Смешно е Балканот да се споредува со останатиот дел од Европа кога до пред еден век бевме под Турска чизма, потоа следеа Балканските војни(1ва и 2ра), па светските војни, промена на системи и.т.н. и.т.н.
Смешно е Балканот еве да речеме конкретно нашава држава да се споредува со некоја земја од внатрешноста или од западот на Европа или пак со САД и.т.н. кога до пред неколку децении 90+% од Македонското население беше тотално неписмено ... после војната(2 с.в.) за првпат овдека е започната помасовна еманципација на населението, индустријализацијата, масовната преселба на населението село-град и.т.н.
Што мислите дека за неколку децении(50ина год.) можеш еден народ да промениш за 360 степени, тоа е невозможно, потребно е уште многу време да се оправат работите(пред се ментално) !
Генерациите што сега доаѓаат на свет можеби ќе бидат прави Европјани, а сето останато(што денес мрда) е загадено со Балкански синдром ... и старо и младо и машко и женско ... некој помалку, некој повеќе ... економијата ни е лоша поради општо крајната неорганизираност во нитуедно поле, национализмите кои сеуште се живи на Балканот се поради сеуште ниското културно-цивилизациско ниво на Балканците ... и ред други работи ... секој што бил во странска земја(зборам за нормалните земји) или пак секој што остварил контакт со странец ја осетил разликата ... се е до главата, ако се има памет ќе се има се, ќе се има организираност а со самото тоа и подобра економија и изчезнување на национализмите и воопшто омразата помеѓу луѓето ... мада такво нешто овдека нема шанси да се случи ниту во поблиска ниту во подалечна иднина !