков аудио систем користите ?
 
Мики, рокаш ли ти молитви и псалми на твојот сараунд? Кој е најдобар сетап на еквилајзерот за да се добие богоуген тон?
 
Во Црквата се користи смао гласот од штецот и гласот од свештеникот, и од хорот, доколку го има при храмот.
Во Црквата, не се користи озвучување и музички инструменти за потребите од службите.
--- надополнето: 22 февруари 2013 во 00:26 ---

Го одвртуеш потенциметарот „до даска„ а еквилајзерот го местиш само на „бас„од 25 хз и на „високи„ од 30 кхз...:D
 
Ептен клаберски! Знаев дека госпот е диџеј, сака басот од "господи помилуј" да те удри.
 
Hi-FI не умира, никогаш...може само оние кои се по тој звук, да се поретки.
 
Дали некој има искуство со Sony STR-DH520 ili 510, ме интересира дали ако пуштиш радио односно стерео сигнал ќе свират сите 6 звучници, значи дали има мултичанел стерео опција на ресиверот. Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom