Што е битно дали е onboard или не, графичката мора да биде на некоја магистрала ( bus ) вржана. Било да се работи за интегрирана графичка картичка/звучна/мрежна - пак тие мора да се вржани на некоја магистрала, не комуницираат магично. Не е ни исто на сите плочи - кај некои на пример интегрираната звучна е вржана на USB ( интерно, дирекно - значи не е стаена у USB port ама ипак е на таа магистрала), кај други плочи може да е вржана на PCI магистрала и тн. Нека не те буни тоа уопште - небитно е у случајов.
Симни GPU Z не CPU z - според screenshots што ги најдов набрзина - интегрираната ( 7025 ) е вржана на обичниот PCI bus ( не PCI express ), симни GPU-Z и провери ако те интересира ( не дека е битно ).
И уште нешто - ако ја извадиш графичката скроз од PC дали се пали компјутерот од прва или пак мораш ресет да праеш на секое палење?
Ако се пали од прва тогаш ја би сумњал на неисправна графичка како најверојатен причинител на проблемот ( ѕирни ги баш кондензаторите, неретко тие први попуштаат - башка евтини се за мењавање ако те бива за лемење ), после тоа PCI express слотот на плочата, па напајањето, па баговит BIOS на плочата. Најверојатно проблемите со палењето и графичката картичка ти се поврзани.