Која плоча/кој процесор ( дали пиновите ти се на плочата или на процесорот )? Ако се на процесорот ( AM2 на пример ) - ќе ти биде полесно за исправање затоа што ако не ги испраеш скроз - нема физички процесорот да влезе во socket-от на плочата, ако се на плочата - тешко тебе. Нареден пат кога ќе сакаш да извадиш кулер - никогаш немој да влечеш дирекно нагоре, прво разлабај го малце кулерот ( врти го, помери го лево-десно ) па тек после дирекно нагоре.
За исправање - користи кредитна картичка, некоја тврда пластика - било што и со мала сила пробај да ги испраеш ( ако утнеш неколку пати или искористиш преголема сила - најверојатно ќе искршиш некој пин ). Можеш да искористиш пинцета, пенкало ( празна мина од пенкало ) и некои слични ствари што би ти се нашле по дома.
Ако пиновите ти се на плочата - не верувам дека ќе можеш сам дома да ги испраеш правилно ( со голо око скоро и да не се приметува дека се искривени/не се скроз прави / ).
Ако не си исправал никогаш до сега и не се осеќаш сигурен - носи у сервис.