Ватикан го избра новиот Папа!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
....уште незнаеме како ќе владее со една од двете големи христијански религии.
Времето ќе каже.

Не постојат две христијански религии. :)
Христијанството е една религија. Праволсавјето и Католичанството се правци. :)

Иначе според мене, има 2 причини поради кои е избран Хорхе Марио Бергољо..
Првата е што е језуит, тие се баш конзервативни католици, ацтеки, луѓе кои се навистина предадени на верата. Ако читавте овој кардинал, се возел во градски превоз, а не во свој автомобил. Не живеел во резиденција туку во нешто слично на куќарка, колиба. Дури на луѓе кои биле болни од сида им има миено нозе.

Католичката црква е во такви проблеми, што мораа ваков човек да изберат. Губат верници на секој фронт, језуит е правиот избор затоа што ќе служи како пример за религиозните луѓе, пример кој ќе го обелува образот на католичката црква.
Претходниот папа, Јозеф Рацингер беше исклучителен теолог, најдобар кој Католичката црква го има во моментов, некои го споредуваа и го ставаа блиску до Тома Аквински дури. Ама тој виде дека многу малку од таа теологија е практична и потешко се исполнува во пракса. Се најде во проблем кога му се појавија проблеми како истополови бракови, нивно посвојување деца, абортус и слично. Сеа овој Папа, како језуит сигурно ќе знае полесно да се справи со тоа.

Втора причина е што е од Аргентина. Ама тоа не е затоа што тежиштето на католичката религија, денес е во Латинска Америка. Баш обратно. :)
Постојат многу показатели и извештаи кои бележат исклучителен пад на католички верници во Јужна Америка, на сметка на Протестантизмот. Протестанти има се повеќе, Католици се помалку таму. А знаејќи го добро познатиот анимозитет помеу овие два правци, Католиците не смеат да си го дозволат тоа.:) Мислам дека баш затоа е Аргентинец новиот Папа. И еден Бразилец беше во тесен избор. Католичанството ја губи Јужна Америка и мора да ја врати.

Иначе баш интересно ќе беше од Африка да е новиот папа. Би се обложил дека следниот оттаму ќе биде. Африка станува се појше муслиманска, па католичката црква ќе мора да направи притисок и таму.
 
Не постојат две христијански религии. :)
Христијанството е една религија. Праволсавјето и Католичанството се правци. :)
Би сакал и вистински да е така, ако не како што вели еден псалм: Spiritale, quo omnes Christiani fratres.... (духовно во кој сите Христијани се браќа), тогаш барем едни меѓу други очи да не си вадиме! :( Мислам да не се презираме, мрзиме, понижуваме.... бидејки нели веруваме во истиот Бог, ги славиме истите Светци, празници.... и на крајот на краиштата од 2,000 години Христијанство, барем половината од тоа време сме биле една иста Црква (религија)... иако начелно се сложувам со тебе дека и денес Православјето и Католицизмот се иста религија - Христијанска.
 
Јас никако не можам да ја сфатам одбивноста која дури и на темава се гледа кон католиците.

Македонците тоа (сакале да признаат или не) го имаат наследено преку својата вродена приврзаност кон Србите, кои пак на католицизмот гледаат преку хрватска призма, па имаат одбивност по дифолт кон католици само затоа што не ги сакаат хрватите. А никако да се сфати дека уствари православците немаат никој поблизок од католиците. Не сфаќам како православци можат да се ситат на неуспеси и “бламирања“ на католиците кога сепак се најблиски и географски и по догма и по менталитет.

Сеа можда ќе скокне некој да ми објаснува дека Ватикан е средиште на малверзации и триста сомнителни глупости, ама тоа го има и кај православците. Само разликата е што, Католичката црква е далеку похиерархијски уредена, поцентралистичка е и сите тие сомнителни глупости можат полесно да се врзат кон еден центар и еден виновник. Во Православјето нема еден така уреден центар, па и глупостите се помалку видливи. :)
 
Убаво кажано! Не би имал што да додадам, само тоа нели: дека сосема се сложувам! :)
 
Искрено не очекував Бенедик да се повлече но годините го направија своето.
 
Разликите помеѓу Католиците и Православните се многу длабоки никаква врска немаат со Србите и Хрватите. Впрочем „ кавгата “ помеѓу Србите и Хрватите не е постара од еден век, а помеѓу Католиците и Православните е постара од илјада години.
Непосреден повод за Големата шизма од1054 година е дали да се обавува причест со безквасен леб или леб замесен со квасец. Но тоа е само повод. Причините се црковни. но и политички и културолошки.
За ова може да се прочита и на Википедија
http://mk.wikipedia.org/wiki/Големата_Шизма
Од тогаш се направени многу неуспешни обиди за надминување на разликите помеѓу Католиците и Православните.
Но разликите се огромни и непремостиви и обидите за помирување се сведуваат само на ветувања за взаемна соработка
 
Накалемена, а не вродена.
Точно.. Најверојатно твојата формулација е поточна, се согласувам.
Искрено не очекував Бенедик да се повлече но годините го направија своето.
Сепак мислам дека поради внатрешни морални причини се повлече, а не првенствено поради годините.
Разликите помеѓу Католиците и Православните се многу длабоки никаква врска немаат со Србите и Хрватите. Впрочем „ кавгата “ помеѓу Србите и Хрватите не е постара од еден век, а помеѓу Католиците и Православните е постара од илјада години.
Непосреден повод за Големата шизма од1054 година е дали да се обавува причест со безквасен леб или леб замесен со квасец. Но тоа е само повод. Причините се црковни. но и политички и културолошки.
За ова може да се прочита и на Википедија
http://mk.wikipedia.org/wiki/Големата_Шизма
Од тогаш се направени многу неуспешни обиди за надминување на разликите помеѓу Католиците и Православните.
Но разликите се огромни и непремостиви и обидите за помирување се сведуваат само на ветувања за взаемна соработка

Секако е точно се ова, само ретко кој православен Македонец ги знае разликите помеѓу католичката и православна догматика, а сепак голем дел имаат одбивност спрема католиците.
Зборам конкретно за одбивноста спрема католиците која е присутна баш на овие простори, а не општо низ религијскиот свет. Овдешната одбивност најпрво е поради одбивноста Срби - Хрвати, а после поради се друго.
 
Точно.. Најверојатно твојата формулација е поточна, се согласувам.

Сепак мислам дека поради внатрешни морални причини се повлече, а не првенствено поради годините.

Секако е точно се ова, само ретко кој православен Македонец ги знае разликите помеѓу католичката и православна догматика, а сепак голем дел имаат одбивност спрема католиците.
Зборам конкретно за одбивноста спрема католиците која е присутна баш на овие простори, а не општо низ религијскиот свет. Овдешната одбивност најпрво е поради одбивноста Срби - Хрвати, а после поради се друго.
Како да не ги знаат разликите. Верувам дека ниту еден православен свештеник или образуван верник нема да се сложи, да премине во католицизам, дури не би се сложил на унијатство - истото важи и обратно.
Пред падот на Константинополис 1453, Папата им понудил унија на Православните Византинци, а за возврат да им прати воена помош и со тоа да ги спаси од пропаста. Таа понуда е одбиена....
И денес, веројатно Ватикан би ја признал МПЦ како автокефална црква, ако склопи унија со Ватикан. Но тоа никому не му паѓа напамет, ниту на Ватикан да понуди нешто такво, ниту на МПЦ да прифати
Нема одбојност помеѓу Православните и Католиците туку сериозни црковни несогласувања.
 
Не зборувам јас, верувам и Нинович за разликите меѓу двете Цркви. Нив ги имало и пред 1054 година но не биле така големи како по големата шизма. Ги имало и ќе ги има, нели поради културолошки и политички причини. Зборувам за омраза, завист, презир, предрасуди.... нив барем не би требало да ги има, а ги има! Особено омраза и предрасуди (од двете страни).... жално е но сеуште има луѓе овдека што освен омраза полни се со предрасуди (веројатно од незнаење). Многу често (особено од постарите) може да се слушне: Тој не е Рисјанин, туку е Католик! А меѓу помладите, особено се популарни митови и легенди спремени во кујната на северниот ни сосед (на YouTube врие од такви) за сенекакви завери, планови за превласт и водење во пропаст на Светот од таа државичка голема колку пола Кисела Вода.
 
Па баш црковните несогласувања ја раѓаат таа одбивност.
Ретко кој ги знае догматските, црковни разлики помеѓу католиците и православните. Нормално не зборам за свештеници и некои кои се бават со тоа. Зборам за мнозинство. А сепак тоа мнозинство има одбивност кон католицизмот, а не знае ни зошто точно.

Можеме ние да збориме за догматските разлики, унијатските цркви и шизмите, ама јас не мислев на тоа. :)
Сакав само да кажам дека обично Христијаните ги гледаат Католиците како далечни, како непријатели, како одбивни, а сепак, во религијскиот свет немаат никој поблизок од нив.

А и не баш сите православни Византијци ја одбиле понудата на Папата тогаш. Повеќето да, ама таа понуда не била дефинитивно одбиена. Ден денес постојат тие унијатски цркви, кои го признаваат Папата, а сепак се догматично православни.
 
Унијатски цркви и Гркокатолички цркви се настанати низ историјата, како обиди на Ватикан да ги соедини христијаните со признавање на Папата како врховен поглавар.
http://hr.wikipedia.org/wiki/Grkokatoličanstvo

И за обичниот верник е многу впечатлива разликата помеѓу Православните и Католиците.
Веројатно сте забележале дека Католичките цркви се преполни со верници, а Православните се слабо посетени.
Тоа не е случајно - Католиците можат да ја остваруваат врската со Господ само преку црквата и свештеникот, а православите можат и самостојно.
Инаку унијатството сега не е ниту можно
Ако имате време, погледнете го ова за Баламандската спогодба
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Izazovi/Ecumen/Lat_ecumen22.htm
 
Зошто на проталов од Кајгана го пишале Фрањо Први??? Тоа е на хрватски на наши би требало да биде Франсоа или Франсис.. иако Франсоа мислам дека е правилно...
http://kajgana.com/franjo-prvi-e-noviot-papa

Imeto na Carot Franjo Josip e na hrvatski, na makedonski e Franz Josif. Znaci Franz.
Po taa logika, Fransoa ostavi go na francuzite :icon_mrgr:
--- надополнето: 19 март 2013 во 10:33 ---
Можеме ние да збориме за догматските разлики, унијатските цркви и шизмите, ама јас не мислев на тоа. :)
Сакав само да кажам дека обично Христијаните ги гледаат Католиците како далечни, како непријатели, како одбивни, а сепак, во религијскиот свет немаат никој поблизок од нив.

Ova ti e malku glupo napisano. I Katolicite se isto taka Hristijani, isto kako i Pravoslavnite, Protestantite...site se Hristijani, ne samo Pravoslavnite.
--- надополнето: 19 март 2013 во 10:42 ---
Како да не ги знаат разликите. Верувам дека ниту еден православен свештеник или образуван верник нема да се сложи, да премине во католицизам, дури не би се сложил на унијатство - истото важи и обратно.
Пред падот на Константинополис 1453, Папата им понудил унија на Православните Византинци, а за возврат да им прати воена помош и со тоа да ги спаси од пропаста. Таа понуда е одбиена....
И денес, веројатно Ватикан би ја признал МПЦ како автокефална црква, ако склопи унија со Ватикан. Но тоа никому не му паѓа напамет, ниту на Ватикан да понуди нешто такво, ниту на МПЦ да прифати
Нема одбојност помеѓу Православните и Католиците туку сериозни црковни несогласувања.

Samo kolku da te izvestan, Vatikan ja priznava MPC za aftokefalna (priznava se ama bas se site sakramenti, sveti Tajni) za razlika od SPC i RPC i GPC i ostanatite kakvi ti sve ne PC na svetov...nekoi ni krstevanjeto na MPC ne go priznavaat...a kamo li ostanatite Sv. Tajni
 
Млатење празна слама избирањево на нов папа, ниту тие пред него биле нешто особено подобри, ниту овоj ќе смени нешто, а не очекувам и од наредните водачи да можат да променат нешто во структура базирана на догми настанати пред 1000 години наместо на здрав разум. Додека светот се движи напред тие стагнираат и го повлекуваат назад. Кондоми за црнците во Африка? Нема шанси бе, како тоа, па Господ рекол црнците треба да фаќаат СИДА, нека испоумрат сите. Абортуси за жените во Африка кои што не може да издржуваат ново дете или тоа дете ќе се роди со СИДА? Нема шанси бе, Господ рекол тоа е еден верен следбеник на црквата повеќе на земjата, а знаеме сите колку значи еден повеќе верник од било коjа религиjа на земjата. Геj брак? Попрво би одобриле jавно садо-мазо врз деца (оти тоа нели приватно го практикуваат без проблем и светиот Папа им го простува гревот) отколку геj бракови.

/rant
 
Ova ti e malku glupo napisano. I Katolicite se isto taka Hristijani, isto kako i Pravoslavnite, Protestantite...site se Hristijani, ne samo Pravoslavnite.

Секако.. :) Јас на истата грешка посочив во претходен пост, а во овој ми се случил лапсус клавис. :D
Мислев на Православните, а сум пишал Христијани, фала ти на исправка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom