Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.585
Почна да се одразува...
Во сите овие 246 страни го даде најкраткиот одговор. Според мене, а многу нема да се согласуваат но, потајно посакуваат да бидат масони. Заради власта или (во масонеријата како што би било кажано) влијанието над другите луге. Како што би рекол Ниче во неговата книга Волја за Моќ над другите. И во господарот и во робот видов волја за моќ. Се друго е срање, тоа и самите масони го знаат.Мислам дека голата суштина и целта на постоењето на масонеријата е голиот интерес на тоа друштво да си обезбеди позиција ,,волк со волк да не се јади туку волк на волк да помага,,. Замислете да си имате за ,,браќа,, премиери, претседатели, министри, судии, обвинители, градоначалници, бизнисмени, директори на царини, директори на разни инспекции, банкари, бизнисмени, професори, новинари........ Со такви ,,браќа,, дали има некоја функција која би ви била недостапна или некој бизнис кој не би можеле да го направите, работа која не можете да ја завршите.... Секој на секого помага и на сите им е супер.... Па сето тоа поврзано и на интернационално ниво. Фантазија, пари за сите........ Како правиш повеке пари и стекнуваш повеке моќ одиш во погорен ранг, во поголеми бизниси........ Ритуали, просветлување, храмови, богови, хуманизам, знаење и незнам што друго, сето тоа е само параван и начин да се држи и контролира друштвото заедно..........
Има, уште од прошлиот век. Првата масонска ложа била основана у с. Псача у родната куќа на Тито Петковски.У Крива Паланка има масони.
Пријателе , еден добронамерен совет од мене започни со пишување на научнофантастични романи пари ке направиш...Од погоре посочените политичари ниту еден не е масон а кај нас во МК има околу 100тина масони признаени за останатите инстант не коментирам.Скоро сите политичари се масони.Ретко кој не, а и дали ке опстои во политиката со друга религија.Гледав на еден сајт(ако го најдам ке ви пуштам линк) дека грујо и ѓорѓе се масони прв ред.За бранко не прочитав, како што и прочитав за бројни функционери и од позиција и од опозиција.Едноставно е "тренд" да бидеш масон.
Во СССР да, но во останатите комунистички земји не било така. Масоните во повоена Југославија (после 1945) биле многу удобно позиционирани. Иако ложите биле угаснати, предвоените масони (на чело со Јосип Броз) се нашле во самите врвови на власта и општествениот живот. Самиот врв на комунистичката „елита“ го сочинувале предвоени масони: Едвард Кардељ, Стево Крајачиќ, Моша Пијаде, Иван Рибар, Владислав Рибникар, Коча Поповиќ, Владимир Велебит, Димитар Влахов, браќата Поздерац, Мирослав Крлежа, Иво Андриќ, Иван Мештровиќ... Масоните биле и на раководни функции во академските кругови (Александар Белиќ, Александар Дероко, Виктор Новак, Борислав Пекиќ, Милорад Павиќ...) Во Полска, Чехословачка и Унгарија ситуацијата била доста слична. Куба е единствената комунистичка земја во која масонеријата воопшто не згаснала благодарение на братот на Фидел, Раул Кастро кој бил масон. Кубанските ложи функционираат непрекинато до ден денес. Освен во СССР, бившите масони немале голем зијан од комунизмот -- напротив, раководеле со комунистичките влади, академии и јавни институции....За време на втората светска војна, стотици илјади луѓе се осудени заради членување во ложа или за врски со масонерија (прилично апсурдно обвинување, но само во Шпанија над 80,000 лица се ликвидирани под тоа обвинување, а имало само 5,000 масони во земјата пред да дојде Франко). По војната, во комунистичките држави, следува речиси иста судбина, што уште повеќе ја зацврстува потребата од тајност. Таа тајност се манифестира преку неекспонирање на местата за состаноци во некои земји, или пак во зголемени мерки за безбедност за истите во други земји (како на пример Турција, каде што мора со вооружено обезбедување да се чува зградата во Истанбул, заради двата терористички напади врз неа)...
Југославија е интересен исклучок во однос на прогонот на масоните - затоа што официјалниот став на раководството е дека "целта на масонеријата е создавање на поусовршено општество; бидејќи ние создадовме најсовршена форма на општество, масонеријата нема потреба да постои". Ова се појавува (се разбира, малку парафразирам, не можам да цитирам точно) дури и во некои енциклопедиски изданија во СФРЈ.Во СССР да, но во останатите комунистички земји не било така. Масоните во повоена Југославија (после 1945) биле многу удобно позиционирани. Иако ложите биле угаснати, предвоените масони (начело со Јосип Броз) се нашле во самите врвови на власта и општествениот живот. Самиот врв на комунистичката „елита“ го сочинувале предвоени масони: Едвард Кардељ, Стево Крајачиќ, Моша Пијаде, Иван Рибар, Владислав Рибникар, Коча Поповиќ, Владимир Велебит, Димитар Влахов, браќата Поздерац, Мирослав Крлежа, Иво Андриќ, Иван Мештровиќ... Масоните биле и на раководни функции во академските кругови (Александар Белиќ, Александар Дероко, Виктор Новак, Борислав Пекиќ, Милорад Павиќ...) Во Полска, Чехословачка и Унгарија ситуацијата била доста слична. Куба е единствената комунистичка земја во која масонеријата воопшто не згаснала благодарение на братот на Фидел, Раул Кастро кој бил масон. Кубанските ложи функционираат непрекинато до ден денес. Освен во СССР, бившите масони немале голем зијан од комунизмот -- напротив, раководеле со комунистичките влади, академии и јавни институции.
И како тоа да се објасни? Да се отворат вратите на состаноците, само за јавноста да биде убедена во спротивното?! Ако го направиме тоа, тогаш ќе стане бесмислен процесот на иницијација кој го имаме со векови.за масоните се знае скоро све,освен што прават оние од врвот,дали е тоа што го прокламираат или имаат некои други агенди.
јавното делување е сосема ОК,прашање е дали постои и нешто друго зад параванот
Од кого рации? Од Кастро? Колку кубански масони имале проблем, биле отпуштени, малтретирани, или ликвидирани? Ако нема, батали рекла-казала плачки.Куба е вистински исклучок - имам пишувано доста за тоа, иако и таму многу пати кога има рации за проверка на анти-комунистички активности, први на удар се масонските ложи.