Аеродромот Александар Велики најдобар во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Samurai Jack
  • Време на започнување Време на започнување

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Возраст
32
Локација
Велес
Наградата ја додели Меѓународниот аеродромски совет. Самите посетители дале највисоки оценки за квалитетот на услугите.

.
%5CUpload%5C%5CVesti%5CNikola_Aleksandar_Veliki_2013313172459.jpg

Александар Велики е најдобар во Европа. Скопскиот ја доби првата награда меѓу 275 аеродроми во категоријата помали од два милиона патници годишно кои ги анализирал Меѓународниот аеродромски совет. Самите посетители дале највисоки оценки за квалитетот на услугите.

„Одовде се сообраќа до 20 дестинации, а од мај отвораме линија и до Стокхолм. Со тие линии Скопје е поврзано со поголемиот дел од Европа, а преку Истанбул и со светот“ изјави главниот оперативен директор на „ТАВ аеродроми“, Мурат Орнекол.
Преку Александар Велики лани минале над 900 илјади патници од кои 200 илјади биле странски државјани.

„Лани имавме пораст од 8,7 проценти, а во февруари годинава во однос на истиот месец лани пораст од 14 проценти, што е над европскиот просек. Среќни сме што патниците се повеќе го избираат аеродромот „Александар Велики“ за полетување, слетување или трансфер“ изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Во Македонија најмногу се лета со „Виз ер“, па со „Туркиш“ и „Аустриан ерлајнс“. Најатрактивни дестинации биле Цирих, Истанбул, Виена, Белград и Загреб.
Никола Крстиќ

Превземено од: www.alfa.mk
 
Само многу малце патници :) 2м, ама за толкава држава сепак и ова е успех :)
 
:pos: :pos:

За сите шо ќе се залетате по насловот, читајте ја првата реченица, вака испаѓа нашиов подобар од Хитроу, Шарл де Гол и кои и да се.
 
Само многу малце патници :) 2м, ама за толкава држава сепак и ова е успех :)

2м е премија за Александар Велики, моментално сеуште е недостижна и бројката од 1м.
 
Уште да поработат малку на културата вработените и ќе биде супер.
 
Па за разлика од порано е доста подобрено, затоа редовните патувачи се пријатно изненадени. Не ја оспорувам услугата, стварно е подобрена но понашајнето на поединечни полицајци, посебно на царината е катастрофално. А и некојпат има и киксови на персоналот при чекирајне куфер, но не е како порано. Кој летал знае.
 
Тоа чекирањето ме изнервира мене.Кога патувам со ранец низ Европа, никаде не ми бараат чекирање туку директно во авион.Летав од Скопје за Лондон, на картата фино лепо пишува дека не треба чекирање, од гејт ме враќаат на шалтер - морало да се чекира. :mad:

И уште нешто, не видов дека треба да се помине на царина и само си поминав и еден цариник ми вели - Ало бе, каде? Што мислиш што е ова? :mad:
 
Патував само два пати во 2012-те преку Александар Велики но и во обата случаи вработените беа мошне љубезни, пријатни и услужливи.

Ова е една од најдобрите инвестиции во Македонија. Скопје е предодредено да биде регионален центар (hub), a полека ќе расте бројот на патниците на сметка на Белград и другите регионални центри.

Инаку го чекав Illuminous да се налепи да видиме според коментарот колку маката го мачи деновиве. И немаше утка. Си поплука типот како по обичај.
 
Кој поплука бе Мисирков, кажав само да не се налепат сите да читаат убаво што е категоризирањето.

А вработените се уште се неписмена и дигната багра, факт, освен од контрола на летање што знам дека има некои добри дечки вработени.
 
Патував само два пати во 2012-те преку Александар Велики но и во обата случаи вработените беа мошне љубезни, пријатни и услужливи.

Ова е една од најдобрите инвестиции во Македонија. Скопје е предодредено да биде регионален центар (hub), a полека ќе расте бројот на патниците на сметка на Белград и другите регионални центри.

Инаку го чекав Illuminous да се налепи да видиме според коментарот колку маката го мачи деновиве. И немаше утка. Си поплука типот како по обичај.
Види комплекс и хејтеризам е во мода на форумот:) Да беше само тој што го спомна добро ќе беше работава е што ги има многу многу повеќе. А нешто добро се спомне за Македонија. Реакцијата е како на ѓавол со света вода да го прскаш.​
 
Кој има полаки за полицајците може комотно да ги пријави во внатрешна контрола. И мој совет, ако имате мака некоја гледајте секогаш да си се наместите на камера и таму да си ја бркате работата. Има доста камери и на пасошка контрола и кај царината.

Па после ќе видиме „чија мајка црну вуну преде“ :P
 
Види комплекс и хејтеризам е во мода на форумот:) Да беше само тој што го спомна добро ќе беше работава е што ги има многу многу повеќе. А нешто добро се спомне за Македонија. Реакцијата е како на ѓавол со света вода да го прскаш.​

Аеродромот е супер, чисто, средено, модерно, ама никој не смее да ти се обраќа со Ало или Каде бе и слично.Секаде ти се обраќаат со Excuse me sir/madame, would/do you mind...
 
Грешка си, на најдобрите светски аеродроми ти викаат FUCK OFF само ти толку знаеш :свиркам:
 
Аеродромот е супер, чисто, средено, модерно, ама никој не смее да ти се обраќа со Ало или Каде бе и слично.Секаде ти се обраќаат со Excuse me sir/madame, would/do you mind...
Ова најмногу ми пречи мене, во ред млад сум ама не сум дете повеќе. Неможе да ми се обрати со име и ти. Не барам многу честови како екселенција или господине ама барем со ВИЕ нека ми се обрати. Ретко кој полицаец низ државата тоа го практикува.
 
Патував само два пати во 2012-те преку Александар Велики но и во обата случаи вработените беа мошне љубезни, пријатни и услужливи.

Ова е една од најдобрите инвестиции во Македонија. Скопје е предодредено да биде регионален центар (hub), a полека ќе расте бројот на патниците на сметка на Белград и другите регионални центри.

Инаку го чекав Illuminous да се налепи да видиме според коментарот колку маката го мачи деновиве. И немаше утка. Си поплука типот како по обичај.

Мисирков,толку време си член на фрумов и незнаеш дека типот е женско :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom