Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Фала многу! Тоа и ме интересираше, пошто имам слушнато од други дека наводно таква работа шо се смета за оружје ја конфискуваат на граница, ама бидејќи вие на форумов шо сте порачувале и имате искуство со тие работи сигурно знаете подобро од мене. А за последното си у право-многу работи се сметаат за ладно оружје и можат да послужат како истото, па сепак се легални.
 
Еве уште еден. Полар скинер сечиво, пресувана кожа и месинг;

PICT0379_zps0a930a99.jpg

PICT0381_zpse8ca802c.jpg
.

Овој е за дерење, затоа му е сечивото со малку потап врв од вообичаеното.
 
http://store.baladeo.com/en/pocket-knife-t-tech.html

Гледам дека има познавачи на темава, па ме интересира што мислите за ножов? Во дилема сум дали да го купам....
Ме чуди маржата од 15 евра која ја има продавницата во Скопје (ај да не испадне дека јадам трици за нив)....ама и покрај тоа, одамна сакам да си купам нож за викендашка употреба (надвор, планина....не дерам ништо, не колам)....
 
dokolu idete na kanta pazar pobarajte go radovan od markovmanastir tamo ke najdete sekakvi kvalitetni nozevi mn eftino pozz
 
http://store.baladeo.com/en/pocket-knife-t-tech.html

Гледам дека има познавачи на темава, па ме интересира што мислите за ножов? Во дилема сум дали да го купам....
Ме чуди маржата од 15 евра која ја има продавницата во Скопје (ај да не испадне дека јадам трици за нив)....ама и покрај тоа, одамна сакам да си купам нож за викендашка употреба (надвор, планина....не дерам ништо, не колам)....

За викендашка употреба.... Victorinox, било кој модел, тука нема утка.
Ваквите нонејм и x-ножеви нема да ги коментирам.
А маржата мора да ја има, како инаку би имале интерес за продажба?
 
глеам овде, ќе мора и јас да стам некоја слика од мојата не толку голема колекција :)

него иам некои сечила кои би сакал да имаат рачка али никако да направам нешто такво :( неам добро дрво а ни доволно алати, ми треба нешто добро за брусење за да им дам саглам финиш...
Иначе едниот од овие е од stainless незнам од каде, незнам кој го правел само е со две оштрици, другиот сум го касапел јас од челична пила (некој бош дизајн али добар за фрлање) :)
и најјакото нешто во колекцијата: едно античко чудо кое го најдов, рѓосано и разјадено, полно со земја, има рачка од коска (најверојатно рог) и се гледа дека е кован. зедов да го брусам да го подисчистам али многу го јадела то рѓата...

п.с. и го заборавив чудото кое зело многу души :)
Solingen Bowie... 20тина години старо чудо, се чудам како не се истапел по толку кожи дерење сечење и слично, и имам едно limited edition царински нож од братство :)
 
Како што кажав ќе пробам да сликам дел од постапките, епа еве нешто:
Одбираме едно сечиво од купот:
424043E0442043E043304400430044404380458043000079_zps7c2f72f6.jpg

Одкако одбравме сечиво, го брусиме тангот за да фати епоксито подобро, се сече парче месинг со погодна ширина за одбојник:
424043E0442043E043304400430044404380458043000087_zps9337f761.jpg

После тоа се сече на приближна димензија и се бушат дупки во рамна линија:
424043E0442043E043304400430044404380458043000089_zps94eec779.jpg

424043E0442043E043304400430044404380458043000090_zps78cba675.jpg

Па се прави каналот за тангот да влезе, ова се прави многу прецизно и полека:
424043E0442043E043304400430044404380458043000091_zps7a1410a0.jpg

После тоа се редат парчињата кожа кои претходно се стружат помалку за епокси-то подобро да фати:
424043E0442043E043304400430044404380458043000092_zpsb5e78b2c.jpg

измеѓу секој слој, и на тангот се става епокси, се става последниот одбојник (месингот на крај), се стега во стега и се остава 24 часа да се исуши, (2-3мм од тангот што се остава да стрчи од задниот дел се нитува), се обликува рачката, се финишира со шмиргли во различна гранулација, се става восок на кожата и тоа е тоа.....останува футролата, а тоа во некоја наредна прилика.
Се извинувам за недостигот на слики од постапките, но како што кажав, ова го правам брзо и заборавам дека треба да сликам.
Се извинувам за слабиот квалитет на сликите.
 
^интересно :) гледав нешто вакво со различни дрва...

многу ме бендиса исто изгледот на Chainsaw knife, кован од ланец од моторна пила... многу интересно али кој да кова :)
 
eMilanist

И пред некое време те прашував некои прашања
сега сакам да прашам околу калењето.
Набавив ваков користен нож(како и да се вика)
image.jpg

планирам од него да го правам првиот нож, дали ќе треба да се кале пошто најверојатно веке е калено пред да се пушти во продажба/употреба
 
пошто сум машинец и знам кое од учење, кое од користење јас ќе ти кажам дека САМО запците се калени.
 
Не е битно дали е или не е калено, готовиот нож мора да е кален.
Идниот нож прво ќе треба да го стабилизраш (да го усвитиш и да го оставиш еден ден да се олади на нормална температура-без вода или улје, да го сечеш и брусиш, да го калиш (се грее до фаза на немагнетичност и после се кали во улје загреано накај 50ц), да го отпуштиш да добие оптимална температура (сат-два на температура зависно од типот на челикот), па после тоа острење, полирање, рачка и футрола....е, кога се тоа ќе го направиш, ако сите фази поминале како што треба (ако утнеш нешто, се почнува одпочеток) тогаш си направил нож што може да се користи.
 
Усвитување е исто како калењето само не се лади наеднаш во улје ?? или ??
 
Кога се усвитува (стабилизира) се поцрвенува металот и се остава да се олади на нормална температура, со други зборови го загреваш металот додека не поцрвене, или не добие темно портокалова боја, го вадиш од огнот и го оставаш да се олади до утредента.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom